Денеска ги предадов функцијата и кабинетот на новиот претседател на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски. Нему и на министрите им посакувам успех во работата и исполнување на програмата и приоритетите на новата Влада за наредниот период, работејќи исклучиво за интересите на граѓаните и на државата, објави Зоран Заев на Фејсбук.