Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најмладите вакцинирани против ковид-19 досега се 17-годишници

0
By НОВА ТВ Balaban on July 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 7, 2021 13:56

Тинејџери на 17-годишна возраст се досега најмладите во земјата коишто се вакцинирале против ковид-19.

Меѓу најмладите имунизирани кои примиле една доза се 11 лица, а осуммина од нив се заштитиле со две дози против ковид-19.

Според извештајот на Институтот за јавно здравје за периодот од 28.јуни до 4. јули 2021 година, со најмалку една доза вакцина досега се имунизирале 11. 198 лица на возраст од од 17 до 27 години, а втора доза примиле вкупно 5.597 лица.

Како што денеска изјави министерот за здравство, Венко Филипче, ќе се дозволи вакцинирање на деца од 12 до 16 годишна возраст  со вакцината на Фајзер.

И во повеќе европски земји се намалува старосната граница за вакцинација.

Според агенциски вести, белгиските власти одобрија вакцинација на децата помеѓу 12 и 15-годишна возраст, но само со дозвола од родител или старател.

Адолесцентите ќе можат да се вакцинираат само со вакцината на Фајзер и на доброволна основа.

Одлуката младите да се вакцинираат само со Фајзер се заснова на препораката на Европската агенција за лекови, ЕМА.

Министерот за здравство на регионот Брисел, Ален Марон, изјави дека е важно адолесцентите да се вакцинираат што е можно во поголем број за да се забави ширењето на вирусот, кој поради делта сојот предизвикува сериозна загриженост во Белгија.

Земјата во последните недела дена повторно се соочува со експоненцијален раст на новозаразени од Ковид-19. Иако тоа се должи делумно на фактот што граѓаните се тестираат масовно пред заминување на одмор, експертите се одлучни дека делта сојот е исто така дел од причините.

Здравствените власти алармираат дека без масовна вакцинација наесен земјата може да се соочи со четврт бран.

 

вакцинирани ИЈЗ Ковид-19 Најмлади
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.