Author: НОВА ТВ Balaban

Во организација на Одборот за традиционална прослава на Бадник во Скопје денеска по 30-ти пат на платото пред соборниот храм „Свети Климент Охридски“ се одржува манифестацијата Бадник 2022 со почитување на сите протоколи и мерки за заштита на здравјето на граѓаните и на бадникарите. Според најавите од организаторите, како и минатата година делењето бадникови гранчиња ќе се одвива на двата влеза во дворот на Храмот од страната на булеварите „Партизански одреди“ и  „Св. Климент Охридски“. – Веднаш по осветувањето на гранчињата, подигањето на Бадникарското знаме и исполнувањето на нашата химна нешто по 10 часот кумовите Драган Спасов – Дац и…

Read More

Нека е честит и за многу години Бадник, предвесникот на Христовото раѓање, објави денеска премиерот во оставка, Зоран Заев, на Фејсбук. „Денешниот ден, кој традиционално го прославуваме со семејствата, нека помине во љубов, радост, благосостојба и толеранција. Семејните вредности, топлината и почитта, нека се шират и пренесуваат меѓу сите граѓани. Да помислиме и да помогнеме на сите луѓе, и на оние кои во изминатиот период изгубија некој близок, или се соочуваат со други тешкотии. Да ги отвориме срцата за добрини, разбирање и слога. Во мир, спокој, заедништво и надеж, да ја дочекаме веста за раѓањето на Исус Христос. Честит и…

Read More

Повеќе од илјада луѓе се повредени во демонстрациите во Казахстан во изминатите неколку дена, пренесуваат странските агенции, повикувајќи се на податоци на казахстанското Министерство за здравство. Како што е наведено, речиси 400 од ранетите се хоспитализирани, а на одделението за интензивна нега има 62 лица.

Read More

„Војската пристигна на плоштадот и почна да ги чисти немирите. Во тек е интензивно пукање“, наведува ТАСС. Во судирите има жртви, а казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев воведе двонеделна вонредна состојба низ целата земја и ја распушти владата. Руските Воздухопловно-космички сили и транспортната авијација испратија припадници на Воздухопловните сили во Казахстан, како дел од мировните сили на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ), соопшти денеска Секретаријатот на таа организација. „Руските воени единици на Воздухопловните сили се приклучија на колективните мировни сили на ОДКБ“, се вели во соопштението на Секретаријатот, пренесува руската агенција ТАСС. Членки на ОДКБ се Русија, Ерменија, Белорусија,…

Read More

Во текот на вчерашниот ден (05.01.2022) во периодот од 12.00 до 16.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 101 возач. Од нив, 27 на територијата на СВР Охрид, 16 на територија на СВР Тетово, по 11 возачи непрописно престигнувале на територијата на СВР Битола и СВР Велес… Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Read More

На тенисерот не му е дозволен влез во земјата, бидејќи, според австралиската гранична служба, направил грешка при аплицирањето за виза и таа не ги исполнува условите за влез во државата. Тој во моментов се наоѓа во хотелот „Парк“, кој е дом на баратели на азил во земјата. Дали српскиот тенисер  Новак Ѓоковиќ ќе може да влезе во Австралија и да учествува на првиот Грен слем оваа сезона ќе се знае в понеделник, кога судот во Викторија ќе ја донесе конечната одлука и тоа во 10 часот по локално време, а околу полноќ по средноевропско. Министерката за внатрешни работи, Керен Ендрјуз…

Read More

Затоа, секој Божик нè потсетува дека не сме сами и оставени и нè повикува со мислите да се пренесеме во Витлеем за да Му се поклониме на Богомладенецот, за да Му се приближиме на Бога за и Тој да ни биде близок и преку верата да се насели во нашите срца. Само доколку сме богољубиви и човекољубиви и доколку живееме по евангелските начела – секој ден ќе ни наликува на Божик и само така ќе имаме мир во себе и добра волја кон сите луѓе, порачува  архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан  Православните верници утре (7 јануари) ќе го прослават…

Read More

Запрашан за историјата што останува проблем меѓу двете земји, дури и ако сите други работни групи постигнат одреден напредок, Петков рече дека верува оти луѓето би биле многу понаклонети да бидат поотворени кога ќе се соочат со сите позитивни страни на добрососедството, а такви ги има многу. Досега, вели, не се зборуваше за нив, туку само за проблемите, а кога станува збор за проблемите, сите се држат до своите позиции и нема напредок. Новиот бугарски премиер Кирил Петков првата посета на Северна Македонија ја најави за 18 јануари. Од Скопје уверување за подготвеност за конструктивен дијалог за надминување на разликите.…

Read More

Историјата на „василопитата“ е еден настан, кој се случи во IV век во градот Кесарија Кападокиска, во Мала Азија. Во тоа време, Свети Василиј Велики беше епископ на Кесарија и живееше во единство со неговите сограѓани, со љубов, разбирање и помагање еден на друг. Еден ден, кога Јулијан Отстапникот, нечесен цар и гонител на Христијаните, сакаше да оди за Персија и да војува со Сасанидите, тој помина близу Кесарија. Тогаш Св. Василиј, кој добро го познаваше, бидејќи беа соученици во Атина, излезе заедно со народот да го пречека и почести. Јулијан побара дарови, очекувајќи злато и скапоцености. Но, светиот немаше…

Read More

За добрата вест се наградува, а за коледарите награда се отворената врата, пречекот, радоста и обичните дарови – плодови од природата: ореви, костени, јаболка, круши, смокви, сливи и ситнурии. Се радуваат на малку и на едноставност, а тоа е добро школо за нас возрасните дека, всушност, толку и ни треба. Доволна е насмевка и радост, срдечност и љубов. Бадник е денот пред Божик. Празник пред празникот. Најава на празникот. Очекување на Христовото раѓање. Првите весници на празникот се децата коледари. А весник или гласник значи ангел. Тие се нашите земни ангели. Тие се известувачите за Божик. Од рано утро нè…

Read More

Претпладне со појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена облачност, која во попладневните и вечерните часови постепено ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени. Во Скопје, претпладне со појава на магла, преку денот претежно облачно со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 9 степени. Од петок следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на…

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 7.188 тестирања, а регистрирани се 1.375 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 852, Битола – 135, Прилеп – 70, Куманово и Кавадарци – по 38, Охрид и Штип – по 25, Струмица – 21, Ресен – 18, Тетово и Гевгелија – по 14, Неготино – 13, Гостивар, Велес и Радовиш – по 10, Валандово – 9, Пробиштип, Демир Хисар и Крушево – по 8, Кичево и Богданци – по 7, Делчево и Крива Паланка – по 6, Кочани –  5, Струга, Виница,…

Read More