Author: НОВА ТВ Balaban
На 19.01.2022 во 11.00 часот било пријавено дека на подрачјето на Волково бил пронајден починат Ж.С.(40) од Скопје, за кој на 09.12.2021 било пријавено дека се оддалечил од домот. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Ханделсблат пишува дека, како што сега стојат работите, доколку Ѓоковиќ остане невакциниран, нема да може да учествува на вториот голем турнир годинава. Некои од главните спонзори на Новак Ѓоковиќ веќе се оградија од српскиот тенисер, додека други со нетрпение чекаат тој да ги објасни последните случувања околу Австралија Опен, пишува германскиот весник Ханделсблат. Како што пренесува Бета, весникот пишува дека Ѓоковиќ, според Форбс, во 2021 година заработил 38 милиони долари, а парите од турнирите, иако минатата година беше многу успешна за српскиот тенисер, изнесувале само една петтина од вкупната сума. Станува збор за околу осум милиони долари од играње, наспроти 30 милиони долари од…
Во Германија денеска ќе се објави извештај што може да отвори потенцијален скандал за сексуално насилство врз деца во католичката црква, а меѓу оние кои можат да се најдат во центарот на вниманието е поранешниот папа Бенедикт XVI, јавија претходно француските медиуми. Ватикан денеска повтори дека чувствува „срам и каење“ за сексуалната злоупотреба на малолетници од страна на свештеници, по објавувањето на независен извештај во кој се доведуваат во прашање постапките на почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти. „Изразувајќи го уште еднаш чувството на срам и каење за насилството врз малолетниците извршено од свештениците, Светата столица ја изразува својата блискост со жртвите и ја потврдува насоката…
Репрезентацијата на Хрватска попладнево во Будимпешта доживеа катастрофален пораз од ракометарите на Црна Гора (32:26) во првиот натпревар од втората фаза на Европското првенство во ракомет кое се игра во Унгарија и во Словачка. Со овој пораз, Хрватска ги намали шансите за пласман во наредната фаза од првенството. Here’s Nebojsa Simic, up to his usual tricks, as the main round begins@rukometnisavez 🇲🇪 #ehfeuro2022 #watchgamesseemore pic.twitter.com/UizBLjxVy0 — EHF EURO (@EHFEURO) January 20, 2022
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, денес оствари средба со градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски. На состанокот се разговараше за фудбалската инфраструктура во општина Аеродром и можноста за соработка на двете институции во изградба на капитален проект, односно изградба на нов репрезентативен стадион во рамки на „Куќа на фудбалот“ во општина Аеродром. – Нѐ радува искрената желба и отвореноста за помош и поддршка од општина Аеродром и градоначалникот Муцунски за започнување на еден ваков голем проект. Ова беше првичен состанок, но сигурен сум дека соработката со општината ќе биде одлична. Верувам дека заеднички ќе создадеме услови да…
Од овие 60 возила, кај 42 е утврден неисправен уред за запирање, кај пет неисправен уред за управување… Возилата се исклучени од сообраќај и ќе следуваат соодветни поднесоци“, рече Ангеловски Денеска (20.01.2022) во периодот од 08.00 до 12.00 часот Министерството за внатрешни работи во рамки на оперативната акција „Дозвола“ спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија на возила со кои се врши јавен превоз на патници, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски. „Контролирани се 576 автобуси и други возила со кои се врши јавен превоз, а неисправност е утврдена кај 60 возила. Од нив 21 на територија на СВР Тетово, 11 на…
Министерот за здравство, д-р Беким Сали, денеска присуствуваше на работна средба, заедно со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков, премиер на Република Бугарија на која беше промовиран проектот за помош во развојот на „Електронски дневник за лица со дијабетес“ . На состанокот се разговараше за важноста на реализација на проектите за подобрување на состојбата и во областа на здравството.
Утре на Водици централното одбележување е во тетовска соборната црква „Свети Кирил и Методиј“, каде осветениот крст ќе се спушти во црковниот базен по 9.30 часот. Водици ќе се одбележува и во другите цркви во тетовските села. Во тетовската црква „Пресвета Богородица“ се одбележа празникот Водокрст, ден пред Богојавление Водици. По светата литургија, во црковниот базен во дворот од црквата се изврши Водосвет и спуштање на Светиот крст. По крстот скокнаа тројца верници, Нинослав Дамјановски, Дејан Савевски и Горан Анѓеловски. Најуспешен и најсреќен беше најмладиот од нив, 24 – годишниот Нинослав Дамјановски. – Ова е четврти пат да скокам по…
НУ Драмски театар Скопје на 13.2.2022 година ќе учествува на Меѓународниот фестивал РУТА Група Триглав, кој ќе се одржи во Љубљана, Република Словенија со претставата „Мојот маж“ во режија на Нела Витошевиќ. НУ Драмски театар Скопје од 20.1.2022 година ја започнува новата сезона на претстави за оваа година. Претставите предвидени за месец јануари 2022 година ќе започнат на 20.1.2022 година со претставата „Диши“ од Дилан Мекмилан, во режија на Димче Николовски, информираа денеска од Драмски театар. До крај на месец јануари предвидено е да се одиграат осум претстави: новата претстава „Чудна случка со кучето во ноќта“ од Сајмон Стивенс, во…
На 17.01.2022 во 22.50 часот од полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, биле откриени две лица, Т.Х.(23) и Т.Х.(20), двајцата од Скопје, кои при гранична контрола на излез од државата приложиле фалсификувани ПЦР тестови, за кои во службен разговор признале дека ги направиле сами. Од страна на полициски службеници ПЦР тестовите биле одземени, а на пријавените не им бил дозволен излез од државата. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени кривични пријави согласно член 378 и член 206 од Кривичниот законик.
Германската министерка за Европа, Ана Лирман, која по вчерашната посета на Скопје, денеска престојува во Тирана, на прес-конференција рече дека Германија е посветена на започнување преговори на Албанија и Северна Македонија со Европската Унија. На прашањето дали треба одделување на Албанија од Северна Македонија на овој пат, не даде директен одговор, туку рече дека добиле позитивни сигнали од Бугарија, која стави вето на Северна Македонија и го кочи овој процес. -За нас е од суштинско значење да се оди по овој пат на почетокот на преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија. Од преземањето на функцијата во моите разговори…
Ја пренесуваме во живо прес-конференцијата на македонскиот и на бугарскиот премиер, Димитар Ковачевски и Кирил Петков, во Владата на РС Македонија.