Author: НОВА ТВ Balaban

СЗО ги смени имињата на мутациите на коронавирусот, пишува Би-Би-Си. Британскиот, индискиот и останатите соеви отсега ќе бидат именувани според буквите од грчкиот алфабет. Британскиот вид, на пример, е наречен Алфа, додека јужноафриканскиот стана Бета. Индискиот сега е Делта. СЗО појаснува дека ова ќе го поедностави именувањето на новите соеви, но, исто така, сака да ја отстрани и  стигматизацијата од некои имиња. На пример, на почетокот на мај индиската Влада го критикуваше именувањето на видот Б.1.617,2 според државата, откако, имено, тој стана индиски вид. СЗО сака да избегне вирусот да биде поврзан со одредена држава, што досега беше случај. „Ниту…

Read More

Потврдата за вакцинацијата и ПЦР-потврдите, хартиените документи, се сосема доволни за влез во Грција. Од системот „Мој термин“ работат на една варијанта, модул, тој да се надгради и податоците да може да се стават во апликацијата, но граѓаните мора да знаат дека тоа не е никаков ограничувачки фактор, дека и сегашните документи што потенцијално ќе бидат скенирани во самата апликација им се сосема доволни за влез, истакна денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Тој рече дека тоа е само една дополнителна алатка со што европските земји ја шират мрежата на институции кои даваат соодветни документи и тоа е суштината на…

Read More

Двајцата пациенти на кои вчера им беа трансплантирани бубрези од починат донор се чуствуваат добро. Трансплантацијата беше извршена кај 44 годишен маж кој беше на хемодијализа и кај 30 годишна жена која беше на перитонеална дијализа, информираа од Министерството за здравство Оттаму нагласуваат дека во процесот на трансплантација на бубрези учествуваа колегите од Клиниката за нефрологија -проф. д-р Гоце Спасовски, д-р Лада Трајческа, д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ, д-р Зоран Јаневски, д-р Владимир Пушевски и медицинските сестри Виолета Танчевска и Даниела Урдаревиќ. Од Клиниката за урологија д-р Сашо Дохчев, д-р Сотир Ставридис, д-р Јосиф Јанчулев, д-р Александар Трифуновски, д-р Димитар Трајковски,…

Read More

Само четворица пушачи, и тоа двајца тетовчани и двајца скопјани, лани побарале стручна помош за да се откажат од зависноста од никотинот во советувалиштата при центрите за јавно здравје во земјата. На слабиот одзив за откажување од овој порок влијаел стравот од инфекција со коронавирусот, вели проф. д-р Елена Ќосевска, раководителка на одделот за здравствена промоција и превенција на болести во Институтот за јавно здравје на РСМ на денешниот Светски ден за борба против пушењето. Дури 46 отсто од населението во Македонија на 15 – 64 годишна возраст се активни пушачи. Податок што е многу загрижувачки и нѐ става нас…

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 1.325 тестирања, а регистрирани се 3 нови случаи на КОВИД-19, сите во Скопје. Регистрирани се 45 оздравени пациент од: Скопје – 24, Битола – 6, Куманово и  Радовиш – по 4, Виница – 3, Тетово, Кавадарци, Кочани и Кичево – по 1. Пријавени се вкупно 5 починати лица: по едно лице од Скопје (72г), Радовиш (81г), Тетово (69г), Штип (50г) и Пробиштип (72г). Од пријавените, едно лице  е починато  во домашни, а останатите 4 во болнички услови. Направени се 1.325 тестови преку: ИЈЗ-151,…

Read More

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која од полноќ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за  0,62 %  во однос на Одлуката од 25.05.2021 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува, односно останува на исто ниво. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,262 ден/кг и сега ќе изнесува 33,881 ден/кг. Од 1.6.2021 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе…

Read More

Од утре (1 јуни) да не се носат маски на отворено, свадби и други веселби да почнат да се организираат во рестораните на отворено и со најмногу 100 гости, на една маса да седат шестмина во угостителски објект, на спортските натпревари на отворено да има до 30 отсто публика, полицискиот час од полноќ до 4 часот да остане да важи до 15 јуни, како и други олеснувања на анти-ковид мерките. Овие нови препораки на Комисијата за заразни болести за олабавување на мерките за заштита од КОВИД-19 што беа донесени минатата недела, Главниот кризен штаб денеска ги предложил на конечно усвојување…

Read More

Новиот градоначалник на Загреб, Томислав Томашевиќ, од зелено-левичарската коалиција Можеме!, изјави синоќа дека гордо ќе го предводи градот кон подобра иднина, барајќи од граѓаните трпение, бидејќи „промените нема да бидат брзи“. Во вториот круг на локалните избори што беше одржан вчера, 39- годишниот Томашевиќ освои речиси двојно повеќе гласови од противкандидатот од десното Татковинско движење, музичарот Мирослав Шкоро. – Со гордост ќе го поведам градот кон подобра иднина и ќе бидам градоначалник на сите граѓани, и на оние за кои бев избор и на оние за кои не бев избор, рече Томашевиќ по победата, од изборниот штаб во Загреб. Државната…

Read More

Авион на нискобуџетниот ирски авиопревозник „Рајанер” на линијата од Даблин за Краков, ноќеска бил принуден да слета на аеродромот во Берлин поради закана за поставена бомба, пренесе ДПА. – Полициските безбедносни мерки се завршени, без да се открие никаква опасност, изјави портпаролот на берлинската полиција. „Патниците можеа да го продолжат летот кон Полска со резервен авион”, додаде таа, без да наведе повеќе детали за причините за тревогата. Според весникот „Билд Цајтунг”, станува збор за закана од бомба, што се покажа како неоснована. Авионот, во кој имало 160 патници, по 20 часот по локално време слетал на пистата на аеродромот Берлин-Бранденбург,…

Read More

Централниот дел на Алјаска утринава, во 9 часот по локално време, го погоди силен земјотрес со магнитуда на ударот од  6,1 степени според Рихтеровата скала. ЕМСЦ наведува дека епицентарот бил на длабочина од 48 километри и 95 километри северно од Сатон-Алпско. Жителите на градовите оддалечени и по повеќе од 100 километри од епицентарот наведуваат дека почувствувале силен земјотрес што доста долго траел. Некои наведуваат дека куќите долго време им се треселе

Read More

Денеска во Косово стапуваат во сила новите, олеснети мерки за спречување на ширењето на пандемијата на Ковид-19, со кои, меѓу другото, се укинува полицискиот час, односно досегашната забрана за движење на граѓаните во периодот од 23 до 5 часот наутро, јави дописникот на МИА од Приштина. Со одлуката што во петокот ја донесе Владата на Косово по видното намалување во последните недели на бројката на смртни случаи и заболени од Ковид-19, се продолжува и работата на угостителските објекти за еден час, односно до 23 часот. Освен тоа, се укинува и обврската за носење маски на граѓаните на отворено, доколку не се во…

Read More

Претседателот на САД, Џо Бајден изјави денеска дека „ќе изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ги почитува човековите права“ за време на претстојниот состанок во Женева. – За две недели, ќе се сретнам со претседателот Путин во Женева и ќе му дадам до знаење дека нема, нема да му дозволиме да ги крши човековите права, изјави Бајден. Средбата меѓу Бајден и Путин е закажана за 16 јуни во Женева.

Read More