Децата на возраст од 12 до 16 години кои изразиле желба за вакцинација во текот на утрешниот ден ќе добијат термин за вакцинирање, кое за нив ќе почне од понеделник. Вакцинирањето ќе биде во постоечките вакцинални пунктови во градот каде го навеле при пријавувањето, одговараат за НоваТВ од Министерство за здравство.

Според податоците од националниот систем Мој Термин, до денеска напладне вкупно 1623 деца и млади од 12 до 18 години покажале интерес за вакцинирање. Најголем број се од Скопје и тоа во Поликлиника: Букурешт 376, Јане Сандански 267, Чаир 101, Бит Пазар 5. Најмалку, односно само по 1 има во Кратово, Македонска Каменица, а по 2 Вевчани, Демир Хисар, Македонски Брод.

Во останатите градови пријавени се : Тетово 103, Битола 99, Куманово 86, Охрид 76, Велес 70,  Кавадарци 53, Гостивар 49, Струмица 43, Гевгелија 40,  Штип 38, Струга 25, Неготино 15, Кочани 14, во останатите гардови бројките се под 10 пријавени.

Пријавувањето ќе продложи, а рокот за добивање термин за вакцинација – од пријавување на деца до вакцинирање – ќе биде најмногу во период од една недела.

(Љ.Б.)