Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
По извршениот увид од јавен обвинител и увидна екипа, утврден е идентитетот на мажот кој вчера се удави во Вардар. Полицијата поведе потрага откако случајот вчера беше пријавен и го откри безживотното тело на 73-годишниот гостиварец кај мостот меѓу Старо Чајле и Форино. Според првичните сознанија на полицијата, очевидец по телефон пријавил дека маж скокнал од железничкиот мост под старата кланица, а неговото тело го однела водата низ реката. Причините за смртта најверојатно ќе се утврдуваат по обдукцијата.
Откако вчера беше цел на хакерски напад и надвор од контрола, денеска е вратен Твитер профилот на министерот за надворешни работи, Бујар Османи. – Од утрово е вратен профилот, освен неколку избришани твитови на прв поглед не е забележана никаква посериозна злоупотреба, соопштија од МНР.
Фотографиите беа дистрибуирани само неколку дена пред предвремените општи избори кои се одржуваат утре, на 14. ноември. Партијата на Борисов ГЕРБ, која владее со земјата 12 години, е фаворит на изборите, но сепак се очекува да освои помалку од една четвртина од сите гласови и ќе биде тешко да најде коалициски партнери за четврти мандат. Нови фотографии испратени до бугарските медиуми на 9 ноември за кои се тврди дека го прикажуваат поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов како спие во државна резиденција, со значителна сума евра во фиока покрај креветот, со пиштол на ноќната маса. На една од фотографиите се гледа…
Министерот Спасовски на конференција за мигрантската криза и земјите од Балканско-Јадранскиот регион
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска учестуваше на конференција на тема „Мигрантската криза и земјите од Балканско-Јадранскиот регион”, во организација на Меѓународната полициска асоцијација-ИПА во Република Северна Македонија на која присустваа и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, раководството на ИПА во земјава и гости од соседните земји, претставници на Фронтекс, Македонскиот полициски синдикат и Сојузот на синдикати на Македонија. „Ќе ми дозволите во оваа пригода да се осврнам на вредностите што ги негува оваа полициска асоцијација, креирана од ентузијазмот и посветеноста на полициски службеници ширум светот, а со идеја за заедничка неформална соработка и дружење, но…
Сакам сите да го знаат тоа. Ние немаме ништо со тоа, рече Путин во интервју за каналот Вести, откако неколку западни функционери го обвинија дека организирал испраќање мигранти на границата со Белорусија. Рускиот претседател Владимир Путин денеска негираше каква било одговорност за актуелната мигрантска криза на границата меѓу Белорусија и Полска, каде со денови се наоѓаат неколку илјади мигранти. – Сакам сите да го знаат тоа. Ние немаме ништо со тоа, рече Путин во интервју за каналот Вести, откако неколку западни функционери го обвинија дека организирал испраќање мигранти на границата со Белорусија. Западните земји го обвинуваат белорускиот претседател Александар Лукашенко дека го организирал постојаното пристигнување на…
Скопје памети многубројни закани и природни катастрофи, но градот секогаш повторно и повторно се кревал и закрепнувал и ги нижел своите победи. Победите на Скопје се неделиви од неговите скопјани чиј дух е запишан во бројни записи кои остануваат како сведоштва за взаемната љубов на градот и неговите граѓани, секогаш насочени кон подобра иднина на метрополата. Нека ни е честит и вековит 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, напиша Заев. Денеска го одбележуваме 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје. Ден кога пред 77 години борците од 42. и 50. Народноослободителна дивизија и 16. Македонска бригада, како и…
СДСМ континуирано и посветено работи за зголемување на стандардот и унапредување на правата на работниците. Во изминатите 4 години просечната плата порасна за 6.000 денари. Во истиот период ја зголемивме минималната плата од 9.000 денари на 15.400 денари. Ќе ја зголемиме и на 18.000 денари, изјави денеска на прес-конференција, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ. Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ се обврза и ќе обезбеди донесување на измените во Законот за работни односи, со кои се предвидува 92 проценти од вработените во недела да одмараат, а 8 проценти од работниците за работа во недела да добиваат додаток до 100 отсто. Работниците…
На 12.11.2021 во 15.00 часот на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода двајца малолетници (машко и женско), кои биле затекнати при извршување кражба во продажен објект на истата улица. Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Глен де Врис, 49-годишниот бизнисмен кој минатиот месец леташе во вселената со актерот Вилијам Шатнер на летот лансиран од Blue Origin на Џеф Безос, загина во четвртокот во авионска несреќа во Њу Џерзи. Во соопштението на Blue Origin пишува: „Не изненади веста за смртта на Глед де Врис. Внесе толку живот и енергија во тимот на Blue Origin и со колегите од екипажот. Неговата страст кон авијацијата, неговата добротворна работа и неговата посветеност кон работата долго ќе бидат ценети“. We are devastated to hear of the sudden passing of Glen de Vries. He brought so much life and energy to the entire…
Поради уличен дефект денеска од 10:50 часот без водоснабдување се дел од жителите на населбата Инџиково, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација”. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.
Пред утрешното гласање за градоначалник на Дебар, денеска правото на глас треба да остварат 70 болни и изнемоштени лица. – Во моментов вршиме распределба на изборниот материјал за сите гласачки места, а материјалот треба да го подгне и избирачкиот одбор кој ќе го спроведе гласањето во домашни услови на болни и изнемоштени лица. Гласањето на овие лица планираме да почне напладне, изјави Рилинд Хаса, претседател на општинската изборна комисија. Своето право на глас, додава, денеска треба да го остварат 70 лица или 50 повеќе од првиот изборен круг, кога гласаа 20 болни и изнемоштени. Ниту за првиот, ниту за вториот…
Помало јато фламинга повторно може да се види деновиве во плиткиот крајбрежен дел на Охридското Езеро, на потегот меѓу македонско-албанската граница кај Свети Наум. Слични глетки беа забележани и пред неколку години, кога фламинга беа фотографирани на Охридското Езеро. Фламингата се хранат со одредени видови планктони и на езерата слетуваат само по храна. Не се забележани појави на нивно гнездење во овие краеви. Некои видови фламинга се преселници и можат да се забележат и во делови посеверно од нивниот вообичаен хабитат, но тоа се ретки појави како и ова нивно „гостување“ на Охридското Езеро. Фламингата населуваат мочуришни предели и плитки…