Author: НОВА ТВ Balaban

Дука, неговите сопартијци и членови на СДСМ, кои победа прогласија на нецели два часа по затворањето на гласачките места, синоќа славеа во центарот на градот, на плоштадот „Скендербег“, со огномет, зурли и тапани, а првпат можеа да се видат македонското и албанското знаме како дебрани ги виорат заедно.  Хекуран Дука од ДУИ освои 4.291 глас, а Беким Поцеста од коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива 4.153 глас. Ова се резултатите од гласањето во Дебар, информира на  денешната прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски, соопштувајќи ги првичните резултати од гласањето за градоначалник  на општина Дебар. Во Дебар вчера се прегласуваше на…

Read More

Поради уличен дефект ф-2“ на Кеј „13 Ноември“ бб, од попладнево прекинатото водоснабдување имаат корисниците од населба Маџир Маало. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 14 часот, до завршување со санација на дефектот.

Read More

Кичеец, во меѓувреме, успеа да се спогоди со обвинителството во Гостивар и за сообраќајката кај Стража, во која еден човек загина, а седуммина беа тешко повредени. Тој доби казна под предвидениот минимум – шест месеци затвор. Зоран Милески Кичеец, oсуденикот во случајот „Рекет“, нема порано да излезе од струшкиот затвор, реши Кривичниот суд којшто го одби неговото барање за условен отпуст по одлежани две третини од казната. Тричлен кривичен совет заседаваше во петокот, по неговото барање, коешто го базираше на веќе одлежана една третина од казната – во случајов една година. „Постапувајќи по предлог на Директорот на КПД Струга –…

Read More

Фондацијата соопшти дека еднократната парична награда во износ од 1.200 евра во денарска противвредност, која 12-та година по ред ја доделува за првенците на генерација на двата факултета, годинава им припадна на двајца стипендисти – Зоран Гаврилов од Фармацевтскиот факултет (со просек 9,49) и на Милена Гривчевска од Медицинскиот факултет (со просек 9,94). Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 стипендии за учебната 2021/2022 година, од кои 20 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ oд Скопје. Стипендиите за студенти од овие два факултета на УКИМ, Фондацијата ги доделува 14-та година по…

Read More

Испитувањата се очекува да завршат во попладневните часови по што Блок 2 повторно ќе биде пуштен во електроенергетската мрежа, информираат од АД ЕСМ. Блок 2 на РЕК Битола е во функција. Во моментов на постројката се изведува технолошки процес на испитување на заштитата на генераторот, соопшти АД ЕСМ. Станува збор за испитување на нова, софистицирана опрема за заштита на генераторот од германскиот производител Сименс која беше набавена и инсталирана со цел зголемување на доверливоста на капацитетот и заштита на опремата. Испитувањата се очекува да завршат во попладневните часови по што Блок 2 повторно ќе биде пуштен во електроенергетската мрежа, информираат…

Read More

Бројот на жртви на сообраќајниците во октомври 2021 е за 55 отсто помал од бројот на жртви во октомври 2020, соопштија денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски и претседателката на РСБСП Гордана Кожувароска на одбележувањето на 15 ноември-Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи. „Им благодарам на мнозинството граѓани кои ни се приклучија во напорите да обезбедиме што е можно побезбедни патишта. Им благодарам и на полициските службеници, кои секојдневно даваат придонес за безбедноста на патиштата. Во октомври оваа година имаме пет жртви во сообраќајните несреќи, а во октомври минатата година имало 11. Ова е сериозно намалување, но…

Read More

На 14.11.2021 во 05.45 часот на крстосница во Горна чаршија во Тетово, патничко  возило „фиат пунто“, со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.И.(25) од Тетово, удрило во пешакот М.И.(79). Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

Read More

На 13.11.2021, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле А.А.(31), Ф.Б.(29) и С.К.(32), сите од Скопје. Тие се сомничат дека на 13.11.2021 во неговиот двор на ул.„Скупи“ физички го нападнале О.К. и му одзеле пари, а го оштетиле и неговиот мобилен телефон. Тројцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read More

Претседателот на Стопанската комора на Северена Македонија и копретседател на Коморискиот Инвестициски Форум (КИФ), Бранко Азески упати писмо до претседателот на Стопанската комора на Србија и претседател на КИФ Марко Чадеж, во кое иницира, тој да се заложи кај надлежните институции да ја разгледаат можноста за скратување на времетраењето на затворање на железничката мрежа во Србија поради реконструкција од сегашните 36 на максимум 24 часа, како и да се преземат дозволени мерки со соседните администрации за координирање на организацијата на транспортот за да се постигне максимален проток на возови во одредена временска рамка. – Меѓу бизнис заедницата во Северна Македонија…

Read More

Вработените во градинките покажале висока свест и одговорност, за што говори високиот процент на вакцинирани, односно 80% од воспитувачите и 78% од негувателите веќе се имунизирани, вели Шахпаска Во изминатите седум дена регистрирани се 5 новозаразени дечиња во градинките и 21 вработено лице, што говори дека состојбата со ковид пандемијата во градинките е стабилна и дека тие се безбедно место за згрижување на децата од нула до шестгодишна возраст, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, во интервју за Утрински брифинг, информираат од Министерството за труд и социјална политика.  Според неа, вработените во градинките покажале висока свест и…

Read More

Охрабрувачки е дека можната нова влада во Бугарија вели оти ни треба нов пристап. Ние ќе го имаме истиот дух на добрососедство, на отвореност и истата желба да најдеме решенија и да тргнеме напред. Ако има и пола од тој дух и на бугарска страна, како што гледаме деновиве, можно е да видиме и пресврт. Дефинитивно нов пристап ќе биде корисен и за нас и за нив, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по завршувањето на финалната конференција на групата за воена интеграција на Република Северна Македонија во НАТО. Охрабрувачки се, нагласи таа, изјавите дадени во изминатиот период и…

Read More

Репрезентацијата на Португалија синоќа во Лисабон загуби од Србија во последниот натпревар од групната фаза квалификациите за Светското првенство во 2022 година (1:2) и не успеа да обезбеди директен пласман на Мундијалот во Катар. Најголемата ѕвезда на португалскиот фудбал, Кристијано Роналдо, кој го одигра целиот натпревар, не упати ниту еден прецизен удар кон голот на Србија. Ова е прв пат во кариерата на 36-годишниот фудбалер да не упати удар кон противничкиот гол во квалификациите за Светското првенство. Португалците по овој пораз го освоија второто место во групата и за пласман на Мундијалот во Катар ќе мора да се изборат преку бараж.

Read More