Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворено писмо на Заев, Вучиќ и Рама до регионот: Ги покануваме соседите да се придружат на Отворен Балкан

0
By НОВА ТВ Balaban on December 18, 2021 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, РЕГИОН
FO9TO EPA-EFE/ANDREJ CUKIC
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 18, 2021 13:48

Ние, како лидери на нашите земји, можеме да одлучиме да се жалиме на тоа, или можеме да одлучиме да направиме нешто во врска со тоа. Ние го избравме второто. Во ноември 2019 година потпишавме прелиминарен договор за стимулирање на таканаречениот Берлински процес, така што во свои раце ја презедовме подлабоката регионална соработка, се додава во писмото.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерите на Северна Македонија и Албанија Зоран Заев и Еди Рама, испратија отворено писмо за Западен Балкан, кое го објави подгоричкиот весник „Дан“.

Во писмото на претставниците на државите на Западен Балкан се наведува дека Европа не е континент, туку визија, дека граѓаните на Западен Балкан, како составен дел на континентот и визијата, се предолго изоставени, јави дописникот на МИА од Белград.

-Желбата на нашиот народ да биде прифатен од членките на ЕУ повторно и повторно беше попречена од внатрешните политики на земјите-членки, неисполнување на дадените ветувања и стравот од иднината. Тоа резултираше со разочарување, нестабилност, иселување и недостаток на големи инвестиции, се наведува во отвореното писмо.

-Ние, како лидери на нашите земји, можеме да одлучиме да се жалиме на тоа, или можеме да одлучиме да направиме нешто во врска со тоа. Ние го избравме второто. Во ноември 2019 година потпишавме прелиминарен договор за стимулирање на таканаречениот Берлински процес, така што во свои раце ја презедовме подлабоката регионална соработка, се додава во писмото.

Тројцата државници посочуваат дека нивната визија е да се надминат социјалните, економските и трговските бариери кои го забавуваат економскиот раст во целиот регион, со имплементација на четирите европски слободи во нашите земји.

-Оттогаш, систематски се среќававме и потпишувавме договори кои им овозможуваат на нашите граѓани слободно да работат едни кај други, ги намаливме граничните контроли кои ќе овозможат минување на стоки, речиси без одлагање, воспоставивме механизми за слободно патување на нашите граѓани меѓу нашите земји – како што граѓаните на ЕУ патуваат меѓу нивните земји. Нашата иницијатива, наречена Отворен Балкан, се покажа како ефикасна и корисна дури и во надминување на тешките времиња на пандемијата, се вели во писмото.

Иако иницијативата Отворен Балкан досега ги вклучува само Србија, Албанија и Северна Македонија, потписниците посочуваат дека Иницијативата била, и ќе биде отворена за сите членки на Западен Балкан.

–Ја користиме оваа прилика уште еднаш да ги поканиме сите наши соседи да се придружат и да им ги понудат на своите граѓани поволностите што ние им ги нудиме на нашите. Преку слободата на движење на луѓе, стоки, капитал и услуги, нашата соработка може да ја поттикне трговијата и растот и да го олесни животот на секој поединец во нашето соседство, се наведува во писмото потпишано од Заев, Вучиќ и Рама.

Исто така, се нагласува дека, иако „често биле казнувани како „буриња барут“ во Европа“, како „одговорни лидери тие не можат да дозволат регионот да се повлече во кошмарите од минатото додека ЕУ не биде во можност да стори повеќе за проширувањето во овој стадиум”.

-Имаме свои разлики, не се согласуваме за некои политички прашања – но сите се согласуваме дека економијата и четирите европски слободи се начин да му понудиме на нашиот регион надеж и траен мир, се потенцира во писмото, во кое се додава дека „Отворениот Балкан не е утешна награда наместо членство во ЕУ, туку, напротив, голем чекор кон тоа“.

-Како што Заедницата за јаглен и челик ја роди Европската унија по Втората светска војна, така и Отворениот Балкан ќе остане запаметен како пресвртница што ги приближи нашите народи до ЕУ – и полноправното членство во најголемиот трговски блок во светот, пишува во отворенето писмо.

Потписниците посочуваат дека повеќе европски лидери и американската администрација веќе ја изразиле својата поддршка, за што се благодарни. Се додава дека претприемачи, земјоделци и студенти од целиот Западен Балкан исто така ја покажале својата поддршка и ги инспирирале.

-Сега целата ЕУ, како таква, треба да се приклучи во целосна поддршка за Отворениот Балкан и да ги охрабри другите наши соседи во целосна инклузивност во нашата иницијатива, од потреба до акција. Крајно време е сите народи и луѓе во регионот да се обединат за подобра заедничка иднина. Таа која нуди стабилност, мир и подобар животен стандард за сите. Иднина што се издигнува над кавгите од минатото и која на нашите деца им дава надеж во државите во кои заслужуваат да живеат, се заклучува во отвореното писмо на претседателот на Србија и премиерите на Северна Македонија и Албанија за Западен Балкан, кој го пренесе црногорскиот весник „Дан“.

Вучиќ Заев отворен балкан отворено писмо Рама
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 13, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

ВЕСТИ June 13, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со…

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.