„Ова не е одлучувачки Самит, ова е политички самит посветен на Западен Балкан…Јас верувам дека со соодветни формулации на реченици со конкретни гестови, ќе се испрати порака за проширување на ЕУ кон Западен Балкан. Ќе биде недвосмислена, ќе биде чиста и ќе биде јасна“, рече Заев.

Премиерот Заев изрази уверување дека на престојниот Самит на ЕУ, ќе биде испратено порака за проширување на Унијата кон земјите од Западен Балкан. Како што кажа тој, иако Самитот не е одлучувачки, тој би можело да биде јасна мотивација до земјите од регионот, јави Алсат.мк.

„Ова не е одлучувачки Самит, ова е политички самит посветен на Западен Балкан…Јас верувам дека со соодветни формулации на реченици со конкретни гестови, ќе се испрати порака за проширување на ЕУ кон Западен Балкан. Ќе биде недвосмислена, ќе биде чиста и ќе биде јасна“, рече Заев.

Самитот ЕУ-Западен Балкан ќе се одржи на 6 октомври во Брдо кај Крањ, Словенија.

Изјави на премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа  по повод акцијата за пошумување на опожарените површини во атарот на село Теново, Oпштина Брвеница.