Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Предлогот за задолжителна вакцина ги „разбранува“ синдикатите – не исклучуваат можност и за протести
По најавата од Министерот за здравство, Венко Филипче, на новите предлог-мерки за вакцинација против ковид-19, реагираа од Конфедерација на самостојни синдикати и од Сојузот на синдикати на Македонија, со став дека со мерките се кршат основните човекови права. Додека, од Стопанската комора побараа задолжителна вакцинација и на вработените во приватниот сектор, но предлагаат и тестирање еднаш неделно со брзи антигенски тестови кои би биле на товар на вработените. Комисијата за заразни болести на денешниот состанок реши да ѝ предложи на Владата сите вработени во јавниот сектор и во локалната самоуправа при одење на работното место да прикажат потврда за примена…
Трошокот за тестирање со брзи антигенски тестови се проценува дека треба да е на терет на работникот, за да се постигне подигнување на степенот на имунизација во пократок временски период и да се спречат мутациите на вирусот, истакна Трајковска. Сведоци сме дека Владата на РСМ во справувањето со пандемијата COVID-19, донесе и во континуитет носи разни мерки и препораки за да го превенира и спречи ширењето на вирусот. При тоа, се креираа политики и носеа протоколи кои се однесуваат на организирањето и на работните процеси, одржувањето на настани (состаноци, курсеви, обуки), одвивањето на воспитно – образовните дејности и други.…
Останува определбата за оптимизација на администрацијата преку контрола на новите вработувања, како и подобрување на квалитетот на живот на вработените. Предвидени се зголемувања на платите кај здравствените работници, инспекторите, судството и обвинителството, професионалните војници, вработените во ИПА структурата, шумска полиција. Портпаролите на Владата на Република Северна Македонија, Душко Арсовски и Муамет Хоџа, на денешната редовна прес-конференција информираа за заклучоците и одлуките донесени на последната 119 седница на Владата и одговараа на прашања од интерес на јавноста. Тие соопштија дека Владата на вчерашната седница го разгледа и прифати ревидираниот оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги…
Предложената мерка на Комисијата е донесена со консензус и со неа се предвидува сите вработени во јавниот сектор и локалната самоуправа при одење на работното место да покажат потврда за примена најмалку една вакцина или ПЦР негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок, или ќе приложат потврда за прележан КОВИД-19, не постар од 45 дена, или ќе имаат потврда од лекар специјалист дека вакцината не може да ја примат. Во врска со најавата на министерот за здравство Венко Филипче за нови мерки за заштита и превенција од КОВИД-19, предложени од Комисијата за…
Во годината кога одбележуваме 30 години независна држава, Република Северна Македонија како рамноправен партнер во најмоќниот безбедносен и политички сојуз – НАТО ги дели вредностите на Алијансата, а како кандидат за членство во ЕУ ги прифати и ги промовира европските вредности како резултат на слободно изразената волја на народот и низ политичките институции, објави на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев. Во временската линија на развојот на нашата државност, денешниот ден, 17 ноември, е запишан како ден кога во 1991 година, во Собранието на Социјалистичка Република Македонија беше усвоен Уставот на Република Македонија, прв по прогласувањето на сувереноста и самостојноста…
Против најновите мерки што ги предлага Комисијата за заразни болести реагира и Сојузот на синдикати на Македонија. Оттаму наведуваат дека вакцинацијата мора да биде резултат на лична определба на работниците и не смее да се спроведува со присила. – Процесот на имунизација не смее да се спроведува на штета на елементарните права на граѓаните гарантирани со Уставот, меѓународните конвенции и закони и против војата на поединецот, стои во реакцијата на ССМ. Синдикатот информира дека во изминатиот период до него пристигнале обраќања од работници кои не се вакцинирани во кои укажуваат дека не им е дозволено да влезат на работа без сертификат…
Врз основа на овие импозантни податоци, претставниците на „Мицубиши“ гарантираат ставање во функција на гасната централа во РЕК Битола до почетокот на 2026 година. Делегација на јапонскиот производител „Мицубиши“ ги посети АД ЕСМ и Подружницата РЕК Битола со цел испитување на можностите за изградба на гасна електрана со моќност од 250 MW во кругот на РЕК Битола, соопшти АД Електрани на Северна Македонија. На средбите со Управниот одбор на АД ЕСМ и со менаџерскиот тим на РЕК Битола, претставниците на јапонскиот гигант, како што се посочува, изразија подготвеност за активно учество во изградба и на други постројки кои се предвидени…
Од нив, 16 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 60 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 110 надвор од населено место. Во текот на вчерашниот ден (16.11.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 170 возачи. Од нив, 16 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 60 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 110 надвор од населено место.…
Дел од корисниците лоцирани на улиците „Иван Манолев“ и „Алпи“ денеска од 10 часот имаат прекин во водоснабдувањето. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на огрлица ф-80мм на улица „Иван Манолев“ 191. Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.
Тука спаѓаат измените со кои недела станува неработен ден за 92 отсто од сите вработени, како и законските измени со кои минималната плата ќе се зголеми на 18.000 денари. Опозицијата во Собранието со месеци блокира и опструира важни закони од интерес на граѓаните. Како последица на неодговорниот, нечесен и политикантски однос на пратениците од опозицијата во Собранието закочени се закони кои го подобруваат стандардот на граѓаните во државата, соопштија денеска од СДСМ. Зголемено и стабилно парламентарно мнозинство предводено од СДСМ ќе стави крај на овие блокади и ќе ги донесе законите заглавени во собраниските процедури. Тука спаѓаат измените со кои недела…
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на РМ (,,Службен весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 22 ноември 2021 година (понеделник), Денот на Албанската азбука, е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Северна Македонија. Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на албанската заедница им го честита Денот на Албанската азбука.
Најмалку еден човек загина, а илјадници се евакуирани во лизгање на земјиштето и поплавите предизвикани од обилните дождови во Британска Колумбија, во западна Канада. Пронајдено е безживотно тело на жена во близина на одрон на автопат, на околу 250 километри северно од Ванкувер. Потрагата по исчезнатите продолжува и денеска, соопшти канадската полиција. Од Мерита, град на 300 километри североисточно од Ванкувер, вчера беа евакуирани околу 7.000 луѓе. Врнежите престанаа, но многу патишта се уште се поплавени. https://youtu.be/JXCX6sGh1tU