Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Бугати“ се паркира во Хрватска, Римац стана новиот сопственик

0
By НОВА ТВ Balaban on July 7, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 7, 2021 11:02

„Римац автомобили“ го презеле „Бугати“ е веста што одекна во најпознатите светски агенции и бизнис портали. Во Дубровник беше претставено спојување на познатиот автомобилски бренд „Бугати“, во сопственост на „Порше“, со „Римац автомобили“. Новата компанија се вика „Бугати Римац“ и е со седиште во  Хрватска. „Бугати“ е познат француски производител на т.н. хиперспортски автомобили. Мате Римац е најголемиот акционер, a на Фејсбук тој ја објави и веста дека групацијата се дели на две компании – „Бугати Римац“ и „Римац технологија“.

– „Римац“ и „Бугати“ совршено се надополнуваат. Како млада, агилна и брзорастечка автомобилска и технолошка компанија, ја освоивме довербата на нашите партнери и сега имаме силна позиција во индустријата за електрична технологија со високи перформанси, посочува Римац.

„Бугати“ претходно беше во групацијата „Фолксваген“, која продава автомобили ширум светот и под брендовите „Бентли“, „Ламборџини“, „Ауди“, „Порше“, „Сеат“ и „Шкода“.

За Дневникот на Нова ТВ Римац открива каде и што ќе се произведува, но и зошто, наспроти  бројни повици од странство, решил да остане во Хрватска.

– Кога ја активирав фирмата пред 12 години, некој да ми кажуваше дека ова ќе се случи – немаше да верувам, но оформив фирма со идеја да создадеме нешто големо. Иако тука веќе има многу резултати, сега веќе над 1000 вработени, имаме партнери како „Порше“, „Волксваген“, „Хјундаи“, односно најголемите светски компании, сега еве го преземавме и „Бугати“, ние и понатаму сметаме дека сме на почеток на својот пат, рече Римац.

На прашањето каде е крајот, тој одговара: – „нема крај“ .

– „Порше“ постои веќе 70 години, а „Бугати“ 110 години. Ние велиме дека не гледаме краткорочно, среднорочно, туку многу долгорочно и посакуваме да изградиме фирма за 100 години, вели Римац.

Седиштето на компанијата останува во Хрватска

Седиштето и развојот, според Римац и „Бугати“ остануваат во Хрватска. Тоа е најважниот дел од фирмата. Значи, сиот развој на идни „Бугати“ модели и идни „Римац автомобили“ кои вклучуваат погонски системи, ќе бидат во Хрватска, рече тој и додаде дека мнозинството од производството и активностите на фабриката ќе бидат во Хрватска, а автомобилите ќе се склопуваат во Франција.

Римац одговори и зашто никогаш не заминал од Хрватска.

– Јас сакав да докажам и да покажам дека е можно да се работи тука и правев сè тоа да биде така. Многупати бевме пред заминување. Тоа не е толку до државата, туку недостигаат и други работи. Нема инвеститори, нема капитални фондови за развој на бизнисот, но сега веќе нешто има. Тогаш кога јас почнував ги немаше. Немаш знаење тука, немаш талент, мораш сè отпочеток  да изградиш, вели Римац и истакнува дека се горди што се хрватска фабрика. Светските медиуми пишуваат за превземање на „Бугати“ и на насловните страници пишува дека „Бугати“ станува хрватски, вели Римац и додава дека се горди што останале тука.

– Никогаш не сум бил негативен во врска со Хрватска, туку едноставно наша реалност беше дека е тешко тука да се опстане, но успеавме и сега тоа е тоа!

До 2030 година речиси сите автомобили ќе станат електрични

Тој коментираше и за „Невера“ – обелодени дека се планира да се произведуваат 50 аутомобили годишно и 50 платформи за производители кои изработуваат автомобили на база на Невера, заедно 100 парчиња годишно.

Првата година производството е веќе распродадено, изјавил Римац, откривајќи како ќе изгледаат автомобилите за пет години.

– До 2030 година речиси сите автомобили ќе станат електрични, а за 10-15 година се предвидува дека автомобилите нема да имаат  волани и нема да бидат во сопственост на крајните корисници, туку луѓето ќе ги користат како услуга за превоз од точка А до точка  Б. Тоа во потполност ќе го смени општеството, не само автоиндустријата, исто како смартфоните, вели Римац.

Тој ја коментираше и свемирската трка помеѓу богатите. Тоа, вели, го следи со голем интерес, а имал и понуда од еден купувач  да оди со него на Месечина, но ја одбил.

– Јас останувам тука, имам доволно предизвици, порачал Римац.

Римац досега лансирал две генерации свои суперавтомобили. Годинава беше претставена најновата „Римац невера“ – електричен суперспортски автомобил кој за помалку од две секунди забрзува до 100 километри на час . Во Хрватска ќе бидат произведени 150 примероци од овие возила.

Компанијата „Римац“ исто така ќе добие 200 милиони евра европско финансирање за развој на електричен автомобил без возач.

„Невера“ е производна варијанта на концептен автомобил, првпат прикажан на Меѓународниот саем за автомобили 2018 година во Женева.

„Бугати“ „Римац автомобили“ Мате Римац презеле Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара оставка од Славески поради аферата Алта банка: Граѓаните се соочуваат со ограничен пристап до сопствените пари

November 2, 2026

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Истрагата за финансиската мрежа доби нов пресврт

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара оставка од Славески поради аферата Алта банка: Граѓаните се соочуваат со ограничен пристап до сопствените пари

November 2, 2026

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Истрагата за финансиската мрежа доби нов пресврт

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.