Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лефков: Нов договор, кој ќе го отелотвори заедничкиот патриотизам! Македонија ќе успее!

0
By НОВА ТВ Balaban on December 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 13, 2021 16:06

На Македонија ѝ треба нов договор, кој ќе го отелотвори заедничкиот патриотизам. Новиот договор ќе значи враќање на надежта, напредок и принципи. Новиот општествен договор кој ќе го донесе заедничкиот патриотизам преку мобилизација на секој еден поединец надвор од партијата во насока на развој и нова иднина на земјата, изјави денеска на прес-конференција Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. 

Новиот договор подразбира заеднички патриотизам, но и поединците да не седат на страна бидејќи долго време тој простор е заземен од лукративната власт за лични интереси на нејзините носители. Тие во име на тивкото мнозинство одлучуваат за сите други.

Заедничкиот патриотизам не е само празна флоскула туку филозофија врз кој почива оваа втора епоха.

Заедничкиот патриотизам значи и отворање на вратите на ВМРО-ДПМНЕ за сите заедници, кои веруваат рушење на границите, стереотипите и ново стратешко позиционирање кон сите останати заедници кои се дел од македонската нација.

Заеднички патриотизам е да се градат училишта во исто време и во Битола и во Тетово, да се градат болници или градинки подеднакво и во Аеродром и во Чаир.

ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашниот ден го одржа 17-тиот Конгрес, партијата влегува во втора епоха. Во наредниот период ќе направиме општествена мобилизација на секоја една интелектуална сила во земјава и надвор од неа, на луѓето кои од тука излегле низ светот и направиле кариери, ќе допреме до секоја слободомислечка индивидуа, нашата цел е преродба на државата, мораме да ја извадиме државата од калта во која Зоран Заев и СДСМ ја потонаа.

Централниот дел на нашите политики во втората епоха ќе бидат слободата на индивидуата и слободната волја на изразување.

Ова е повик до секој еден поединец за зграпчување на својот порив за напредок и општо добро, низ политички активизам да си помогне себе, и на државата. Да изградиме општество каде нема за обична услуга во Матично, Катастар или било која друга институција да се чека со денови, или да мора да се плати мито. Да изградиме општество кое ќе биде во функција на секоја една индивидуа.

ВМРО-ДПМНЕ ќе го предводи процесот на општествено обединување.

Нашата цел низ ова е:

Низ една временска дистанца да постигнеме стандард како во една Австрија, да дојдеме до ниво на едноцифрена невработеност, намалување на данокот на добивка и персоналниот данок на доход на 8%, данок за младите да биде 0%, а економијата по стабилизирање да има раст до 6%, да имаме еден Универзитет во првите 500 на Шангајската листа, да влеземе во првите 50 држави што се борат против корупција на Транспаренси, да станеме дел од ЕУ.

Македонија може да се промени! Македонија ќе успее!, соопштија од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германски медиумски гигант го купи британскиот „Дејли Телеграф“ за 664 милиони евра

March 7, 2026

Трамп: Куба наскоро ќе падне

March 6, 2026

Со „Прогресивна Бугарија“ Румен Радев во април ќе трча за премиер

March 3, 2026

Србија врати 200 свои граѓани од Дубаи

March 3, 2026

Црногорската полиција го уапси братот на Мило Ѓукановиќ, Ацо

February 28, 2026
ФОКУС
March 7, 2026

Трендафилов: Ние ќе се бориме за вашите плати ама мора да почнете да се бпорите и вие

ВЕСТИ March 7, 2026

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави голем работнички протест кој ќе се одржи на…

„Пет до дванаесет“ помина – Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) оди на протест на 14-ти март

March 6, 2026

По пет убиени жени само во една година, Тошковски ќе прави систем што ќе ги штити жртвите 24/7!

March 6, 2026

Техеран во пламен

March 6, 2026
ТИКЕР

Германски медиумски гигант го купи британскиот „Дејли Телеграф“ за 664 милиони евра

March 7, 2026

Трамп: Куба наскоро ќе падне

March 6, 2026

Со „Прогресивна Бугарија“ Румен Радев во април ќе трча за премиер

March 3, 2026

Србија врати 200 свои граѓани од Дубаи

March 3, 2026

Црногорската полиција го уапси братот на Мило Ѓукановиќ, Ацо

February 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.