Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Битола, Тони Коњановски, на денешната прес-конференција изјави: Денес се сретнав со луѓето од културата во градот, имавме искрен и инспиративен разговор. Она што заеднички го заклучивме е дека на Битола и е потребен сеопфатен план, стратегија, со која заедно со различни чинители од културата ќе испланираме каква култура во Битола сакаме да имаме во наредните четири години. План со конкретни проекти и конкретна одговорност. Јас ветувам дека тие проекти ќе ги поддржам од општинскиот буџет и дека Битола ќе има културна понуда за сите, но секогаш испорачана квалитетно и достапно, не само за урбаните…
“Нашите кандидати за советници и носителот на советничката листа, Мемет Ајредини, ве уверувам – го носат Најдоброто во Боговиње”, им порача претседателот на СДСМ Зоран Заев на денешната средба со жителите на тетовско Боговиње. “Нашата визија е општина Боговиње да биде развиена општина, да биде општина во која младите ги развиваат своите идеи. Општината Боговиње има огромен потенцијал за развивање на туризам. Преку добро развиена стратегија за туризам, ќе го поддржиме и бизнис секторот и ќе овозможиме развој на нови дејности кои позитивно ќе влијаат врз економијата на општината”, истакна претседателот Заев и додаде дека ќе продолжи поддршката од централната…
На 03.10.2021 во 03,00 часот кај с.Ботун на магистралниот пат Охрид-Кичево патничко моторно возило „киа соренто“ со охридски регистарски ознаки управувано од 17 годишен малолетник од с.Лешани, општина Дебарца излетало од патот. Возачот малолетник се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во болница „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош, а неговиот 17 годишен сопатник од с.Мешеишта,општина Дебарца од здобиените повреди починал на лице место. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Охрид.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска учествуваше во засадувањето со садници како дел од вонредната програма на Јавното претпријатие „Национални шуми“ која има за цел да ги санира штетите од пожарите ова лето, како и дополнително да ги зазелени голините на планините утврдени како редовна активност за пошумување. На настанот во атарот на село Теново, во Општина Брвеница, премиерот Заев, придружуван од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и од директорката на ЈП „Национални шуми“ Јулиана Николова, истакна дека со почетокот на поволните временски и сезонски услови започнаа активностите за успешна реализација на оваа…
Ние сме пријателски земји, нашите народи се блиски. Први соседи сме и треба да соработуваме. Изјавата на мојот колега, премиерот Јанев ја прифаќам како добра, позитивна порака затоа што и навистина се движиме на позитивен пат. Иако работат се уште технички комисии од двете министерства за надворешни работи, можам да кажам дека тоа е патот. Низ разговор, низ дијалог да се изнајдат решенијата, изјави денеска премиерот Зоран Заев во село Теново, Oпштина Брвеница, каде почна акцијата за пошумување на опожарените површини. Одговарајќи на новинарско прашање, Заев рече дека в среда во Словенија ќе имаат состанок со претседателот Радев, со високите…
Според првичните информации, нема човечки жртви, а некои очевидци тврдат дека пожарот избувнал во бараките на бездомниците под мостот, по што е создадено „стампедо” од луѓе кои биле во околните ресторани и барови. Голем пожар синоќа го зафати и делумно го уништи Понте ди феро, индустрискиот, таканаречен железен мост што ги поврзува двете римски населби Остинезе и Трастевере. Пожарот избувнал синоќа пред полноќ, а пожарникарите успеале да го локализираат околу еден часот утрово, јавува агенцијата Анса. Зоната на железниот мост е центарот на ноќните собири во Рим. Според првичните информации, нема човечки жртви, а некои очевидци тврдат дека пожарот избувнал…
За Договорот од Преспа, европската перспектива на нашата земја и односите со Бугарија, за соработката со Грција, но и за договорот со Турција, говори претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски во интервјуто за денешното издание на грчкиот весник „То Вима“, во пресрет на неговата посета на Грција на 5 и 6 октомври, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот Пендаровски, за бугарското вето и ЕУ перспективата, коментира дека „за жал ситуацијата нѐ спречува да започнеме пристапни преговори“, иако земјата веќе ги има исполнето сите предуслови, а паралелно изразува надеж дека со новата Влада во Софија ќе продолжат разговорите, но…
Посетата има за цел да се продолжи високиот политички дијалог со Германија, но и да се реафирмираат германските позиции во однос на нашето европско досие, особено пред одржувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија. Министерот за надворешни работи Бујар Османи од утре почнува нова надворешно-политичка турнеја, со присуство во неколку значајни метрополи: Берлин, Варшава и Блед (Словенија), со цел билатерални средби и учество на значајни меѓународни настани. Како што соопшти МНР, веќе од утре Османи е во работна посета на Сојузна Република Германија на средби со министерот за надворешни работи, Хајко Мас, како и државниот министер надлежен за Европа Михаел…
Утринската температура ќе се движи од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени. Времето во земјава по студеното утро ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 24 степени. До вторник ќе се задржи претежно сончево време со студени утра и пораст на дневната температура. Од среда следува период…
„Ова не е одлучувачки Самит, ова е политички самит посветен на Западен Балкан…Јас верувам дека со соодветни формулации на реченици со конкретни гестови, ќе се испрати порака за проширување на ЕУ кон Западен Балкан. Ќе биде недвосмислена, ќе биде чиста и ќе биде јасна“, рече Заев. Премиерот Заев изрази уверување дека на престојниот Самит на ЕУ, ќе биде испратено порака за проширување на Унијата кон земјите од Западен Балкан. Како што кажа тој, иако Самитот не е одлучувачки, тој би можело да биде јасна мотивација до земјите од регионот, јави Алсат.мк. „Ова не е одлучувачки Самит, ова е политички самит…
Традиционално по 17 пат денеска се одржува спортскиот настан Виз Ер Скопски маратон. Во моментов сообраќајот на булеватрот „Партизански Одреди“ е потполно во прекин. Колони возила се заглавени на булеварот, а возачите се нетрпеливи. Стартот на маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ за спорт беше во 8 часот, а трката на 5 километри започна во 8:10 часот, од платото пред Спортски центар Борис Трајковски, каде што ќе биде и целта на овогодишниот маратон. Патеката по која учесниците ќе трчаат ќе биде иста, како и претходната година, а од организацијата известуваат дека дел од скопските улици во периодот од 7:30…
Претходно денеска, пронајден е и запален автомобил помеѓу двете села Доња Трнава и Тешица, за кој се претпоставува дека му припаѓал на семејството Џокиќ. Српските полицајци пронашле три безживотни тела во атарот на селото Моравaц кај Алексинац, a сомнежите се дека станува збор за тричленото семејство Џокиќ чија трага се изгуби во неделата, соопшти Министерството за внатрешни работи на Република Србија, пренесува РТС. По наредба на виш јавен обвинител од Ниш, телата се предадени на обдукција. РТС јави дека местото каде се пронајдени телата е под полициско обезбедување и не им е дозволен пристап на новинарските екипи. Во Алексинац отпатувал…