Author: Ivana
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се задржа на истите позиции кои се и претходно јавно познати, информира партијата во соопштение за средбата на партискиот лидер Мицкоски со бугарскиот премиер Кирил Петков која се одржа во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. На средбата се разговарало за актуелните состојби поврзани со односите на двете земји. -Она што беше посочено е потребата за градење доверба, отворени односи и поврзување на теми и области каде е можна меѓусебна соработка и заеднички бенефит за граѓаните од двете држави. Беше посочена потребата за соработка на темите кои ќе обезбедат иднина, инвестиции во образованието, науката, Коридорот 8 и други…
Нови 2269 Ковид-случаи од направени 7038 тестови се регистрирани во изминатите 24 часа. Од вкупниот број позитивни, 310 се реинфекции, соопшти вечерва Министерството за здравство. Оздравени се 1420 пациенти, а починати во изминатото деноноќие се 13 лица и дополнително 11 преку Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“, со датум на смрт од 3 до 16 јануари 2022. Од новите дијагностицирани, во Скопје се 1169, Битола – 183, Прилеп – 165, Куманово – 88, Кавадарци – 56, Гевгелија – 48, Охрид – 44, Тетово – 43, Струмица – 35, Кочани – 34, Гостивар, Велес и Кичево имаат…
Нема лошо да ѝ стане на државата ако ние го прифатиме бугарското малцинство како уставна категорија, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети на прес-конференција по средбата со бугарскиот премиер Кирил Петков попладнево во Собранието. Ахмети рече дека на средбата се интересирал за тоа кои се пречките за позитивен епилог во спорот односно решение за почнување пристапни преговори за ЕУ и од делегацијата на соседната земја слушнал, рече, дека за нив значајно е во нашиот Устав да биде наведено бугарското малцинство што живее во Република Северна Македонија. -Зборував многу отворено за ова со Петков. Ние сме целосно ангажирани да се почитува…
Самиот факт дека пандемијата на Ковид-19 еден ден ќе биде ендемична не значи дека вирусот повеќе нема да биде опасен, предупреди директорот за управување со кризи на СЗО. „Луѓето се противат на пандемијата, но ендемичната маларија убива стотици илјади луѓе, ХИВ е ендемичен, насилството е ендемично во нашите градови“, рече Мајкл Рајан на виртуелниот панел на Светскиот економски форум. „Ендемично само по себе не значи дека е добро, ендемично само значи дека е тука засекогаш“, посочи тој. Појавата на омикрон, кој е многу позаразен од другите соеви на Ковид-19, но предизвикува многу поблаги симптоми кај вакцинираните луѓе, предизвика дебата за…
Владата на Република Северна Македонија на денешната трета седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе Одлука за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во основните училишта во услови на вонредни околности. Со оваа одлука бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во основните училишта во услови на вонредни околности се утврдува на 172 наставни денови, што значи дека зимскиот распуст на учениците ќе трае до 1 февруари 2022 година, а учебната година ќе заврши на 10 јуни 2022 година. Одлука со истата содржина е донесена и за средните училишта, што значи дека и…
Масовниот убиец Андерс Беринг Брејвик упати нацистички поздрав кога влезе во судот на сослушување за условна казна, каде се одлучува дали тој ќе биде ослободен откако помина повеќе од една деценија во затвор. Брејвик, екстремно десничарски екстремист, уби 77 луѓе во најголемото мирновременско злосторство во Норвешка во јули 2011 година. Тој уби осум лица со автомобил во Осло, а потоа 69, главно тинејџери, во камп за млади од Лабуристичката партија на островот Утоја. Со избричена глава и облечен во темен костум, Брејвик со прстите го направи знакот на белите супремисти пред да ја крене десната рака во нацистички поздрав за…
Додека земјата минува низ уште еден бран на инфекции со КОВИД-19, сè почесто предизвикан од сојот омикрон, најдобриот интерес на детето мора да има централно место при секое одлучување дали училиштата да останат отворени. Одлуката на Владата за одложување на почетокот на учебната година по зимскиот распуст треба да биде привремена мерка и да се вложат сите напори децата да се вратат во училниците, соопшти Канцеларијата на УНИЦЕФ во нашата земја. Пртетставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани смета дека превентивните мерки во училиштата се ефикасни и дека физичкото присуство на настава во училиште се чини не е главниот двигател на ширење на…
Турција ќе испрати контингент од 3.250 полицајци и припадници на силите за безбедност во Катар, на Светското фудбалско првенство, најави денеска турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Соулу, додавајќи оти официјална Анкара го обучила катарскиот персонал за ноемврискиот Мундијал. Соулу рече дека за време на Мундијалот во Катар ќе бидат распоредени 3.000 полицајци за спречување на евентуални инциденти, а турскиот контингент, меѓу другото, ќе вклучува специјална единица со кучиња за откривање бомби и други експлозивни направи. – Вкупно 3.250 наши луѓе привремено ќе бидат ангажирани во Катар во ноември и декември, за време на 45-ет дневното Светско фудбалско првенство, на…
Претставниците на Заедницата на единици на локална самоуправа (ЗЕЛС) денеска на средба со дел од владиниот економски тим ги изнесоа предизвиците од економската и енергетската криза и побараа поддршка за нивно полесно надминување. Делегацијата на ЗЕЛС ја предводеа претседателката и градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, како и потпретседателите, градоначалникот на Валандово Перо Костадинов и градоначалникот на Чаир Висар Ганиу. Вицепремиерот Фатмир Битиќи, пак, беше придружуван од министрите за финансии, економија и локална самоуправа, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши и Горан Милевски. -Вицепремиерот Битиќи и претставниците на Владата посочија дека за секое прашање, кое е важно за граѓаните се води отворен дијалог…
Епидемиолошката состојба во земјите од Западен Балкан е влошена, а посебно е тешко во Словенија, Србија и Хрватска, каде денеска се евидентирани рекорден број на новозаразени. Србија денеска евидентираше рекорден број на новозаразени со коронавирус – 18.006 случаи од 39.740 тестирани примероци, соопшти Министерството за здравство, откако претходно денеска премиерката Ана Брнабиќ најави дека бројот ќе биде „катастрофална“. Од речиси 40.000 тестирани, 45,3 отсто биле позитивни, што значи дека речиси секој втор тестиран бил заразен со корона. Во изминатото дононоќие од последици на Ковид-19 починаа 26 лица. Во Србија на почетокот на годината дневно имаше нешто повеќе од 2.000 заразени,…
Европската агенција за лекови на редовната прес-конференција денеска порача дека четврта доза вакцина за сега не се препорачува за здравото население, јави дописничката на МИА од Брисел. Докторот Марко Кавалери од Европската агенција за лекови (ЕМА) објасни дека бројни бустер дози на вакцината против Ковид-19 на краток рок не се одржливи за населението на долг рок, не само поради заморот што ќе го почувствуваат луѓето, туку и поради последиците врз имунолошкиот систем. -Повторување на бустери на краток рок може да ги намали антителата бидејќи на имуниот систем му е потребно време да реагира, рече Кавалери и предупреди дека постојани бустери може да ја направат…
Новиот министер за образование и наука, Јетон Шаќири, денеска на прес-конференција апелираше до учениците, родителите, наставниците за време на продолжениот распуст максимално да се придржуваат до мерките и препораките за заштита од ковид-19. „Со цел да го сочуваме јавното здравје и здравјето на нашите најблиски, повикувам на свесност и одговорност за да го спречиме ширењето на заразата. Апелираме до родителите, наставниците и учениците и за време на продолжениот распуст максимално да се придржуваат до мерките и препораките за заштита од ковид-19, во домашни услови и на отворено”, рече Шаќири. Зимскиот распуст за учениците и средношколците од основното и средното образование…