Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Регистрирани сe 192 оздравени пациенти од: Скопје – 119, Битола – 12, Кавадарци – 10, Охрид и Кочани – по 9, Велес и Гевгелија – по 6, Неготино – 5, Куманово и Ресен – по 3, Струга и Демир Хисар – по 2, Тетово, Прилеп , Свети Николе , Кратово, Богданци и Дојран – по 1. Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.814 тестирања, а регистриран е 301 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 147, Прилеп – 21, Кавадарци – 14, Ресен – 13, Охрид – 11,…
Овој објект почна да се гради во далечната 1989 година. Во неколку наврати започнаа градежни работи за негова доизградба, но, ниту еднаш досега не завршија целосно. Новата зграда на кичевската Општа болница, што почна да се гради пред 32 години сè уште не е целосно завршена и како што најави министерот за здравство, Венко Филипче, овој објект во наредните 18 месеци ќе биде целосно завршен и ќе им биде ставен на располагање на жителите од општините Кичево, Македонски Брод и Пласница. – Започнаа работите на доизградбата на новата Општа болница во Кичево. Веќе имаме една ситуација целосно завршена и, јас…
СВР Охрид, преку Отсекот за превенција, отпочна со превентивните кампањи „Не користи петарди и пиротехнички средства“. Денеска, на плоштадот „Крушевска Република“, полициски службеници и активисти на Црвениот Крст од Охрид, делеа едукативни флаери за штетноста од нелегалната употреба на пиротехника и реализираа вежба со мерки кон лица повредени од петарди. Целта на превентивната кампања е на граѓаните, пред се на најмладите, да им се укаже за можните опасности и последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници како и потенцирање на казнените законски одредби за неовластена употреба на…
Белорусија е подготвена да распореди нуклеарно оружје во случај на закана од НАТО, изјави денеска белорускиот министер за надворешни работи Владимир Макеј, пренесе белоруската новинска агенција Белта. „Она што го рече претседателот Александар Лукашенко е дека ја разгледуваме можноста за распоредување нуклеарно оружје на белоруска територија како еден од можните одговори на идните акции на Северноатлантската алијанса на територијата на Полска“, рече Макеј. Претходно, Лукашенко изјави дека Белорусија и понудила на Москва да постави нуклеарно оружје на нејзина територија, доколку НАТО постави нуклеарно оружје во Полска.
Пaриз го откажа новогодишниот огномет и другите новогодишни настани, во согласност со новите владини мерки за спречување на ширењето на варијантата омикрон на коронавирусот. Францускиот премиер, Жан Кастекс, објави забрана за големи јавни настани и огномет за новогодишната ноќ и им препорача на жителите, дури и ако се вакцинирани, да направат тест за Ковид-19 пред новогодишните забави. Кастекс изјави дека омикронот се шири со молскавична брзина и оти најверојатно ќе стане доминантен во Франција до почетокот на следната година. Франција имаше 58.128 нови случаи на зараза во петокот, со 162 смртни случаи, покажуваат официјалните бројки.
Ненадејното прегласување на ветото на полскиот Сенат и синоќешното усвојување на амандманите на законот за медиуми со кои американскиот сопственик на последната голема независна телевизија во Полска, ТВН, се принудува да продаде 51 процент од акциите, ги поттикна САД и ЕУ да изразат остри реакции и загриженост за слободата на медиумите во Полска. „Вознемирени сме што во Полска е усвоен закон кој ја ослабува слободата на медиумите. Го охрабруваме претседателот Анджеј Дуда да се држи до своите минати изјави и поддршка за слободата на говорот, светоста на деловните договори и заедничките вредности на кои почиваат нашите односи“, реагираше на Твитер…
Тој додаде дека порибувањето го извршиле во соработка со ЕЛС Кичево и градоначалникот Фатмир Дехари, кој за оваа намена обезбеди 60. 000 денари средства со кои се обезбедени овие количини на крупен крап. Спортско риболовното друштво „Хантер Фиш“ од Кичево, во соработка со општина Кичево и градоначалникот Фатмир Дехари, изврши порибување на Осломејско Езеро со 300 килограми крупен крап, што во значителна мера ќе го зголеми интересот кај спортските риболовци да учествуваат во крапски натпревари што се организираат на ова се поафирмирано вештачко езеро. -Последното порибување на Осломејско Езеро во оваа календарска година го извршивме денес, откако во езерото пуштивме…
Ние, како лидери на нашите земји, можеме да одлучиме да се жалиме на тоа, или можеме да одлучиме да направиме нешто во врска со тоа. Ние го избравме второто. Во ноември 2019 година потпишавме прелиминарен договор за стимулирање на таканаречениот Берлински процес, така што во свои раце ја презедовме подлабоката регионална соработка, се додава во писмото. Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерите на Северна Македонија и Албанија Зоран Заев и Еди Рама, испратија отворено писмо за Западен Балкан, кое го објави подгоричкиот весник „Дан“. Во писмото на претставниците на државите на Западен Балкан се наведува дека Европа не е…
Покрај тоа, на прекршителите им претстои и мерка времено одземање на возачките дозволи од 3 до 12 месеци. За време на контролата биле констатирани и санкционирани и 19 останати прекршоци. На 17/18.12.2021, во периодот од 22.00 до 03.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на подрачјето на општините Илинден и Петровец за санкционирање на возачи што управуваат возило под дејство на алкохол, при што санкционирани се 18 возачи. Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, изготвени им се законски предвидените поднесоци и ќе се соочат со парични глоби од 225 до 325 евра…
Глобалните синџири на снабдување, потребата за олеснување на трговската размена што ќе придонесе кон зголемена конкуретност, трговија и инвестиции се едни од главните теми на кои економистите дебатираат во последниот период. Особено, оваа тема доби големо значање со нарушувањето на овие процеси во екот на пандемијата. Се увиде на големата реална интеграција на пазарите и снабдувачките ланци и нивната меѓузависност, што укажува на потребата за зголемени напори за олеснување на овие процеси, пишува министерот за финансии, Фатмир Бесими, во својата колумна. Имено, нашата земја по самата поставеност на економскиот развоен модел и зависноста од трговската размена и како мала и…
Никој не ќе може да им наметне на двете земји да усвојат нешто што нема да им одговара и што ќе бара поместување од црвените линии. Во рамки на тие параметри треба да се напредува, да се изнајде решение, а откако ќе се постигне тоа, ќе треба да се договориме за Преговарачката рамка, која ќе овозможи отворање на преговорите за членство, без одолговлекување, нагласи Бомгартнер. Може да се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да преземе чекори за олеснување на дијалогот меѓу Софија и Скопје, да преземе иницијатива за придвижување на работите, изјави во интервју за „360 степени“, францускиот амбасадор во…
На 17.12.2021 во 22.55 часот во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница ги лишиле од слобода Д.Д.(26), Ф.Д.(24), К.С.(21), С.Ѓ.(20) од Виница и П.Ѓ.(21) од Кочани. При претрес во домот на Д.Д. и Ф.Д., извршен со судска наредба, каде биле затекнати и К.С., С.Ѓ. и П.Ѓ., биле пронајдени и одземени марихуана и стебла од растението канабис. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.