Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
АД ЕСМ и на двата тендери (за 60% и 40% од вкупните планирани потреби) преку електронски аукции му понуди на ЕВН Хоум како Универзален Снабдувач купопродажна цена на електрична енергија од 41 евро за мегаватчас, соопштија денеска од ЕВН Хоме. ЕВН Хоме како Универзален Снабдувач на електрична енергија, на денешните тендери за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на своите потрошувачи за периодот Јануари-Јуни 2022, доби понуда само од АД ЕСМ. АД ЕСМ и на двата тендери (за 60% и 40% од вкупните планирани потреби) преку електронски аукции му понуди на ЕВН Хоум како Универзален Снабдувач купопродажна цена…
Според министерот, оваа одлука е со цел да да се превенираат евентуалните поскапувања на овие основни производи кои исто како и другите основни прехранбени производи масовно се користат во исхраната на населението. “На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за проширување на листата на производи за кои ќе важат цените кои се применувале на 1 декември 2021 година во трговијата на мало и на големо. Листата се проширува со три нови основни прехранбени производи: ориз, јајца и тестенини“, напиша на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши. Според министерот, оваа одлука е со цел…
Нашата најмала хероина во 2021 година денеска првпат ќе влезе во својот дом во велешкото село Јаболчиште, по 2 месеци и една недела поминати на неонатолошките интензивни одделенија на ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје. По 67 дена поминати на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, со престој на неонатолошките интензивни одделенија, предвремено роденото женско бебе денеска заминува дома во добра општа состојба и со уреден наод на виталните функции, информираат од Министерството за здравство. Бебето беше родено на 08 октомври, предвремено во 29-та гестациска недела, со екстремно мала тежина од само 665 грама, со должина…
Полициски службеници на СВР Тетово вчера (13 декември) околу 12 часот и 15 минути ја привеле 25-годишната тетовка А.М., која на регионалниот пат Попова Шапка-Тетово под дејство на алкохол управувала патничко моторно возило „фолксфаген поло“ со тетовски регистарски ознаки и одбивала полициска наредба. Таа е задржана во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.
Кражбата во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ е извршена со насилно отворање на влезната врата на црквата Министерството за внатрешни работи за МИА информира дека според првичните информации, кражбата во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ е извршена со насилно отворање на влезната врата на црквата. Засега, нема информации кога е извршена кражбата и што се е украдено од црквата. Кражбата е пријавена утрово околу 06:30 часот.
Претходно, во 19.20 часот на автопатот на место викано „Нова петла“ во близина на Гевгелија, тој не застанал на даден знак од полициски службеници, а откако бил стигнат запрел, го напуштил возилото и се обидел да избега, но бил фатен и лишен од слобода, се наведува во соопштението. На автопатот Гевгелија – Скопје, полициски службеници од Полициска станица Гевгелија вчера го лишиле од слобода К.А.(20) од Прешево, Република Србија, затоа што при преглед во товарно возило „фиат дукато“, со српски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 28 лица – мигранти. Како што соопштија денеска од МВР, од пронајдените мигранти…
Новата бугарска Влада ќе ја задржи единствената позиција кон Северна Македонија, предвидува делот за надворешна политика од коалицискиот договор на партиите што го сочинуваат новото парламентарно и владино мнозинство. Во додатокот на документот, како што објавија бугарски медиуми, се наведува дека односите ќе се надградуваат „во конструктивен дух“ и се опишуваат чекорите како тоа ќе се постигне. Првиот чекор е да се активира работата на билатералните комисии предвидени со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка преку календар на месечни состаноци. Планирано е формирање деловни комисии (со учество на добавувачи и клиенти во секоја од двете земји). Уште еден чекор е засилена соработка…
Напредок се нотира и во реформата на јавната администрација, иако се потребни дополнителни напори. Се поздравува реформата на безбедносните и разузнавачките служби согласно барањата на НАТО. МИА дојде до нацрт заклучоците на Советот за општи работи кои во последен момент би можеле да претрпат промени, но специфично за Северна Македонија, Советот го поздравува реформскиот напредок на земјата кој овозможи зелено светло за преговори во март 2020 година и се поздравува одржувањето на локалните избори и напредокот во владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал. Напредок се нотира и во реформата на јавната администрација, иако се потребни дополнителни…
Новогодишен концерт на пијано дуото – Јована и Мимоза насловен „Празнична рапсодија Vol.2“ ќе се одржи вечер во Филхармонија. На програмата ке бидат изведени дела од композиторите: F. Schubert – Andantino varie, F. Schubert – Fantasy in f minor, F. Liszt – Hungarian Rhapsody no.2 и J. Brahms – Hungarian dances no.1,2,3,4,5. Мимоза Ќека пијано започнува да учи на петгодишна возраст, а основното и средното музичко образование го завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Дипломира во класата на проф. Тодор Светиев и магистрира (2017) под менторство на проф. Лилија Зилберштајн. Активно настапува одржувајќи целовечерни рецитали во рамки на фестивалите Златна лира,…
Ништо ново во ВМРО-ДПМНЕ. Во Белата плата ништо не се менува. Опозициската партија на конгрес, на кој се беше однапред познато, како наследник на Христијан го избра Мицкоски, соопштија денеска до СДСМ. Што може ново да понуди политичарот без став Мицкоски, кој изминатиот период покажа дека знае само да блокира и кочи се што е во интерес на граѓаните, дека е против сите успеси на државата. Ништо. ВМРО-ДПМНЕ останува во минатото, со враќање на стари, истрошени кадри, како кумот на Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Зоран Ставрески на партиски позиции. Човекот што ја презадолжи државата за финансирање на лудилото Скопје 2014,…
На Македонија ѝ треба нов договор, кој ќе го отелотвори заедничкиот патриотизам. Новиот договор ќе значи враќање на надежта, напредок и принципи. Новиот општествен договор кој ќе го донесе заедничкиот патриотизам преку мобилизација на секој еден поединец надвор од партијата во насока на развој и нова иднина на земјата, изјави денеска на прес-конференција Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Новиот договор подразбира заеднички патриотизам, но и поединците да не седат на страна бидејќи долго време тој простор е заземен од лукративната власт за лични интереси на нејзините носители. Тие во име на тивкото мнозинство одлучуваат за сите други. Заедничкиот патриотизам не…
Со самото тоа што сѐ поголем број на луѓе се веќе прележани и вакцинирани, има сѐ помала подложна популација и шанса вирусот да се шири, а со тоа и да мутира. Секоја пандемија завршува или со стекнување на колективен имунитет или со мутација на вирусот со која ја губи вирулентноста и можноста за широка трансмисија. Затоа е најбитна вакцинацијата како мерка за превенција, вели во разговор за НОВАТВ, д-р Драган Кочински, епидемиолог во Институтот за јавно здравје. До денеска немаше потврда дека во светот има смртни случаи заразени од овој сој, но премиерот Борис Џонсон попладнево потврди дека во Велика…