Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов јавен повик за сточарите, поддршка за набавени пчели и свињи назимки или нерези

0
By НОВА ТВ Balaban on December 9, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 9, 2021 11:49

Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања за различни мерки, земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за рурален развој за 2021 година. Краен рок за доставување на барањата е 31 декември оваа година.

Фармерите кои од почетокот на годинава до крајот на септември набавиле педигрирани, хибридни чистокрвни свињи или пак пчелини матици од одобрени одгледувачишта, ќе можат да поднесат барање за добивање на финансиска поддршка преку мерката „Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства“.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), Никица Бачовски информира дека средствата се обезбедени преку Програмата за рурален развој а право на аплицирање имаат сите земјоделски стопанства кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.

Тој напомена дека сите кои се регистрирани земјоделци и набавиле пчелини матици ќе можат да добијат поддршка до 600.000 денари по корисник, додека поддршка до 6.500.000 денари по корисник ги следува сите кои имаат набавени чистокрвни или хибридни свињи назимки или нерези.

Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на кофинансирање на веќе завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50 отсто од вредноста на одобрени прифатливи трошоци за реализација на инвестицијата.

– Ставката за кофинансирање се зголемува на 55 отсто поврат на прифатливата сума во случаи кога инвестицијата е реализирана од страна на млад земјоделец. До 60 отсто од прифатливите трошоци се прифатливи за сите фармери кои имаат инвестиции во подрачја со ограничени можности, додека 75 отсто поврат на прифатените средства за реализираната инвестиција ги следува фармерите кои имаат инвестиции во недостапни рурални заедници, истакна Бачовски.

Сите заинтересирани, потребно е барањата да ги поднесат електронски, по извршена регистрација на веб страната на АФПЗРР – „www.ipardpa.gov.mk“, „e- baranje.ipardpa.gov.mk“. Заедно со барањето потребно е да се прикачат и сите задолжителните потребни документи кои се бараат согласно овој јавен повик.

Од АФПЗРР посочуваат дека електронски пополнетото барање, заедно со целкоупната пропратна документација, треба да се заверат со потпис и печат од барателот и целокупната документација во оригинал се доставува во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол „ Не отворај“. На пликот треба да стои Барање за исплата и Архивски број на барањето. Документацијата може да се достави по пошта или лично во писарницата на АФПЗРР.

Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања за различни мерки, земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за рурален развој за 2021 година.

Краен рок за доставување на барањата е 31 декември оваа година.

– Сите баратели кои ги исполниле условите за користење на средства од оваа мерка се рангираат со бодување кое е утврдено во Правилникот за поблиски критериуми. Барањата со ист број на бодови ќе се рангираат по принцип прв дојден прв услужен, односно, согласно времето и датумот на поднесување на е – барањето. Важно е сите апликанти да ги имаат намирено сите финансиски обврски кон МЗШВ, Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта, како и намирени обврски кон водостопанските претпријатија, соопштија од АФПЗРР.

јавен повик нов пчели свињи сточари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.