Author: НОВА ТВ Balaban

Утрово, во градската болница во Охрид, како последица на компликации од корона, почина македонскиот писател Тоде Илиевски, поет, писател за деца и млади, сатиричар, хуморист, преведувач, енигматичар. Роден е на 7 март 1952 година во с. Мраморец, Охридско. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел како просветен работник во повеќе места во Западна Македонија. Бил директор на Радио Дебар и на библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1994 година. Учествувал во работата на редакциите на „Јужен бран“, „Спизалит“, „Радосна вест“ и „Копнежи“, а бил главен и одговорен уредник на енигматските забавници „Клуч“ и „Ѕуница“. Автор е на поетските збирки: „Ведро…

Read More

Разговорите за минатото се важни, но важни се и разговорите за иднината, потенцира известувачот на Европскиот парламент за земјава, европратеникот Илхан Ќучук, на денешната панел дискусија во рамките на конференцијата БГМК2030 „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво“, потенцирајќи ја важноста на меѓусебната соработка, изрази верување дека новите влади на Северна Македонија и Бугарија ќе продолжат по патот на отвореноста заради целосно надминување на сите недоразбирања. – Нема поважен фактор од довербата, нема универзален договор, нема договор, кој е еднакво добар, нема договор кој ги задоволува и двете страни, но секој договор дава правна рамка за да се…

Read More

Поттикнување зелена транзиција со цел зголемување на уделот на енергија добиена од обновливи извори, зајакнување на човечкиот капитал, како и подобрување на конкурентноста на домашните  претпријатија и нивна интеграција во глобалните вредносни синџири, како и формализација на економијата, се клучните столбови на коишто се темели Програмата на економски реформи за следниот тригодишен период. Програмата на економски реформи (ПЕР 2022 – 2024), во којашто се идентификувани клучните предизвици за зајакнување на конкурентноста  и растот на економијата е усвоена на седница на Влада, а министерот за финансии, Фатмир Бесими официјално треба да ја достави до Европската комисија најдоцна до 31 јануари. Во Програмата посебен фокус е ставен на реформите во животната средина…

Read More

Актуелниот шампион во македонската женска фудбалска лига Каменица Саса ги засили своите редови пред пролетниот дел од сезоната со Американката Пејтон Чик. Шампионот од Македонска Каменица објави дека Чик успешно ги минала медицинските прегледи и со неа е потпишан едногодишен договор. Чик е прва американска фудбалерка, која ќе настапува во македонскиот женски клупски фудбал, а минатата година играше за израелскиот второлигаш Хапоел Рајана. – Со доаѓањето на Пејтон добиваме повеќе на квалитет по крилните позиции. Со своето искуство очекуваме пролетниот дел да ни помогне да бидеме уште посилни и резултатски поуспешни, соопшти Каменица Саса.

Read More

Денешниот собир само потврдува дека со бугарскиот премиер Кирил Петков го одбравме вистинскиот пристап и начин кога кажавме дека ќе дадеме политичка иницијатива, но дека сепак организациите коишто се дел од секторите за коишто ние разговаравме се тие коишто треба да ја водат дебатата и коишто треба да направат мостови помеѓу деловната заедница, образовните институции, студентите, граѓаните воопшто, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на конференцијата БГМК2030 „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво“. – Ми претставува задоволство да се обратам на оваа конференција. Тоа задоволство се должи на концептот на конференцијата, дефиниран во нејзиниот назив БГМ…

Read More

Регулаторната комисија за енергетика побара од Скопје Север при изработка на фактурите за месец јануари да не се земат во предвид деновите кога немало испорака на топлинска енергија –  изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ. Тој нагласува дека снабдувачот не смее да наплати ни еден киловат час што не го испорачал! Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска информира дека согласно Правилникот за утврдување на квалитетот на испорачаната топлинска енергија, потрошувачите кај кои е констатирано со решение од страна на комисијата за проверка на квалитет на испорачаната топлинска енергија дека имаат неквалитетна испорака на топлинска енергија, треба да добијат…

Read More

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ оцени дека Владата на премиерот Андреј Пленковиќ е најкорумпираната хрватска влада досега, објаснувајќи дека критиките се однесуваат „поради небрежност, незнаење и неспособност на нејзините членови“. – Пленковиќ штити, кондензира и става во сенка и заштита, категорично луѓе кои се едноставно корумпирани. Не можам тоа да го наречам поинаку, изјави Милановиќ во интервју за „РТЛ Данас“. Како што се наведува, хрватскиот претседател во таа прилика како пример го навел шефот на кабинетот на премиерот Звонимир Фрко Петешиќ, кој „свесно, лажно го пријавил своето живеалиште“. – Со целосна свест за незаконитост и забрана и казнување на она што…

Read More

Владата предводена од СДСМ преку ефикасни мерки и политики обезбедува намалување на стапката на невработеност и повисок животен стандард за граѓаните и во време на криза. Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување како еден од најуспешните владини проекти, испорачува видливи резултати, соопштија денеска од СДСМ.  Во 2021 со Оперативниот план се опфатија 11.292 невработени лица. 4.000 лица лани се вработиле само со мерките за самовработување и поддршка за креирање нови работни места, додека 3.787 млади лица до 23 години вработени во производство и земјоделство добија младински додаток на платите.   Веќе четврта година по ред се спроведува и…

Read More

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 330 мерки, меѓу кои за недавање предност на пешаци 140 санкции, возење повеќе од дозволената брзина 41 санкција, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за технички неисправни возила. Изречени се четири мерки за возач почетник, седум санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал црвено светло, 26 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните…

Read More

Поради свлечиште и голем одрон на патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 километри пред Миладиновци, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со повремен слаб снег, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. На повеќе места ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 8 степени. Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со повремен слаб снег, во текот на денот…

Read More

29 фирми – членки на Стопанската комора на Северна Македонија,преку Коморскиот инвестициски форум, во кој ко-претседатвач е претседателот Бранко Азески, ќе добијат грант од околу 3,4 милиони евра со што ќе го продолжат дуалниот модел на образование со 7 стручни училишта и 1 факултет, зафинансирањенаинвестициивоопремаиинфраструктуразавоведувањенадуалнотообразованиеиреализацијанапрактичнатаобука, со цел поголема вработливост на младите и обезбедување обучени,  квалификуван кадар подготвен за работните процеси. Комората е свесна дека на ваков начин компаниите создаваат потенцијал за вработување квалификуван кадар, обучен за технологијата, машините и опремата што ги поседуваат и кој знае да ракува со нив. Тоа им овозможува да ги планираат идните инвестиции знаејќи дека…

Read More

Власта уверува дека со Бугарија не се преговара за идентитетот и јазикот, посочувајќи дека во разговорите се разменуваат само работни документи и дека кога ќе биде утврдена конечната рамка за решение, таа ќе биде објавена, додека опозицијата бара да и биде доставен нон-пејперот што во декември бил испратен во Софија, со оценка дека и се ускратува правото да даде сугестии. Премиерот Ковачевски синоќа во интервју за националниот радиодифузен сервис посочи дека за јазикот и идентитетот ниту се разговара, ниту преговара, ниту ќе се преговара во иднина. – Во овој момент постојат само работни документи кои се разменуваат со Република Бугарија, а…

Read More