Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова средба на Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски прашања

0
By НОВА ТВ Balaban on December 9, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 9, 2021 11:23

Заглавивме во 10-11 век – крајот на Првото бугарско царство, времето на цар Самуил и неговите наследници. Не останува време да разговараме за заедничкото чествување на двете држави на Гоце Делчев, вели Димитров.

Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска и утре ќе го одржи 16. по ред состанок во онлајн формат поради пандемијата со коронавирусот.

На претходната средба која се одржа во изборен период во двете земји – кај нас меѓу двата круга од локалните избори, а во Бугарија за време на кампањата за претседателските и предвремените парламентарни избори, не беа усвоени никакви решенија и препораки.

Членовите на Комисијата од македонската страна за МИА тогаш брифираа дека не биле усвоени решенија и препораки поради „исклучивиот пристап на колегите од Софија и нивното инсистирање да се наметне нивното гледање на минатото“.

Во пресрет на денешниот состанок на Комисијата, копретседавачот од  бугарска страна Ангел Димитров истакнува дека на него ќе се разговара за она „за што се зборува веќе пет состаноци по ред“.

– Заглавивме во 10-11 век – крајот на Првото бугарско царство, времето на цар Самуил и неговите наследници. Не останува време да разговараме за заедничкото чествување на двете држави на Гоце Делчев, вели Димитров.

Тој во гостувањето на БНТ наведува и дека македонските историчари не се подготвени да работат „според принципите карактеристични за секоја наука – упатувањето и почитувањето на фактите и изворите“. Се впушта и во политички коментари за односите меѓу Скопје и Софија.

– Би сакал да кажам дека Република Северна Македонија е подготвена да ги започне преговорите, но не гледам основа за тоа, изјави Димитров, според кого, бугарската позиција кон земјава е „совршено јасна“, но прашање е колку таа е добро претставена и дали некој сака да ја сфати.

Мешовитата македонско-бугарска комисија беше формирана согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан меѓу двете земји во 2017 година. Ова е последниот петти состанок на Комисијата за оваа година.

Мешовитата македонско-бугарска комисија средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.