Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.194 тестови, а регистрирани се 73 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 45, Битола – 9, Охрид и Кочани – по 4, Кавадарци – 3, Тетово – 2, Куманово, Велес, Гостивар, Свети Николе , Крива Паланка и Дебар – по 1. Од вкупниот број на позитивни (73), регистрирани се 7 реинфекции. Регистрирани сe 66 оздравени пациенти од: Скопје – 47, Битола – 8, Берово – 4, Велес – 3, Охрид – 2, Прилеп и Виница – по 1. Во текот на изминатите…
Мораме да се спротивставиме на обидите за рекет и обидите за закани врз стопанственици од нашата Општина. Јас сум градоначалник на сите граѓани во Општина Карпош и од тие причини имам обврска да ги штитам интересите на сите граѓани во Општина Карпош, нагласи Јакимовски. Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска обелодени дека ја прекинува коалициската соработка со ВМРО-ДПМНЕ по 99 месеци и дека „таа коалиција повеќе не може да опстои во оваа скопска Општина“. „Во моите години и со моето искуство и со мојот карактер, јас како градоначалник не можам повеќе да дозволам некој да се поигрува и со мене…
Сиромаштијата и невработеноста се најголемиот проблем за 30,0 отсто од граѓаните, а за една четвртина од нив (25,9 отсто) тоа е корупцијата и криминалот. Владата не ги исполнила очекувањата на мнозинството граѓани. Помеѓу доволен и добар или 2,44 е средната оценка што граѓаните и ја дале на Владата за нејзината работа во првите 100 дена, покажаа резултатите од последното истражување на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) „100 дена Влада“ спроведено во периодот од 3 до 13 мај 2022 година. Мнозинство од граѓаните (65,1 отсто) изјавиле дека Владата не ги исполнила нивните очекувања. Меѓу нив, побројни се етничките Македонци. Прашани…
Вчера (7 јуни) во 10 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавено е дека 41-годишна жителка од гостиварско село, пред влезот во семејната куќа се здобила со повреди откако од запалена цигара настанал пожар во нејзина близина. Таа била пренесена во гостиварската Oпшта болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.
Од месец во месец, драстично се зголемуваат трошоците за живот на едно четиричлено семејно домаќинство, а платите не го следат истиот раст, велат од ССМ. Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во мај се зголемиле за 2.980 денари во однос на јануари, покажуваат пресметките што секој месец ги прави Сојузот на синдикати на Македонија, изработувајќи ја синдикалната минимална кошница. Според објавените податоци, синдикалната кошница во мај изнесувала 38.791 денар и е зголемена за 8,32 проценти во споредба со јануари годинава. За една година, односно во споредба со мај лани зголемувањето е за 4.635 денари или за 12,78 проценти. Според…
Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект во Битола и против А.Д. (24) од Битола, вработена во објектот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење на алкохолни пијалоци на дете”. Од СВР-Битола појаснуваат дека при контрола во објектот било утврдено дека А.Д. послужила со алкохолни пијалоци 10 малолетници, кои не наполниле 14 години.
Според првичните сознанија, кај лицето настапила насилна смрт. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица изврши увид во местото викано Ореш, во атарот на струмичко Ново Село, каде ноќеска беше пронајдено безживотно тело на починато машко лице. Според првичните сознанија, кај лицето настапила насилна смрт. По наредба на јавниот обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција со цел да се утврдат точните причини за смртта. Од лице место се прибрани траги и материјални докази за кои е издадена наредба за вештачење, а се преземаат и други дејствија за откривање на сторители.
Мухамед Зеќири, поранешниот генерален секретар на Владата, останува и понатаму во притвор, откако Кривичниот суд денеска му одреди нови 30 дена, кои треба да ги помине во истражниот затвор „Скопје“. Информацијата ја потврдиле од судот, и од адвокатот Александар Трајковски, кој изјавил дека веднаш поднел и жалба. Воедно од вчера напладне Зеќири се наоѓа и на Инфективната клиника во Скопје, каде е префрлен поради нарушена здравствена состојба, велат извори од семејството. Со денешната одлука за нови 30 дена притвор, Зеќири влегува во 61 – от ден притвор, бидејќи веќе одлежа двапати по 30 дена. Тој првпат беше притворен на 8…
Од мај 2022 година Црвениот крст на Република Северна Македонија започна со кампања по прва помош под мотото „Првата помош спасува живот“ со која е предвидено до крајот на годината да се спроведат бесплатни обуки по прва помош за 25000 ученици од основни и средни училишта во целата земја. Црвениот крст на РС Македонија, во рамки на кампањата „Првата помош спасува живот“, денеска спроведе обука по прва помош за ученици од СЕПУГС „Арсени Јовков“ – Скопје. Обуката ја посетија генералниот секретар на Црвен крст Саит Саити, министерот за здравство Беким Сали и министерот за образование и наука Јетон Шаќири кои…
Со казна затвор од шест месеци до 5 години може да се соочи сторителот на потпалувањето на влезната врата на Kултурниот центар „Иван Михаилов“ во Битола на 4 јуни. Од ОЈО за НоваТВ пред малку изјавија: – До овој момент, до ОЈО Битола не е поднесена кривична пријава за настанот. Надлежниот јавен обвинител е известен дека едно лице е лишено од слобода и се постапува за утврдување на фактите. МВР бара одредување мерка притвор заради тоа што, како што нагласи Спасовски, се исполнети условите по однос на таквото барање, а министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска информираше дека е…
Денеска (07.06.2022) на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата кон Косово, полициски службеници го лишија од слобода косовскиот државјанин С.Ј. (56). Тој управувал патничко возило комби „фолксваген“, со косовски национални ознаки, а при проверка на возилото, во него била пронајдена поголема количина на роба која ја превезувал, а за која не поседувал никаква документација. Притоа, тој му понудил на полицискиот службеник да го почести, ставајќи му пари во својата косовска патна исправа. По ова С.Ј. бил приведен, а по документирање на случајот од Одделението за прекуграничен криминал и миграции при Регионален центар за гранични работи Север, против него…
Во СВР Тетово велат дека релативно голема сума пари се наоѓа во новчаникот, а од синоќа досега никој не се пријавил дека изгубил новчаник. Вчеравечер (6 јуни) околу 20 часот и 45 минути, 47-годишен жител на тетовско село, движејќи се низ трговски центар на улица „Маршал Тито“ во Тетово, пронашол изгубен женски паричник, по што го предал во полициската станица Тетово. Сопственикот или сопственичката може да дојде во полициска станица и да го подигне паричникот. Во СВР Тетово велат дека релативно голема сума пари се наоѓа во новчаникот, а од синоќа досега никој не се пријавил дека изгубил новчаник. -…