Author: НОВА ТВ Balaban

Оттаму, таа посочи дека заложбите и силната посветеност денес, би создале безбедна структура на поддршка во иднина, со што евентуалните жртви ќе бидат охрабрени да пријават, бидејќи тоа е единствениот начин да добијат поддршка и услуги на заштита, што воедно ќе биде гаранција дека сторителите на насилство ќе бидат казнети. Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, учествуваше на панел дискусијата „Истанбулската конвенција и новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените – Што ќе се промени во пристапот за спречување и заштита од насилство врз жените?“ oрганизирана од Канцеларијата на УНФПА во Република Северна Македонија во соработка со Амбасадата…

Read More

Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога пресекоа меѓународен канал за транспорт на дрога од територијата на Р.Косово на територија на нашата држава, при што е запленета марихуана во количина од околу 200 килограми со вредност од околу 600.000 илјади евра, а лишени од слобода се шест лица, македонски и косовски државјани. На 08.12.2021 полициски службеници од Бирото за јавна безбедност, и тоа Оддел за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за специјални…

Read More

Одлуката од Владата на Р. Северна Македонија во однос на препорачаната цена и количини на електрична енергија со кои АД ЕСМ треба да се јави на тендерот на ЕВН Хоум за 2022 година се однесуваат на 6-месечен период, додека актуелниот тендер на ЕВН Хоум е распишан за 12-месечен период. Од тие причини АД ЕСМ денеска не поднесе понуда. АД ЕСМ ќе се јави на следниот повик на Универзалниот снабдувач кој треба да се однесува на периодот јануари-јуни 2022 година, информираа денеска од АД Електрани на Северна Македонија.

Read More

Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања за различни мерки, земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за рурален развој за 2021 година. Краен рок за доставување на барањата е 31 декември оваа година. Фармерите кои од почетокот на годинава до крајот на септември набавиле педигрирани, хибридни чистокрвни свињи или пак пчелини матици од одобрени одгледувачишта, ќе можат да поднесат барање за добивање на финансиска поддршка преку мерката „Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства“. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), Никица Бачовски информира дека средствата се…

Read More

Заглавивме во 10-11 век – крајот на Првото бугарско царство, времето на цар Самуил и неговите наследници. Не останува време да разговараме за заедничкото чествување на двете држави на Гоце Делчев, вели Димитров. Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска и утре ќе го одржи 16. по ред состанок во онлајн формат поради пандемијата со коронавирусот. На претходната средба која се одржа во изборен период во двете земји – кај нас меѓу двата круга од локалните избори, а во Бугарија за време на кампањата за претседателските и предвремените парламентарни избори, не беа усвоени никакви решенија и препораки. Членовите…

Read More

Во 2021 година во светот е регистриран рекорден број на приведени новинари, се наведува во новиот извештај на непрофитниот Комитет за заштита на новинарите (CPJ), во кој се прецизира дека дури 293 новинари се затворени до 1 декември годинава. Во истиот период се убиени најмалку 24 новинари при известување, а други 18 загинале во околности што го отежнуваат утврдувањето дали биле цел заради нивната работа, објави CPJ во своето годишно истражување за слободата на медиумите и нападите врз медиумите, што го објави денеска. Иако причините за затворање на новинарите варираат од земја до земја, рекордниот број ги одразува политичките превирања…

Read More

Министерот за здравство, Танос Плеврис, соопшти дека потврдата за прележан Ковид-19 ќе се издава  само со направен ПЦР тест, а не со рапид тест како што беше пракса досега. По препорака на надлежната комисија на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција, важноста на потврдата за прележан Ковид-19 во земјата, се намалува од 180 на 90 дена, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретниот амандман веќе е доставен во грчкиот Парламент и предвидува потврдата да важи само доколку лицата прележале Ковид-19 во изминатите три месеци. Од минатата седмица промени има новини и во однос на начинот на издавање на потврдата.…

Read More

Потоа, по случаен избор, со помош на компјутерски управуван генератор во лотариска постапка, од сите регистрации ќе се извлечат оние на кои ќе им се додели термин за месец март 2022 година, напиша Холштајн на Фејсбук. Германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн, објави на Фејсбук дека од февруари Амбасадата ќе го подобри системот за доделување термини за визи за Западен Балкан. – Поради Вашите многубројни реакции и сè уште многу големиот интерес за термини за поднесување на барање за виза, од февруари 2022 година секој месец ќе се применува постапка на лотарија. За таа намена, во февруари за првпат ќе…

Read More

Фотографии од автомобил „Пежо 206“ кој се „паркирал“ во езерцето во Градскиот  парк во Скопје утрово осамнаа на Фејсбук страницата „Ние сме од Скопје“. Во  Градскиот парк во Скопје пристап на автомобили не е дозволен во оваа зона. – Го чува ли некој паркот навечер?, пишува на фотографиите.

Read More

Она што е прифатливо за едно општество и заедница може да не биде ефективно и прифатливо во друго. Индонезија, Микронезија и Туркменистан, исто така, воведоа задолжителна вакцинација за сите возрасни лица, рече Клуге.  Воведувањето задолжителна вакцинација против коронавирус е „апсолутна последна опција“, изјави денеска главниот европски функционер во Светската здравствена организација (СЗО), Ханс Клуге.  Се повеќе европски земји, вклучително и Германија, дебатираат дали да воведат задолжителна вакцинација против Ковид-19, откако Австрија во ноември објави дека ќе воведе задолжителна вакцинација на 1 февруари следната година, што предизвика големи протести во земјата.  – Обврските за вакцинација се апсолутна последна опција и се применуваат само кога се…

Read More

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска преку својот Фејсбук профил ги повика граѓаните да пријавуваат неправилности кај трговците на бесплатниот телефонски број 191 на Државниот пазарен инспекторат, во случај на драстично зголемени цени на основни прехранбени производи. Со Одлука на Владата, замрзнати се цените на леб, шеќер, брашно, зејтин, млеко, сирење и урда, свежо месо и сувомеснати производи, коишто до 31 јануари в година треба да се продаваат по цени не повисоки од тие на 1 декември.  Бектеши најави и дека оваа листа може да се прошири и со други производи.

Read More

Влатко Чинговски, поранешен директор на АД ЕЛЕМ и поранешен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во времето на Груевски кој како сведок се појави на рочиштето за судскиот предмет Плацеви на Водно прво објасни дека со оглед на неговата партиска функција ја воспоставувал комуникациската врска помеѓу општински комитети и Централниот комитет на партијата. Обвинителката Лиле Стефанова го праша дали во периодот додека ја извршувал директорската функција во неговата канцеларија доаѓале лица кои оставале пакети за партијата, тој одговори дека добивал и материјали и документи во неговиот кабинет на кои пишувало дека се за Кирил Божиновски, поранешен генерален секретар на…

Read More