Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Десетици граѓани наместо во изолација, во странство – 351 кривична против 434 лица зашто не биле дома

0
By НОВА ТВ Balaban on August 19, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 19, 2021 16:19
Во изолација сега се наоѓаат вкупно 4.660 лица, а во самоизолација 60 граѓани, а при извршени 2.405 контроли во државата 14 лица во изолација не биле затекнати на лице место. Дел од нив си заминале во странство 

Девет лица од Тетово преку граница од изолација, уште 11 свадбари од Тетово и Гостивар избегале во странство…Речиси секој ден полицијата открива вакви прекршувања на Кривичниот законик и ја известува јавноста.

Еве и вчера, 4 лица од Гостивар и гостиварските села Чегране, Беловиште и Мало Турчане, иако имале решенија за изолација и домашно лекување, не ги почитувале решенијата и заминале надвор од земјата. Против лицата, кои се на возраст од 24 до 74 години, ќе бидат изготвени соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ согласно член 206 од Кривичниот законик.

Граѓаните се прашуваат: како овие граѓани кои имаат решенија за изолација ја напуштаат земјата ? Зарем граничните полицајци немаат список на лица кои се во изолација и самоизолација, па дел од нив наместо во карантин, си заминуваат во странство, при што го кршат Кривичниот законик и постои  голема опасност да го прошират вирусот на други лица.
Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) велат дека тие само ги издаваат решенијата за изолација и самоизолација, а полицијата е надлежна за контрола, а и дека јавното обвинителство има ингеренции да постапува по предмети против лица кои не ги почитуваат решенијата.
МВР: Проверка на мерката „изолација“ и „самоизолација“ се врши дома 
Од почетокот на мерките до денес, поднесени се 351 кривична пријава против 434 сторители, кои што од страна на полициските службеници не биле затекнати во моментот на пропишаната адреса за спроведување на решенијата на ДЗСИ, велат од МВР за НОВА ТВ.
Во врска со тоа дали има начин вработените на граничните премини, во граничната полиција, да располагаат со информација од ДЗСИ (Државен здравствен и санитарен инспекторат) за кои лица е издадено решение за мерките „изолација“ и „самоизолација“, за тие да не можат, без проблеми како сега, да ја напуштат земјата, од Одделот за односи со јавноста и стратешки прашања во МВР  информираат:
– Согласно постоечките владини мерки и протоколи поврзани со превенцијата и здравствена заштита на граѓаните од пандемијата од “ковид 19“, Министерството за внатрешни работи, односно полицијата, има обврска да го контролира физичкото присуство на лицата за кои е донесено Решение за “изолација“ или “самоизолација“ од страна на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, на местата каде што тие мерки треба да се спроведат (домовите, т.е дадените адреси на живеење/престој на лицата). Тоа секојдневно се прави од 26.02 2020 година, односно од почетокот на пандемијата до денес – велат од полицијата.
Оттаму додаваат:
– За илустрација, во текот на изминатото деноноќие 18/19.08 извршени се вкупно 2.405 контроли на лица во изолација на територијата на цела држава при што 14 лица не биле затекнати на лице место, и уште 47 контроли на лица во самоизолација, без прекршувања на мерката (следствено последните бројки според кои во моментов, до посочениот датум, во изолација се наоѓаат вкупно 4.660 лица, а во самоизолација 60 граѓани) – појаснуваат од МВР и нагласуваат: „Сите лица кои што се евидентирани како прекршители на мерките (при полициските контроли) подлежат на кривични санкции“.
– Притоа, за нарушување на овие мерки, полицијата има надлежност, и тоа го прави од почетокот на спроведувањето на мерките, да поднесе кривични пријави (најчесто по член 206 или член 205 од КЗ на РСМ). Во тој контекст, од почетокот на мерките до денес, поднесени се 351 кривична пријава против 434 сторители, кои што од страна на полициските службеници не биле затекнати во моментот на пропишаната адреса за спроведување на решенијата на ДЗСИ. Независно дали тие лица биле краткотрајно отсутни во времето на контролата или пак од други причини ги нарушиле мерките “изолација“ и “самоизолација“ (вклучително и со излез од земјата) – додаваат од МВР. 
За овие две кривични дела согласно членовите 205 или 206 од Кривичниот законик предвидени се парични и казни затвор од една до 10 години.
ЈОРМ: Веќе има пресуди и казни, но извршувањето е во надлежност на судот 
За овие, веќе масовни прекршоци од страна на лицата кои треба да се во изолација, побаравме одговор и од Јавното обвинителство на Република Македонија.
– Јавното обвинителство веќе постапува во повеќе предмети против лица кои не ги почитуваат решенијата за домашна изолација и ја напуштаат земјата како потврден случај на ковид-19. По поднесени кривични пријави од Министерството за внатрешни работи, постапката за овие лица се води како и во останатите предмети кои се однесуваат на кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик – одговараат од ЈОРМ.    
Од Јавното обвинителство додаваат:
– Во зависност од спецификите на секој предмет поединечно, јавните обвинители по завршување на претходната постапка поднесуваат обвинителен предлог или предлог за издавање казнен налог до надлежниот суд, кој понатаму носи пресуда и изрекува казна за стореното кривично дело. Во дел од предметите веќе се изречени пресуди и се определени парични казни, а извршувањето на санкциите е во надлежност на судот – нагласуваат од ЈОРМ. 
Љубица Балабан
Изолација Јавното обвинителство Кривичниот законик МВР Самоизолација странство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.