Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најлоша суша во југозападниот дел на Северна Америка во последните 1.200 години

0
By Ivana on February 15, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 15, 2022 10:08
Големата суша, што во последните 20 години го опустошува југозападниот дел на Северна Америка, е најлошата во последните 1.200 години. Во истражување објавенено вчера, се истакнува дека појавата што ја влошуваат климатските промени веројатно ќе продолжи и во 2022 година.
На западот од САД и на северниот дел од Мексико, од 2000 година владее екстремната суша, што трае над 20 години, па може да се нарече и „мега суша“.
– По екстремно тешките суши во 2021 година, што во околу 19 отсто им се припишува на климатските промени предизвикани од човечки фактор, периодот од 2000 до 2021 година е најсушниот во последните најмалку 800 години, информираат научници во списанието „Nature Climate Change“.Поради високите температури и слабите врнежи, од летото 2020, до истиот период 2021 година, мега сушата е полоша од таа што владееше кон крајот на 1500-те, а била најлоша во последните 1.200 години, се додава во соопштението на универзитетот УЦЛА во Лос Анџелес.

Од 2000 година, недостатокот од влага во земјата е двојно поголем, отколку за која било суша во 20-ти век.

Покрај ова, таквата суша „најверојатно ќе продолжи и во 2022 година, па по траење ќе се изедначи со мега сушата од крајот на 1500-те“, се оценува во истражувањето.

Дури и да има дождови, последиците на ова подрачје, што се простира јужно од Монтана до северно Мексико, од Тихиот Океан до Карпестите Планини, може да бидат трајни.

– Мала е веројатноста, таа суша да престане по една дождлива година, изјави главниот автор Парк Вилијамс, географ на УЦЛА.

Како што се наведува во студијата, климатските промени поврзани со човечки фактор, поради што топлинските удари се сè почести и нарушен е режимот на врнежи, се одговорни за 42 отсто недостатоци на влага во земјата во период од 2000 до 2021 на тоа подрачје, како и 19 проценти во 2021 година.

Ваква хронична суша на западот во САД, ја натера федералната влада во август 2021 година, за првпат во историјата, да започне со штедење вода од езерото Мид, најголемиот резервоар во земјата, изграден на реката Колорадо.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.