Убиени се четворица наводни „платеници“ и заробени уште двајца, по атентатот врз претседателот на таа карипска земја, Жовенал Моиз, во неговиот дом на 7 јули. соопшти  полицијата на Хаити.

Но, од полицијата нагласиле дека повеќе осомничени се сè уште на слобода.

По вчерашното убиство на 53-годишниот претседател Жовенал Моиз, привремениот премиер, Клод Жозеф, објави национална „состојба на опсада“ и рече дека сега владее со земјата.