Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Околу 60 до 70 отсто од пациентките во изминатата година го избрале абортусот со апчиња наспрема хируршкиот абортус. Според нивните изјави, предност му даваат на овој метод затоа што е побезбеден, се избегнува анестезија и инструментален преглед кај поголем број пациентки, истиот го доживуваат како поинтимен и се изведува во домашна средина, открива во интервјуто за НоваТВ проф. д-р Јадранка Георгиевска, гинеколог-акушер при Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, Медицински факултет – Скопје. Проф. д-р Георгиевска, која е и раководителка на Одделот за Ургентна и интервентна гинекологија на Клиниката, ексклузивно за НоваТВ ги обелоденува резултатите од пилот проектот…
Француското Министерство за надворешни работи во реакција испратена на прашање на дописникот на МИА, потврдува дека официјален Париз останува мобилизиран на изнаоѓање решение за почеток на преговорите на Северна Македонија и Албанија со ЕУ. Официјалната реакција на „Кej д’Орсеј“ се чекаше многу долго, прашањето за содржината на францускиот план за надминување на бугарското вето, беше поставено пред дваесетина дена и на неколку пати повторено. Одговорот од француската дипломатија доаѓа по самиот ЕУ-Западен Балкан Балкан и, како што пренесоа повеќе француски медиуми, „очигледното незадоволство и гневот на земјите од Западен Балкан“. Во реакцијата се дополнува она што го рече претседателот Емануел Макрон…
На 24.06.2022 година во 00.30 часот во СВР Охрид приведен е Н.С.(59) од селото Требеништа, општина Дебарца. Тој претходно е затекнат при кражба на гориво од работна машина на автопатот во изградба Кичево-Охрид и пронајдени му се две пластични туби со околу 50 литри гориво. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Граѓанка, родена во СФРЈ (Косово), којaшто во далечната 1973 година се омажила со македонски државјанин, успеа после скоро пет децении чекање да добие државјанство по интервеција на Народниот правобранител. Апсурдноста на овој случај е уште поголема, поради тоа што сите членови од нејзиното семејство-шестте деца од самото раѓање немале проблем да добијат уверение за државјанство. Ова е само еден од многуте случаи коишто се објавени во Годишниот извештај од Народниот правобранител кој денеска беше презентиран. Во почетниот дел од Годишниот извештај се издвоени неколку карактеристични случаи, состојби, конкретни проблеми на граѓани, во кои од страна на Народниот правобранител се утврдени…
За 2021 година осигурителните компании исплатиле вкупно 355,6 милиони денари (5,8 мил.евра) штети за осигуран добиток, посеви и плодови. Вкупно 600 индивидуални земјоделци и фармери и уште педесетина аграрни компании за првите три месеци годинава ги осигурале своите посеви, плодови и животни. Наскоро земјоделското осигурување ќе стане задолжително со закон и заради тоа неговото учество во осигурителниот пазар значајно ќе се зголеми. Целта на оваа реформа е преку зголемување на масовноста значајно да се намали цената на осигурувањето, а истовремено со акумулација на средствата на осигурениците-земјоделци да се создадат големи фондови од кои ќе се исплаќаат штети кои може да…
Оттука ние само можеме да се заблагодариме на Француското претседателство но моравме да го одбиеме нивниот предлог во ваква форма, токму поради деловите во него, за кои бугарската страна без никаква аргументација не покажа разбирање, додава Османи. Два збора стојат помеѓу успехот и неуспехот на Европската Унија во регионот. Зборот „протокол“ во рамката, како парадигма на историските прашања, и зборот „отворање“ во параграф шест од заклучоците на советот. И двата збора не се во францускиот предлог како финални решенија туку се ставени (дел од нив и во заграда) како прашања за кои не може да се постигне согласност поради позицијата…
Научниците ја открија најголемата бактерија во светот што може да се види и со голо око. Таа е најдена во карипско мочуриште на архипелагот Гвадалупе каде што расте мангрова дрво, објави денеска во списанието „Сајенс“ (Science). 3а илустрација, истражувачите ја споредуваат со паричка со просечна големина. – Издолжената бела бактерија (со филаментозен облик) е голема колку човечка трепка, што ја прави најголемата бактерија позната досега, истакна Жан-Мари Волан, морски биолог од Националната лабораторија „Лоренс Беркли“ во САД и еден од авторите на трудот. Оливие Грос, биолог на Универзитетот на француска Западна Индија и Гвајана, во 2009 година го пронашол првиот примерок…
Кинотеката на Северна Македонија деновиве ја одбележува 70-годишнината од првиот македонски игран филм „Фросина“, снимен во 1952 година, во режија на Војислав Нановиќ, а во продукција на тогашниот државен филмски продуцент „Вардар филм“. „Фросина“ (1952) на Војислав Нановиќ и „Мирно лето“ (1961) на Димитрие Османли минатата година беа дигитално реставрирани во лабораторијата „Клик филмс“ во Загреб, Хрватска, а филмот „Мирно лето“ е објавен и на блуреј диск, како прво блуреј издание на македонски филм. -Дигитализацијата на македонските играни филмови е една од основните активности на нашата институција, која е единствена институција во земјава, чија работа е да се грижи за…
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, чија земја претседава со ЕУ до крајот на месецов, се надева дека сѐ уште е можен договор меѓу Скопје и Софија за преговарачката рамка, јави дописничката на МИА од Брисел. -Блиску сме до договор кој овозможува правда за бугарските барања и е компатибилен со тоа што Северна Македонија може да го направи, потребно е видливост и доверба, во следните часови ќе има гласање на бугарскиот Парламент, ќе гледаме кон бугарскиот претседател и партиите од сегашното мнозинство, опозициските партии, рече Макрон, и додаде дека со „Северномакедонците“ во следните часови ќе разгледува начин да се склучи договорот,…
Главно, случаи има кај машки лица кои имаат интимни односи со лице од ист пол. Но, заразата е можна и кај женски лица, истакна член на Центарот, Агам Рао. Постојат докази за локален пренос на мајмунски сипаници, информираше денеска американскиот Центар за контрола и превенција на болести, со извештаи за случаи на патување во странство. Главно, случаи има кај машки лица кои имаат интимни односи со лице од ист пол. Но, заразата е можна и кај женски лица, истакна член на Центарот, Агам Рао. Мајмунските сипаници, вирусна инфекција што предизвикува кожни лезии, е ендемична во одредени делови на Африка. Но,…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа преку видео линк пред Европскиот совет одржа краток говор по повод историската одлука со која на Украина и се додели кандидатски статус за членство во ЕУ. -Една од најважните одлуки за Украина во сите триесет години од независноста на нашата земја. Сепак, оваа одлука не е само за Украина, рече украинскиот претседател. „Ова е најголемиот чекор во зајакнувањето на Европа што може да се направи токму сега, токму во наше време, и токму во такви услови, кога руската војна ја испитува нашата способност да ја зачуваме слободата и единството. Благодарение на самитот на сите европски…
Предлогот на француското претседателство за деблокада на нашиот европски пат во ваква форма, каква што е во моментов, е неприфатлив за мене, за претседателот на државата, за Владата, за коалициските партнери и за граѓаните на Северна Македонија, изјави премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама во Брисел вчера. Самитот ЕУ-Западен Балкан ќе остане запаметен како неуспех на Европската Унија и француското претседателство, ова е ставот на повеќето дипломати присутни на вчерашниот состанок, кој заврши без никакви резултати за земјите од регионот, јави дописничката на МИА од Брисел. По повеќе дена неизвесност во…