Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обелоденети контроверзни фотографии за кои се тврди дека се на Борисов – пиштол, кондом и пари во спалната соба

0
By НОВА ТВ Balaban on November 13, 2021 НАСЛОВНА, РЕГИОН
FOTO Prinstkrin
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 13, 2021 13:53

Фотографиите беа дистрибуирани само неколку дена пред предвремените општи избори кои се одржуваат утре, на 14. ноември. Партијата на Борисов ГЕРБ, која владее со земјата 12 години, е фаворит на изборите, но сепак се очекува да освои помалку од една четвртина од сите гласови и ќе биде тешко да најде коалициски партнери за четврти мандат.

Нови фотографии испратени до бугарските медиуми на 9 ноември за кои се тврди дека го прикажуваат поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов како спие во државна резиденција, со значителна сума евра во фиока покрај креветот, со  пиштол на ноќната маса.

На една од фотографиите се гледа пиштолот оставен на масата, а до него е  портокалов презерватив.

Фотографиите беа дистрибуирани само неколку дена пред предвремените општи избори кои се одржуваат утре, на 14. ноември. Партијата на Борисов ГЕРБ, која владее со земјата 12 години, е фаворит на изборите, но сепак се очекува да освои помалку од една четвртина од сите гласови и ќе биде тешко да најде коалициски партнери за четврти мандат.

Фотографиите се испратени од анонимен испраќач до ток-шоуто „Евро Дикоф“ со е-пошта во која се наведува дека потегот е предизвикан од неактивноста на обвинителството откако беше објавен првиот сет фотографии во гангстерски стил во јуни 2020 година, кога Борисов уште беше на чело на државата, пренесува Интелињуз.

Обвинителството ги проверува новите фотографии.

Се верува дека новите фотографии се направени во исто време кога биле сликани и првите, објавени минатата година.

Бугарскиот сајт Dir.bg наведува дека настанала аферата „Мата Хари“ и дека се трага по мистериозна жена за која се верува дека ги фотографирала собата и премиерот, најверојатно откако имале сексуален однос.

Во јуни 2020 година, веб-страницата Афера ја објави првата серија фотографии од спалната соба. На фотографиите се гледаа златни плочки и снопови евра во истата просторија во резиденцијата на тогашниот премиер.

Во тоа време, локалните медиуми добија анонимни фотографии од Борисов како спие во својата спална соба покрај пиштол Глок калибар 9 милиметри и фиока полна со банкноти од 500 евра и златни плочки. Поранешниот премиер ја потврди нивната автентичност, велејќи дека фотографиите се направени во резиденцијата што ја користел како премиер.

Оттогаш, привремената влада на Бугарија започна бројни истраги за корупција во поранешната администрација на Борисов. Привремената влада иницираше обемна реконструкција на државната администрација и институциите, но тоа ја доведе во отворен судир со обвинителството на чело со Иван Гешев, кој беше именуван по контроверзна постапка додека партијата ГЕРБ беше на власт.

Бојко Борисов спие Фотографиите
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.