Author: НОВА ТВ Balaban

На територијата на град Скопје вчера во рамки на засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции. Ккао што соопштија денеска од МВР, четири се за возење без возачка дозвола, четири за возач почетник, пет за минување на црвено светло, три за недавање првенство на минување на пешаци, четири за некористење сигурносен појас, четири за користење мобилен телефон, пет прекршоци што ги сториле возачи на велосипеди и моторцикли, 50 за непрописно паркирање. Засилените акциски сообраќајни контроли, најавија, продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за…

Read More

Во изолација сега се наоѓаат вкупно 4.660 лица, а во самоизолација 60 граѓани, а при извршени 2.405 контроли во државата 14 лица во изолација не биле затекнати на лице место. Дел од нив си заминале во странство  Девет лица од Тетово преку граница од изолација, уште 11 свадбари од Тетово и Гостивар избегале во странство…Речиси секој ден полицијата открива вакви прекршувања на Кривичниот законик и ја известува јавноста. Еве и вчера, 4 лица од Гостивар и гостиварските села Чегране, Беловиште и Мало Турчане, иако имале решенија за изолација и домашно лекување, не ги почитувале решенијата и заминале надвор од земјата.…

Read More

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „кражба на дрва“ и „пустошење на шуми“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Џ.Т.(48) од струшкото село Ново село, Р.Л.(31) од Струга, А.Р.(32) од селото Долно Татеши, против едно правно лице со седиште во Ново село., како и против албанските државјани А.З.(43), М.А.(43), К.Е.(29), М.П(35). При контрола извршена на 17.08.2021 година на планината Караорман, полициските службеници ги затекнале албанските државјани при нелегална сеча на буково огревно дрво кое, со коњи  го транспортирале до товарно возило, сопственост на првопријавениот и неговото правно лице. Притоа, со претставници од шумското стопанство „Јабланица“ од Струга,…

Read More

Со ова се избегнуваат сите ограничувања во патувањата како што се дополнително тестирање или карантин.  Министерството за здравство информира дека денеска Европската комисија го усвои националниот Дигитален сертификат на Република Северна Македонија и истиот го смета за еквивалентен на Дигиталниот сертификат на ЕУ. Ние сме прва земја во регионот за која сертификатите за КОВИД-19 ќе се сметаат за еквивалентни на Дигиталниот сертификат на ЕУ. Со ова се избегнуваат сите ограничувања во патувањата како што се дополнително тестирање или карантин. Во неопходни случаи, како што е заштитата на јавното здравје, земјите членки можат да преземат дополнителни мерки. Благодарение на оваа одлука…

Read More

Не фалат обрасци за лични карти, системот е добар, само треба да се изгласа Законот за лични карти, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на својот Фејсбук профил. – Не обвинувам, само ги повикувам тие што се платени од граѓаните да ја вршат работата, да го изгласаат Законот за лични карти, бидејќи овој проблем покренува многу проблеми во секојдневното функционирање и мора да бараме излезно решение за да граѓаните ги остварат своите права, напиша објави Спасовски на ФБ.

Read More

Прилепчанец, баран со потерница, пред два дена во Скопје е уапсен за доиздржување затворска казна во затворот во Прилеп. Од МВР соопштија дека на 17 август 2021 година од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево во Скопје  е лишен од слобода К.Т.(48) од Прилеп, за кого била распишана централна потерница за доиздржување на казна затвор во Прилеп. – При извршена контрола кај него се пронајдени алати и предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со извршени кривични дела и тие се предадени за вештачење, информираат од полицијата. К.Т. е спроведен за доиздржување на затворската…

Read More

Кога тоа г. Мицкоски ќе го прави и ќе настапува во една мултиетничка и мултирелигиска држава тогаш може да очекува поддршка од сите подеднакво, рече Заев Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, денеска му порача на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, дека доколку сака поддршка од сите граѓани треба да се обрати до сите заедници, а не само кон една. Заев ова го изјави одговарајќи на новинарско прашање за можната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците и Алтернатива. – Да продолжиме сите да се враќаме кон граѓаните, се надевам и тој, еднакво за сите. Кога тоа г. Мицкоски…

Read More

Имало таква можност да се гласа и со истечени лични карти претходно, но проблемот е што граѓаните во банките не можат да земат пензија или социјална помош. Тука се бара решение, веќе разговаравме на Влада, рече денеска Заев. Постои техничка можност граѓаните со истечен рок на лична карта да можат да гласаат на локалните избори на 17 октомври, изјави премиерот Зоран Заев денеска во Јегуновце. Инаку, нови лични карти не се издаваат, предлог-законот за лични карти е блокиран, со повеќе од 1.500 амандмани поднесени од опозицијата, а 1.200 се од партијата Левица. Според Заев, Левица со овие амандмани се однесува…

Read More

Откриено е дека оние што се инфицирале откако ги примиле двете дози на вакцината, може да претставуваат поголем ризик за другите луѓе. Најнова студија во Обединетото Кралство покажала дека во рок од три месеци опаѓа заштитата што ја обезбедуваат вакцините на „Фајзер“ и на „Астра зенека“ против доминантниот делта-сој на коронавирус, пренесуваат медиумите во регионот. Откриено е дека оние што се инфицирале откако ги примиле двете дози на вакцината, може да претставуваат поголем ризик за другите луѓе. Студијата на Универзитетот во Оксфорд, заснована на повеќе од три милиони примероци земени од нос и грло низ Британија, покажала дека 90 дена…

Read More

В петок попладне претежно во јужните делови ќе има локален пороен дожд и грмежи. Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 11 до 20, а максималните ќе се движат од 29 до 35 степени. УВ индексот ќе биде 8. Во Скопје ќе преовладува претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната до 32 степени. Од УХМР информираат дека во наредните денови не очекува променливо…

Read More

Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.  Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 624.819 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 11.925 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 16.955 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.115.988 дози вакцини, а ревакцинирани се 491.169 граѓани.    Со последните бројки 68% од населението…

Read More

Две женски лица од Тетово на возраст од 20 и 51 година, со решенија за изолација, при контролата не се наоѓале во нивниoт дом, туку во угостителски објект На 17.08.2021 во периодот од 10.00 до 22.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, во рамките на редовните контролни активности на лица со решенија за изолација издадени од Државен санитарен и здравствен инспекторат, утврдиле дека вкупно девет лица од гостиварските села Градец, Добридол и Сенокосе, иако имале решенија за изолација и домашно лекување, не ги почитувале решенијата и заминале надвор од земјата. Против лицата, од кои седум се женски…

Read More