Author: НОВА ТВ Balaban

Во Индија, сериозно погодена од епидемијата на коронавирус, огромните сметки за здравствена заштита се ноќeн кошмар за милиони луѓе. Повеќето Индијци немаат здравствено осигурување, а трошоците за лекување на ковид-19 ги фрла во долгови, јавува Beta/AP. Според искуството на родителите на еден од пациентите, агенцијата АП дојде до информација дека досега дале повеќе од 50.000 американски долари за итни служби, тестови, лекови и сместување во болница, од кои половина е помош од други, а остатокот се позајмени пари што треба да се вратат. Таткото на болното момче, отпуштен експерт за маркетинг, вели: „Јас бев неговиот горд татко, и сега станав…

Read More

Од  Кривичниот суд Скопје денеска испратија соопштение за случајот со Драги Рашковски, а како што се наведува, „во однос  на тенденциозните обиди да се дискредитира работата на Кривичниот суд и да се манипулира со официјалните информации кои судот ги објавува, а се од интерес на јавноста и се во правец на транспарентно и отчетно работење“. Кривичниот суд Скопје, уште еднаш, ја информира јавноста дека: Предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за замена на мерката куќен притвор во ефективен притвор за Д.Р.- осомничен во предметот познат како „Нелегална набавка на софтвер“, од страна на Кривичниот совет…

Read More

Невалидни се високите вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 суспендираните честички на aвтоматската мониторинг станица за квалитет на aмбиентен воздух во Кичево, кои пред кратко време се појавија како резултат на стабилизација на мерните инструменти по настанати неколку краткотрајни прекини со напојување со електрична енергија во различни часовни интервали во периодот од 11:00 до 14:00 часот, информира Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). – Притоа, настанат е прекин во мерењата на сите параметри за квалитет на воздух, вклучувајќи ги и мерењата на концентрацијата на ПМ 10 и ПМ 2,5 честичките. По доаѓањето на електричната енергија мерните инструменти…

Read More

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.М. (45) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Тој, со намера да прибави противправна имотна корист, на 27.06.2021 година, довел во заблуда повозрасен жител на Охрид, на кого, во телефонски разговор, претставувајќи се дека е лекар што го лекувал во една скопска болница, му кажал дека треба да му помогне на неговиот внук, кој на граничен премин имал проблем со автомобилот. Притоа, побарал и добил 40.000 денари.

Read More

Силна експлозија во хемиски комплекс го потресе денеска германскиот град Леверкузен, по што голем облак од црн чад се издигна над градот. Германската федерална канцеларија за цивилна заштита и помош при катастрофи ја класифицираше експлозијата како „екстремна закана“ и побара од жителите да останат во своите домови и да ги затворат прозорците и вратите, јави ДПА. Операторите на хемискиот комплекс „С hempark“ во Леверкузен, околу 20 километри северно од Келн, соопштија дека се уште не е позната причината за експлозијата. Неколку лица се повредени, а некои патишта се делумно блокирани за сообраќај, соопшти полицијата во Келн. На Твитер е објавено…

Read More

Во следните денови времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината и ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високите температури. Утринските температури утре ќе се движат од 14 до 22 степени, а дневните од 32 до 41 степен, соопшти денеска Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје утринската температура ќе достигне до 22 степени, а дневната до 40 степени. Наместа вдолж Повардарието температурата ќе го надминува 40-тиот степен. В понеделник ќе дува засилен ветер од западен, а попладне од северен правец кој ќе предизвика благо опаѓање на температурите во северните делови, а во јужните…

Read More

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 02 Aвгуст (понеделник), Ден на Републиката е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита Денот на Републиката.

Read More

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 495.967 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 5.650 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 18.149 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 847.336 дози вакцини, а ревакцинирани се 351.369 граѓани. Со последните бројки 63% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 60% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 55% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина…

Read More

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека датумот на локалните избори нема да се менува. Според тоа што го утврдиле работните групи,  пописот се поклопува со кампањата за локалните избори само три дена, а тоа не прави голема разлика. – Датумот, според предлогот од работните групи, во кои учествуваат сите политички партии е 17-ти, односно нема промени на датумот утврден во самиот Изборен законик. Имаше дилеми поради поклопување на трите дена од пописот со кампањата, но се одлучи дека трите дена не менуваат ништо. Пописот е обична активност којашто финишира преку ден, a кампањите се водат навечер – рече Заев.

Read More

По вчерашниот инцидент во Општина Карпош, во кој се степале сопруг на вработена во општината и нејзиниот љубовник, „подебелиот крај“ го извлекол сопругот кој бил прободен со нож од швалерот на сопругата, кој, инаку, исто така бил вработен во општината, градоначалникот Стефан Богоев им дал отказни решенија на двајцата љубовници. Тие биле ангажирани со договор на дело во општина Карпош. Во просториите на оваа општина вчера се случувала вистинска љубовна драма во која учествувале токму вработените во општинската администрација. И градоначалникот Богоев вчера го потврди немилиот настан, по што им дал и отказ на вработената  од одделението за поддршка на…

Read More

Министерството за труд и социјална политика известува дека денеска започна етапната исплата на јулските пензии.  Ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: до 11.000 денари исплатата е денеска, утре (28 јули) се исплаќаат пензии од над 11.000 до 14.000 денари, задутре ( 29 јули)  од 14.001 до 18.000 денари, а во петок (30 јули) тие со висина од над 18.001…

Read More

Нов топлотен бран со температури и над 40 степени Целзиусови ќе настапи од задутре, среда, а ќе трае до недела, за кога се очекува да биде активирано и портокаловото ниво на опасност, најавуваат синоптичарите од УХМР кои веќе го објавија алармот на нивната веб страна. Од ЈП Водовод и канализација – Скопје со апел скопјани рационално да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури! Од Службата за итна медицинска помош ги предупредуваат граѓаните – кој не мора да не излегува надвор во најтоплиот период од денот – од 10 до 18 часот! Се очекува Министерството за здравство да…

Read More