Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Упатувам апел до граѓаните уште сега да ги проверат своите патни исправи, ако имаат потреба да ги менуваат, тоа да го сторат сега, за да се избегнат летните гужви, напиша на својот Фејсбук профил министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој додаде: „2021 во бројки: Изработени лични карти – 321.216 Изработени пасоши – 346.773 За периодот 01.01.2021-31.12.2021 имаме зголемен број на барања за пасош, односно досегашниот просек по месец изнесува 18.000-24.000 барања. МВР во континуитет изработуваше лични документи во периодот 05.07.2021 до 31.12.2021: Пасоши – 203.442 Лични карти – 167.558 Бројките покажуваат дека капацитетите се користени до максимум, со двосменско…
„Посетата се случува на самата 30-годишнина од првото признавање на независноста на нашата држава, кое дојде токму од Република Бугарија, но ова е и прва посета на премиерот Петков на регионот на Западен Балкан воопшто, што испраќа многу важна и вредна порака за нашите односи, но не помалку важно и за нашиот динамичен и верувам поинаков пристап во надминување на предизвиците со кои се соочуваме“, изјави министерот Османи Во рамките на денешната официјална посета на висока владина делегација од Република Бугарија, предводена од премиерот Кирил Петков, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари одделна средба со министерката за надворешни работи…
Во издание на Канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер од СР Германија во Скопје и Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола излезе од печат универзитетскиот учебник со наслов „Основи на безбедност – Концепциски безбедносни пристапи” во авторство на проф. д-р Марјан Ѓуровски од Факултетот за Безбедност-Скопје, соопштија од Универзитетот „Св.Климент Охридски„. Публикацијата претставува сложен научен труд кој се темели на широко разработена теориска рамка на истражување на безбедносните концепти поткрепена со систематско собирање на факти и последователна нивна анализа кои се употребени во презентацијата и развојот на безбедносните концепти. Во универзитетскиот учебник се нагласува дека безбедноста е комплексен феномен и, во…
Како ова лето што имаше напади на болницата, мислам дека никогаш немало… Ни ја скршија и влезната врата. Летово имаше и многу напади врз болницата и од лица во алкохолизирана и состојба под дејство на наркотици. Сме имале и присуство на полиција во болницата и произлегува дека ни тоа нема влијание, за жал. Напад врз лекар треба да се третира како напад врз службено лице – додава д-р Балевски. Докторката во инфективното одделение, којашто вчера беше нападната од пациент кој ја фатил за вратот и почнал да ја дави, е дома и, освен психичката траума што ја преживеала, засега е…
Од увидот во медицинската документација, пациентката немала хронични заболувања, освен дебелина, а немала примено вакцина против ковид-19. Пациентка на 33 годишна возраст, која синоќа била хоспитализирана со потешкотии во дишењето, починала утринава на Инфективниот оддел во Клиничката болница во Битола. Директорката на оваа установа, д-р Биљана Гагачовска, за НОВА ТВ изјави дека пациентката била примена како сомнителна на ковид-19, но немала тест дали е инфицирана со вирусот. – Не можеме да кажеме дали била заболена од коронавирусот, бидејќи за тоа нема никаков податок. Кај нас доцна синоќа оваа пациентка била хоспитализирана како сомнителна, но непотврдена за инфекција со ковид-19, бидејќи,…
Функцијата министер за здравство му ја предадов на д-р Беким Сали. Му посакувам успех и среќа во извршувањето на функцијата. Верувам дека ќе одговори на предизвиците кои ги наметна ковид пандемијата, но и на останатите сегменти од здравството. Верувам дека и во негов фокус ќе бидат грижата за пациентите, здравствените работници и транспарентноста кон медиумите, објави Венко Филипче на својот Фејсбук профил.
Денеска ги предадов функцијата и кабинетот на новиот претседател на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски. Нему и на министрите им посакувам успех во работата и исполнување на програмата и приоритетите на новата Влада за наредниот период, работејќи исклучиво за интересите на граѓаните и на државата, објави Зоран Заев на Фејсбук.
Музејот на современата уметност – Скопје стана дел од Меѓународната комисија на музеи и колекции на модерна уметност – CIMAM, во која членуваат директори и куратори од светски познати музеи, колекции и архиви за модерна и современа уметност. „МСУ – Скопје стана дел од фамилијата на CIMAM! Напорната работа, исклучителната посветеност и грижа за колекцијата, излегувањето од нашите граници на меѓународната сцена, богатата програма и „Големото Стакло“, беа препознаени од страна на CIMAM, единствената меѓународна заедница, која ги застапува интересите на професионалците во музеите на модерната и современата уметност и која ги нуди ресурсите и можностите за размена, кои…
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 230 возачи. Од нив, соопштија денеска од МВР, 16 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 118 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 112 надвор од населено место. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Но, и на мал потрес некого да удри малтер, сигурно дека не е пријатно и затоа неколку простории во битолската болница времено ќе бидат надвор од употреба додека не се санираат тие оштетувања. Слични оштетуавња има и во една градинка и таму ќе треба ситни интервенции. Но, за среќа, на овие објекти не се забележани оштетувања на столбови, туку пукнатини на некои од ѕидовите, паднат малтер и друго. Сега-засега нема конструктивни оштетувања и безбедноста на објектите не е доведена во прашање, но истите може да бидат затворени од други причини – додава Шешов. Над 450 барања за проценка на штетите…
(Обраќање на комеморацијата во чест на Горјан Тозија-Медо) Кога ми се јавија рано утрото Мелита и Деки, ми беше јасно што имаат да ми соопштат. Почина Медо. Од тој момент досега и понатаму не престануваат флешови во меморијата која ме врати дури во средината на 70-тите кога бев мало дете. Тогаш мојот Мето и неговиот Драги беа пријатели и јас, како некој со неполни 10 години, бев секогаш привезок во друштвата и гурманските ритуали на Драги и Мето. Тогаш знаев дека има некој Горјан кој е син на Драги, некој кој, со оглед на возраста, разбирливо, не беше во придружба…
Серија земјотреси во Грција, во пограничното подрачје помеѓу Битола и Лерин, со епицентри 120 километри јужно од Скопје, регистрираше денеска Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. – Според досегашните податоци, од населението во градот Битола и околината најсилно беше почувствуван земјотресот во 10.46 часот, со локална Рихтерова магнитуда 3.0 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, информира Опсерваторијата.