Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривичен суд Скопје појаснува за куќниот притвор на Драги Рашковски

0
By НОВА ТВ Balaban on July 27, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 27, 2021 16:19

Од  Кривичниот суд Скопје денеска испратија соопштение за случајот со Драги Рашковски, а како што се наведува, „во однос  на тенденциозните обиди да се дискредитира работата на Кривичниот суд и да се манипулира со официјалните информации кои судот ги објавува, а се од интерес на јавноста и се во правец на транспарентно и отчетно работење“.

Кривичниот суд Скопје, уште еднаш, ја информира јавноста дека:

Предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за замена на мерката куќен притвор во ефективен притвор за Д.Р.- осомничен во предметот познат како „Нелегална набавка на софтвер“, од страна на Кривичниот совет е отфрлен како неоснован со оглед да со решението за продолжување на мерката – куќен притвор од 02.07.2021 година не опстојува дополнителна мерка – Забрана за комуникација со лица опфатени со кривично правниот настан или Забрана за употреба на средства за комуникација, што е евидентно и од самото решение на Кривичниот совет достапно во прилог, соопштија денеска од  Кривичниот суд Скопје за случајот со Драги Рашковски.

– Неспорно е дека токму Кривичниот совет на овој суд, по добиена жалба на Јавниот обвинител, изјавена против решение на судија на претходна постапка, на 21.04.2021, ја уважил жалбата и мерката куќен притвор ја заменил со мерка ефективен притвор. Мерката притвор од Кривичниот совет на 20.05.2021 година била продолжена за нови 30 дена, за на 04.06.2021 Апелациониот суд – Скопје да го укине решението на советот и да определи мерка – куќен притвор со дополнителни мерки за претпазливост. Но, на 02.07.2021, по предлог на надлежниот обвинител, од страна на Кривичниот совет, мерката куќен притвор е продолжена без дополнителни мерки за претпазливост, кое решение на советот е доставено до Јавниот обвинител и потврдено од Апелациониот суд Скопје.

Заради сето тоа, Кривичниот совет, водејќи се исклучиво по Законските одредби и ценејќи дали е прекршена определената мерка која опстојува со решение во моментот на поднесениот предлог, донел одлука за одбивање на предлогот, се вели во соопштението.

Драги Рашковски Кривичен суд Скопје случајот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.