Author: Ivana

На социјалните мрежи и на приватни електронски адреси се појавуваат информации за достава на поштенски пратки и износ кој корисникот треба да го плати за да ја подигне својта пратка. Од АД „Пошта на Северна Македонија“ информираат дека не стојат позади ова и станува збор за неовластено преставување во име на Пошта. – Ве известуваме дека во име на АД „Пошта на Северна Македонија“ на социјалните мрежи се појавува дезинформација за достава на поштенски пратки и износ кој корисникот треба да го плати за да ја подигне својта пратка. АД „Пошта на Северна Македонија“ не стои зад овие објави, а…

Read More

Потребни се уште 16 милијарди долари за да им се помогне на земјите со ниски приходи да се справат со пандемијата со Ковид-19, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Според СЗО со средствата треба да се обезбедат вакцини, тестови и лекови според програмата на ОН. Износот може да се искористи и за складирање на 600 милиони дози вакцини, купување 700 милиони тестови и за лекување на 120 милиони пациенти. – Науката ни даде алатки за борба против Ковид-19, ако тие бидат солидарно споделени на глобално ниво, годинава можеме да ставиме крај на Ковид-19 како глобална вонредна состојба, изјави директорот  Аданом Гебрејсус.…

Read More

Најмногу снег има наврнато во Маврови Анови, каде утринава до седум часот се измерени 47 сантиметри, потоа на Попова Шапка 25, Пожаране 23, Крушево 22, Битола 13, Ѓуриште 9, Охрид пет и Берово три сантиметри. Според Управата за хидрометеоролошкиработи, најстудено утрово било во Маврови Анови каде се измерени -12 степени, во Битола -7, Охрид – 6,  во Крива Паланка, Дебар и Попова Шапка се измерени – 5, во Крушево -4, во Тетово, Берово и Претор – 3, во Прилеп и Струмица – 2, во Виница -1. Најтопло било во Гевгелија, каде се измерени пет степени. Во првата половина од ноќта…

Read More

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за надворешна политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за финансирање и буџет, за транспорт, врски и екологија и Комисијата за култура. Предлог-законот за ратификација на Договорот за соработка во туризмот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово е единствена точка на дневен ред на Комисијата за надворешна политика. На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог-законот за Академија за судии и јавни обвинители, во прво читање. Комисијата за финансирање и буџет ќе одржи три седници. Пред членовите на оваа комисија ќе…

Read More

Има ретроградни сили и во земјава и во Бугарија кои сакаат да го попречат процесот на изнаоѓање решение со Софија, но тоа нема да ги спречи започнатите заеднички активности на градење доверба и добрососедство, уверуваат Скопје и Софија. Разговорите на двете страни продолжуваат неделава на експертско ниво за политичкиот пакет прашања во обид за надминување на разликите. За Северна Македонија нема отстапување од европската агенда. Премиерот Димитар Ковачевски вчера во интервју за Алсат истакна дека по формирањето на двете влади, во Северна Македонија и во Бугарија, и по посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје, било договорено да се…

Read More

Осумдесет илјади граѓани ќе добијат најмалку 18.000 денари минимална плата во мартовската исплата. Владата вчера ги усвои измените и дополнувањата на Законот за минимална плата во согласност со одлуките од Економско-социјалниот совет.Со овие измени, најмалиот износ на минималната плата почнувајќи од мартовската плата не може да биде помала од 18.000 денари. Во законска рамка се ставени и донесените измени за редовно годишно усогласување на минималната плата со 50 проценти од годишниот раст на просечната плата и 50 отсто од растот на трошоците за живот, како и критериумот според кој висината на минималната плата нема да може биде пониска од 57…

Read More

Уставниот суд денеска ќе ја одржи четвртата седница за 2022 година на која на дневен ред се пет иницијативи и еден предлог за одлучување. Пред уставните судии ќе се најде иницијатива поднесена од политичката партија ВМРО–ДПМНЕ и м-р Стојанче Геровски – адвокат од Скопје, а се однесува на член 30 став 2 точка 9 од Законот за енергетика и член 119 став 1 точка 9 од Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија.  Според наводите во иницијативата, оспорениот член 30 став 2 точка 9 од Законот за енергетика со којшто подетално се утврдувале општите услови и начинот на снабдување, како…

Read More

Се уште сме во фаза на широка трансмисија на вирусот и рано е за укинување на ковид-сертификатите, смета Комисијата за заразни болести. Предлага продолжување на сертификатот по прележана болест од сегашните 45 на 180 дена. Вакцинацијата останува најдобра заштита од КОВИД-19, особено од хоспитализација и смрт. Засега не се размислува за задолжителна вакцинација, туку како таа да се поттикне. Според анализата на Институтот за јавно здравје на сите случаи на хоспитализации и смрт од КОВИД-19 во периодот од 1 до 31 јануари 2022 година, само шест лица кои примиле трета доза завршиле со смртен исход. Сите смртни случаи кои биле…

Read More

Светската здравствена организација изрази жалење бидејќи половина милион луѓе во светот починале откако е откриен сојот омикрон на коронавирус, иако постојат вакцини, нарекувајќи го бројот „повеќе од трагичен“. – Иако целиот свет се изјасни дека омикронот е побенигнен, половина милион луѓе починаа откако е откриен, изјави претставникот на СЗО, Абди Махамуд. Тој истакна дека „во ерата на ефективни вакцини, половина милион починати е повеќе од трагично“. Според него, во светот се регистрирани 130 милиони заразени случаи и 500.000 починати откако СЗО го нарече омикрон „загрижувачка“ варијанта кон крајот на ноември. – Бројот на случаи на омикрон е „неверојатен“, а реалниот…

Read More

Новата влада на Црна Гора мора да има 7-8 јасни задачи, меѓу кои најважни се деблокирањето на европскиот пат и подготовките за новата туристичка сезона, вели потпретседателот на црногорската влада Дритан Абазовиќ во интервју за Дојче веле. – Црногорското општество се уште е поларизирано, оцени Абазовиќ, вицепремиер во техничкиот мандат и веројатно иден мандатар за новата влада. Според неговата желба, Црна Гора треба да биде целосно подготвена за пристапување во Европската унија до 2025 година. Абазовиќ оценува дека во 14-те месеци од владата на Здравко Кривокапиќ се иницирани многу позитивни работи како борбата против организираниот криминал и корупцијата и дека…

Read More

Искуствата покажуваат дека и покрај прележаноста, коронавирусот може да остави сериозни последици врз здравјето на луѓето. Замор, немање физичка сила, често гадење, главоболка, опаѓање на косата се само дел од симптомите со кои најчесто се соочуваат оние што прележале ковид-19. Чести се и случаите на покачени параметри на шеќерот во крвта, кои се стабилизираат дури по еден или два месеца. Од таа причина, лекарата фела веќе подолг период апелира за дополнително отворање на пост-ковид амбуланти се со цел пациентите да не мораат да одат од врата на врата кај неколку специјалисти во различни клиники за да добијат третман за здравствените…

Read More

 Франција ќе ја укине обврската за тестирање на коронавирус за вакцинирани патници од земји надвор од Европската унија, изјави денеска францускиот државен секретар за европски прашања Клеман Бон. – Во наредните денови ќе објавиме укинување на тестовите за вакцинирани лица, истакна Бон за Франс 2. Сите патници кои влегуваат на француска територија од земји што не се членки на ЕУ, вклучително и Велика Британија, во моментов треба да имаат негативен ПЦР или антиген тест на коронавирус не постар од 48 часа, се наведува на веб-страницата на француското Министерство за надворешни работи. – Несомнено, оваа недела ќе биде усвоена нова европска…

Read More