Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 39-годишен кумановец, поради постоење на основано сомнение дека ги сторил кривичните дела – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 став 1 и Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а став 3 во врска со став 1 во врска со став 45 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот во својот дом во Куманово, во повеќе наврати во временскиот период од мај до јуни 2021 година, извршил друго полово дејствие врз дете, негова ќерка. Притоа ги…
Силен земјотрес од 6 степени според Рихтеровата скала го погоди североисточниот дел на Калифорнија, и предизвика лизгање на земјиштето во областа на планините Сиера Невада, а земјотресот се почувствува во речиси целата американска држава. Најсилниот удар се случил во 15:49 часот по локално време, на околу 200 километри источно од Сакраменто. Во следните два часа, Калифорнија ја потресоа уште 50 помали земјотреси, со јачина помеѓу 2,5 и 4,6 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот активирал свлечиште, па карпи почнале да паѓаа на автопатот број 395 , каде биле оштетени и неколку возила. Но, за среќа, никој не бил повреден. Сеизмолошката служба…
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, оствари средба со генералниот обвинител на Руската Федерација Игор Краснов. Во рамки на досегашната успешна соработка помеѓу двете обвинителства, на средбата беше потенцирана заедничката заложба за размена на искуства во борбата против организираниот, транснационалниот и компјутерскиот криминал, како и заштитата на човековите права, се наведува во соопштението од ЈОРСМ. Јовески и Краснов, како што стои во соопштението, се согласиле дека меѓународната соработка е основа за поуспешна борба со криминалот, како задача на обвинителската професија. Јовевски учествува на меѓународната конференција во Санкт Петербург „Улогата на обвинителствата во заштитата на индивидуалните права и јавниот…
Државниот инспекторат за животна средина на 7. јули спроведе вонреден инспекциски надзор на депонија лоцирана во близина на селото Добрашинци што се користи за отстранување на отпадот од Струмица. Депонијата во моментот на надзорот не беше опожарена, но граѓаните од околината се жалат дека таа често гори. Областа зафатена со депонирање има површина од 12 хектари и истата е оградена. Има можност за неовластен пристап, што повремено се злоупотребува за потпалување на депонијата. Заради високите температури се јавува и самозапалување. На теренот има механизација што врши прекривање со земја, а се доведува и вода за гасење од системот во состав…
Задолжителна двонеделна самоизолација е воведена денеска за оние кои влегуваат во Словачка и кои не се вакцинирани против коронавирусот. Ова важи и за членовите на семејствата на локалните граѓани кои не ги придружувале во странство, објави словачката ТВ ТА-3. По петтиот ден, самоизолацијата може да се прекине предвреме откако ќе биде направен негативен тест на Ковид-19. Слободно влегување во земјата е дозволено само за вакцинирани лица кои приложиле документ на англиски јазик, преведен на словачки или чешки јазик. За нив се означени специјални ленти на граничните пунктови. При транзитен премин, автомобилите кои влегуваат во земјата мора да ја напуштат најдоцна…
Вакцините и фрижидерите се „на готовс“, а освен лекарските тимови, забрзани подготовки и последни проверки на возилата прават и возачите кои од понеделник ќе треба да поминат и повеќе од 50 километри на ден за да стасаат и до најодалечените жители во селата коишто сакаат да се заштитат од ковид-19. А во селата деновиве е посебна приказна – се чистат и дотеруваат училиштата и амбулантите, се лепат плакати во месните заедници со кои населението се информира зошто е добро да се вакцинира… А главно место за вакцинација, ако нема посоодветен пункт, сепак ќе биде сред село…секако под дебела сенка, за…
Бременоста може да биде стреснa, a особено во пандемија. Наодите од неколку различни истражувања покажуваат дека бремените жени се подложни на коронавирусна зараза, но и дека осум насто од испитаничките имале потежок облик на заболување што довело до компликации. Често прашање што го имаат бремените жени е – како болеста може да влијае на бебето додека е во стомакот? Она што дефинитивно се препорачува е – секогаш да го информирате вашиот лекар ако имате висока температура за време на бременоста, бидејќи одредени вируси може да влијаат на здравјето на вашето бебе. Коронавирусот не е опширно проучен, така што никој не…
Убиени се четворица наводни „платеници“ и заробени уште двајца, по атентатот врз претседателот на таа карипска земја, Жовенал Моиз, во неговиот дом на 7 јули. соопшти полицијата на Хаити. Но, од полицијата нагласиле дека повеќе осомничени се сè уште на слобода. По вчерашното убиство на 53-годишниот претседател Жовенал Моиз, привремениот премиер, Клод Жозеф, објави национална „состојба на опсада“ и рече дека сега владее со земјата.
Жена од Доброште е приведена во полициска станица поради напад врз нејзината свекрва, информираат од СВР Тетово. – Околу 23 часот и 20 минути во тетовско Доброште службеници на СВР Тетово ја лишиле од слобода 31-годишната жена од ова село, која во семејниот дом , дваесетина минути пред тоа, физички ја нападнала нејзината 65-годишна свекрва и ја оштетила покуќнината, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. Жената е задржана во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што против неа ќе следува соодветен поднесок.
Европскиот парламент усвои извештај со кој се препорачува прием на Бугарија и Романија во шенген зоната, бидејќи ги исполниле условите. !„За“ приемот гласаа 505 гласа европратеници, 134 беа „против“, а 54 беа „воздржани“, се наведува во соопштението на ЕП. Хрватска ги исполни сите услови за влез во шенген зоната, според резолуцијата на ЕП , но исто така се повика Загреб да ги реши недостатоците во обуката на персоналот на границата и „да инсистира на темелна проценка на почитувањето на основните права“. ЕП повика на продолжување на слободното движење во рамките на шенген зоната, што беше прекинато од пандемијата со Ковид-19.…
Државниот секретар на Министерството за здравство на Србија, Мирсад Ѓерлек, денеска изјави дека одговорот на младите на вакцинацијата против Ковид-19 е незадоволителен, бидејќи изнесува само 17,2 проценти, и дека мора да се забрза во текот на летото. – Со толку низок процент на имунизација на младите и со делта сој што ќе ја покаже својата сила само за еден месец или два, едвај можеме да чекаме мирна есен и неизбежен е четвртиот бран, што веројатно ќе дојде пред есента, изјави тој за РТС. Според него, во Србија досега се вакцинирани 2.416.560 возрасни граѓани на Србија, што е 48,4 проценти. Ѓерлек…
Правилата и предусловите за патување во Грција, што вклучуваат документ поврзан за Ковид-19 и пополнет PLF формулар, а меѓу другото, важат и за државјаните на Северна Македонија, остануваат непроменети и се продолжени за уште една седмица, јави дописничката на МИА од Атина. Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, веќе е објавена во Службен весник на Грција, стапи во 6 часот утрово, а важи до 15 јули 2021 година и за патување кај јужниот сосед предвидува задолжителен документ поврзан со Ковид-19, односно или сертификат за вакцинација, 14 дена по примената втора доза,…