Author: НОВА ТВ Balaban

Од Делта сојот во земјата досега се заразени десетмина, откако беше потврдено дека оваа мутација е откриена кај четворицата сомнителни за  кои вчера информираше министерот за здравство, Венко Филипче. Меѓу потврдените десет случаи со Делта сој се и татко и син од Тетово, потврдија за НоваТВ од Институтот за јавно здравје. Од Општата болница во Велес потврдуваат дека кај нив на инфективното одделение е само еден пациент кај кого е потврден Делта сој на вирусот. – Тој ги почувствувал симптомите уште пред да замине од Англија, почнал да кашла, но не очекувал дека ќе заболи токму од ковид-19. Пациентот има…

Read More

Тинејџери на 17-годишна возраст се досега најмладите во земјата коишто се вакцинирале против ковид-19. Меѓу најмладите имунизирани кои примиле една доза се 11 лица, а осуммина од нив се заштитиле со две дози против ковид-19. Според извештајот на Институтот за јавно здравје за периодот од 28.јуни до 4. јули 2021 година, со најмалку една доза вакцина досега се имунизирале 11. 198 лица на возраст од од 17 до 27 години, а втора доза примиле вкупно 5.597 лица. Како што денеска изјави министерот за здравство, Венко Филипче, ќе се дозволи вакцинирање на деца од 12 до 16 годишна возраст  со вакцината…

Read More

Од 28 јуни до 04 јули 2021, тестирани се вкупно 17.795 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно  и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 0,9% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 40 нови позитивни случаи од девет градови во државата, со намалување од 16,7% во однос на минатата недела, пишува во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје. Не се пријавени смртни случаи асоцирани со COVID-19 од 28.06 до 04.07.2021 година. А најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=21; 52,5%), со неделна инциденца – 3,4/100.000. Највисока неделна инциденца од 23,1/100.000 е регистрирана…

Read More

Претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, е убиен во напад извршен во неговата приватна резиденција, јавија локалните медиуми. Во изјавата на привремениот премиер на Хаити, Клод Џозеф, се вели дека смртоносниот напад се случил во денеска во раните утрински часови. – Група лица кои не се идентификувани, од кои некои зборувале шпански, ја нападнале приватната резиденција на претседателот на Републиката и смртно го повредија шефот на државата, напиша премиерот.

Read More

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус, смета дека пандемијата на коронавирусот во моментов е во многу опасна фаза. – Иако постигнавме напредок во контролирање на пандемијата, таа сè уште е во многу опасна фаза“, рече шефот на СЗО на состанокот на ACT (Accelerator Council), глобалната рамка за соработка против Ковид-19, пренесуваат агенциите. Тедрос верува дека во сегашната ситуација, единствениот излез е да се поддржат земјите во фер дистрибуција на опрема за лична заштита, тестови, третман и вакцини, бидејќи земјите со доволно инструменти за борба против новиот коронавирус веќе почнаа да ги олеснуваат ограничувањата на пандемијата, додека оние кои речиси…

Read More

„Римац автомобили“ го презеле „Бугати“ е веста што одекна во најпознатите светски агенции и бизнис портали. Во Дубровник беше претставено спојување на познатиот автомобилски бренд „Бугати“, во сопственост на „Порше“, со „Римац автомобили“. Новата компанија се вика „Бугати Римац“ и е со седиште во  Хрватска. „Бугати“ е познат француски производител на т.н. хиперспортски автомобили. Мате Римац е најголемиот акционер, a на Фејсбук тој ја објави и веста дека групацијата се дели на две компании – „Бугати Римац“ и „Римац технологија“. – „Римац“ и „Бугати“ совршено се надополнуваат. Како млада, агилна и брзорастечка автомобилска и технолошка компанија, ја освоивме довербата на…

Read More

Во истражната постапка што се спроведува во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција,  против екс секретарот на Владата, Драги Рашковски и уште тројца, за злоупотреба на службената положба и овластување при спроведување на постапки за јавна набавка, предметниот јавен обвинител, со цел да не дојде до осуетување на намирувањето на оштетното побарување во текот на кривичната постапка, побара од Основниот кривичен суд – Скопје да определи привремени мерки за обезбедување на имотно-правно барање. Како оштетена во предметот се јавува државата со оштетно побарување во вкупен износ од 17.642.237,00 денари. – Уважувајќи го барањето, судијата на претходна…

Read More

Студентите од октомври годинава ќе добиваат по 2.400 денари за субвенционирани оброци, најави денеска Марко Михаилоски, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ ). Михаилоски на денешната прес-конференција изјави: Субвенциониран оброк е последната во низата мерки кои СДММ и СДСМ ги преземаат за подобрување на студентскиот стандард и за младинските политики во целост. По поднесена иницијатива од Социјалдемократската младина на Македонија, Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за субвенциониран студентски оброк. Со ова, 40.000 активни студенти, на почетокот на секој месец на својата сметка ќе добиваат по 2.400 денари за субвенционирани оброци. Министерството за образование и наука ќе…

Read More

Во хотел „Лимак“ во Скопје денеска почна да се снима „Кајмак“, седмиот филм на режисерот Милчо Манчевски. Филмот ќе се снима пет недели на локации низ Скопје, во населбите Козле, Автокоманда, Центар, Лисиче. – Лето е преубава работа. Жешко лето е уште поубава. Жешко лето кога се снима најубава. Со ваков супериорен актерски тим и топ екипа му нема крај на меракот, изјави режисерот Милчо Манчевски, кој е автор и на сценариото за „Кајмак“ – црна комедија за две семејства, кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Според продукцијата, филмот е безмилосна критика на лицемерието и малограѓанштината. „Кајмак“…

Read More

Со одбележување на првиот час по македонски јазик, во старото училиште „Димитар Влахов“, во селото Љубојно, в сабота ќе почне првиот мултимедијален фестивал на традицијата и историјата во Преспа „Преспаленд 2021“. Посетителите, како што информира организаторот, ќе имаат можност да ги вкусат традиционалните, преспански рецепти на локацијата на старото училиште во Љубојно, а настап ќе имаат музичката група Перија и виртуозот на канон и саз, Џенгиз Ибрахим. Посетителите ќе имаат можност да слушнат поезија од Елена Пренџова, Игор Трпчески-Трпе, Марија Грубор и Горазд Китаноски-Кени од Поетри слем Македонија. На плажата „Сливница“, в недела концерти ќе имаат дуото Дац и Александар…

Read More

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 491.363граѓани.    На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 380.624 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 10.732 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.818 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 613.219 дози вакцини, а ревакцинирани се 232.595 граѓани.     Со последните бројки 53 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина,  50 % од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина и 45 %…

Read More

По Резолуцијата за заштита на црвените идентитетски линии во спорот со Бугарија, предложена од ВМРО-ДМПНЕ, во јавноста веќе се појавија и ставови на повеќе интелектуалци. Наш избор е размислувањето на Никица Корубин, магистер по археологија и историја на уметноста и поранешна пратеничка, објавено на неjзиниот Фејсбук профил. Ова е текстот на фамозната “резолуција”, која деновиве ги занимава македонските граѓани, под преттекстот на “одбрана на македонскиот идентитет”. Составен од непринципиелна коалиција на научнорелигиозна апсурдна симбиоза, оддава впечаток на конфузност и ретроградност, кој се обидува да “дефинира” што е тоа идентитет, како некаква брана или црвена линија која треба да не’…

Read More