Author: НОВА ТВ Balaban

Српската полиција рано утрово запрела државјанин на Северна Македонија на возраст од 32 години, кој возел пијан и дрогиран по автопатот Ниш- Белград со брзина од 173 километри на час, на место каде што ограничувањето изнесува 130 километри на час, јави дописникот на МИА од Белград. Како што се наведува во соопштението на српското Министерство за внатрешни работи, сообраќајната полиција на наплатната рампа Врчин кај Белград околу 4,43 часот запрела автомобил марка „Порше Карера“, управувано од државјанин на Северна Македонија. Утврдено е дека тој возел без да има положено возачки испит и со 0,28 промили алкохол во организмот, додека со…

Read More

Во пресрет на претстојниот празник Курбан Бајрам, Секторот за внатрешни работи – Скопје ги информира граѓаните дека Одделението за превенција деновиве ќе реализира повеќе работни состаноци со граѓанскиот сектор, на кои ќе се укаже на потребата од почитување на законската и подзаконска регулатива за продажба и колење на животни по повод празникот, вклучително и мерките за заштита од ширење на КОВИД-19. – Секторот за внатрешни работи Скопје укажува дека годинава по повод празникот, продажбата на добиток, за кој мора да се поседува соодветна документација, ќе се врши исклучиво на Сточниот пазар во село Трубарево, додекa продажбата на други локации, како…

Read More

Министерството за здравство информира дека теренската вакцинација утре (петок) 16.07.21 ќе се одвива во следните населени места: Делчево – Косевица, Костин Дол Тетово – Доброште, Нераште Гостивар – Добридол, Неготино, Топлице,Сенакосе,Горјане Ресен – Грнчари, Подмочани Штип – Горачино, Лесковица, Пиперово, Брест Долнени – Бело поле, Новоселани, Заполжани, Вранче, Кутлешево, Средорек Прилеп – Мариово Св. Николе – Горобинци Кратово – Карвак Виница – Градец, Лески Демир Хисар – Сладуево, Журче, Прибилци,Ново село Валандово – Раброво, Калково Берово – Будинарци Струга – Франгово Ростуше – Жировница Дебар –  Брештани (Горенци) Струмица – Костурино Неготино – Дуброво, Бистренци Пробиштип – Злетово Валандово…

Read More

Децата на возраст од 12 до 16 години кои изразиле желба за вакцинација во текот на утрешниот ден ќе добијат термин за вакцинирање, кое за нив ќе почне од понеделник. Вакцинирањето ќе биде во постоечките вакцинални пунктови во градот каде го навеле при пријавувањето, одговараат за НоваТВ од Министерство за здравство. Според податоците од националниот систем Мој Термин, до денеска напладне вкупно 1623 деца и млади од 12 до 18 години покажале интерес за вакцинирање. Најголем број се од Скопје и тоа во Поликлиника: Букурешт 376, Јане Сандански 267, Чаир 101, Бит Пазар 5. Најмалку, односно само по 1 има…

Read More

Општина Центар ја отплати последната рата од кредитот подигнат за изградба на катната гаража „Судска Палата“, спроти комплексот факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, до зградата на МРТВ. Кредитот за изградба на катната гаража бил подигнат во 2011-тата година, од страна на тогашното општинско раководство и изнесувал вкупно 2.535.000 евра, односно околу 156.200.000 денари. Со кредитот се финасирала изградбата на катната гаража „Судска Палата“, која заврши кон крајот на 2012-та година и во моментов, во склоп на гаражата, се наоѓаат и административните простории на општинското јавно претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“. Подигнатиот кредит имаше рок на отплата од 10…

Read More

На 14 јули 2021 во 16.40 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од ул.„Коце Металец“ и сервисна улица, патничко возило „ауди А5“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(46) од Скопје удрило во пешакот Б.З.(45) од Скопје. На местото на незгодата починала Б.З. Смрт констатирал лекар, а извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Read More

Министерот за здравство, Венко Филипче,  учествуваше на состанок на Управниот одбор на Македонско-турската стопанска комора во Македонија (МАТТО), при што во обраќето на присутните и се заблагодари за помошта и поддршката која многу компании членки на Комората ја дадоа на јавното здравство, на бизнис заедницата, како и на населението во услови на пандемијата.  Како што информира Министерството за здравство, на состанокот Филипче ја истакна средбата со турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, и донацијата на вакцини, која нашата земја ја доби од Турција и беше значајна за нас. – Особено важно за сите нас е што во периодот на пандемијата видовме…

Read More

Голем е интересот за вакцинација без закажан термин. Со прва доза и без закажан термин се вакцинираат возрасни лица што сакаат да се вакцинираат, во пунктовите во Здравствените домови низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата. Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, информираат денеска од Министерството за здравство и апелираат до…

Read More

Зголемен е бројот на сообраќајни несреќи во последниве денови, па возачите на моторни возила, мотоцикли, но и на велосипеди и тротинети треба многу повеќе да внимаваат кога возат во услови на т.н акумулирана топлина, односно кога подолго време се одржуваат високите надворешни температури. Топлотниот бран во земјава, со температури над 35 степени, трае веќе цел месец. Оваа акумулирана топлина може да биде една од главните причини за зголемениот број сообраќајки, од кои неколку имаа и фатален исход – како ударот во велосипедистот,  предупредуваат лекарите. И денеска се прогнозира многу топло време во целата земја, со температури дури и над 40…

Read More

Голема трагедија ги потресе штипјани, но и граѓаните од целата земја. Откако 25-годишно момче од Штип вчера си го одзело животот на археолошкиот локалитет Баргала, неполни 24 часа по него, синоќа се самоубила и 22-годишна девојка. Таа посегнала по својот живот во селото Аргулица. Според првичните информации, двајцата млади биле во врска, а неофицијалните велат дека мотивот за овој трагичен чин е, наводно, недозволена љубов помеѓу нив. Од СВР Штип за Нова ТВ изјавија: – За жал, точно е дека се случија два трагични настани во Штип. Мотивот не можеме да кажеме што е, но точно е дека имало некаква…

Read More

Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Северна Македонија за студиската 2021/2022 година. Согласно Конкурсот, за академската 2021/2022 година за студентите се обезбедени 5235 легла во државните студентски домови и други сместувачки објекти, од кои 1249 се за студенти од прва година, а 3986 легла се предвидени за студенти од втора, трета, четврта, петта и шеста година, како и за апсолвенти. Право на прием имаат редовни студенти кои се државјани на Република Северна Македонија и се школуваат надвор од местото…

Read More

Минатата недела ширум светот беа пријавени околу три милиони случаи на инфекција со коронавирус и над 55.000 смртни случаи што е зголемување за 10 проценти во бројот на заразени, и три проценти во бројот на починати во однос на претходните седум дена, соопшти СЗО. Претходно, смртноста се намалуваше повеќе од два месеци. Од 5 до 11 јули регистрирани се 2.996.465 заразени лица и 55.830 смртни случаи ширум светот. Заклучно со 11 јули имало вкупно 186.240.393 заразени и 4.027.861 смртни случаи. Најголем број заразени лица за една недела во СЗО е пријавен од Бразил (333.030). Следуваат Индија (291.789), Индонезија (243.119), Велика Британија (210.277) и Колумбија (174.320).…

Read More