Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Над 40 степени од среда, не излегувајте од дома ако не е итно!

0
By НОВА ТВ Balaban on July 26, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 26, 2021 16:20

Нов топлотен бран со температури и над 40 степени Целзиусови ќе настапи од задутре, среда, а ќе трае до недела, за кога се очекува да биде активирано и портокаловото ниво на опасност, најавуваат синоптичарите од УХМР кои веќе го објавија алармот на нивната веб страна. Од ЈП Водовод и канализација – Скопје со апел скопјани рационално да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури! Од Службата за итна медицинска помош ги предупредуваат граѓаните – кој не мора да не излегува надвор во најтоплиот период од денот – од 10 до 18 часот! Се очекува Министерството за здравство да ги активира препораките за заштита од топлотни бранови.

Од УХМР прогнозираат дека од денес до крајот на оваа седмица под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Во следните денови на повеќе места температурите ќе бидат над 35 степени. На одделни места крај Повардарието температурата ќе го надмине и 40-тиот степен.

– Алармот за портокалово ниво на опасност го активиравме од задутре до недела, бидејќи се очекуваат температури и до 41 степен, а во Скопје 40 степени Целзиусови. Оваа топла воздушна маса доаѓа од југот, а не е исклучено тоа да е Африка. Температурите ќе бидат натпросечни и екстремно високи, затоа и го активираме портокаловото ниво и го известивме и Министерството за здравство. Вредноста на УВ индексот ќе изнесува девет, а влагата во воздухот нема да биде зголемена – вели Јулијана Фидановска  Мишкоска, дежурен синоптичар во УХМР.

Секоја висока температура е опасна!

Во врска со тоа дали сме колку-толку прилагодени на високите температури, бидејќи ова е веќе трети или четврти топлотен бран ова лето, а ќе трае пет дена, како и за што треба дополнително да внимаваме, лекарите предупредуваат:   портокалово ниво,

– Секоја висока температура е опасна и затоа остануваат препораките граѓаните колку што може повеќе да не се движат и излегуваат надвор, единствено доколку имаат итна потреба. Најдобро е оние кои не мора да одат на работа, да седат дома и тоа, нагласуваме, во умерено студена просторија бидејќи разликата во температурата внатре и надвор никако не смее да биде поголема  од 10 степени! Ако разликата во температурите е  значителна, односно ако температурниот максимум е поголем од 10 степени, тоа  може да предизвика колапс. Така да, ако надвор е 37 степени, престојот во домашни услови или на работното место треба да е на околу 27 степени – вели д-р Милица Бубало, раководителка на скопската Служба за итна медицинска помош.

Таа ги повторува препораките за носење лесна и светла облека, пиење доволно течности, а кој мора да излезе од дома, за неопходна потреба, тоа да го стори рано наутро или подоцна навечер кога температурите се пониски.

– Граѓаните да внесуваат течности но и доволно сол, да се внесува и само малку посолена храна, но да внимаваме да не го зголемиме  крвниот притисок. Уште еден апел до граѓаните, бидејќи имаме и многу повици за совети за горештините и друго, да се јавуваат на линијата „Ало докторе“ за одговори на овие прашања, за да бидат слободни телефонските линии на Итната служба за состојби кои се итни случаи на кои нашите екипи треба да интервенираат – додава д-р Бубало.

Телефонот на службата „Ало докторе“ е 15-123.

Во Грција и до 44 степени!

И Грција се подготвува за екстремен топлотен бран, со температури кои би требало да се искачат до 44 степени Целзиусови во наредните денови, јавува ДПА.

Грчката метеоролошка служба и Националната цивилна заштита денеска издадоа предупредување, а прогнозираат жештините да траат до 8 август, што е невообичаено долг период.

Од утре натаму се очекува во текот на ноќта температурата на воздухот да биде над 30 степени, што е особено тешко за човековиот организам со оглед на тоа дека не може да се опорави од жештините.

Љубица Балабан

Милица Бубало над 40 степени Целзиусови Температури топлотен бран ќе настапи УХМР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.