Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Членовите на озлогласениот мексикански нарко картел Халиско киднапираа неколку членови на елитна полициска единица и со измачување се здобиле со адреси на други полицајци кои сега ги убиваат во нивните домови. Екстремно насилниот картел на тој начин реагираше на политиката на мексиканската влада „прегратки, а не куршуми“. Нападите врз полицајците се убедливо најдиректен предизвик за мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор и неговата политика за избегнување насилство и отфрлање на војната против картелот. Од друга страна, картелот Халиско и објави војна на владата и сака да ја уништи елитната полициска единица, позната како Тактичка група, која бандата ја обвинува за…
Во периодот од 22:20 часот на 29.05.2021 до 01:00 часот на 30.05.2021, полициски службеници од СВР Тетово во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во село Горно Седларце, општина Боговиње, сопственост на А.А.(30) од село Боговиње. При контролата, во објектот биле затекнати 35 лица – гости и 18 женски лица кои ги забавувале гостите(14 странски државјанки и четири македонски државјанки). За 11 странски државјанки(осум од Албанија, две од Косово и една од Украина) било констатирано дека го злоупотребиле туристичкиот престој. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе…
Со државна мобилна лабораторија почнуваат засилени контроли на квалитетот на горивата во земјава. Државниот пазарен инспекторат од денеска започнува со вонредни контроли и на течните деривати и тоа при влезот во државата и во малопродажбата, изјави денеска на прес конференција министерот за економија, Крешник Бектеши Тој нагласи дека целта е да се заштитат потрошувачите од можни манипулации, но и да се заштити животната средина, а дека проверките на терен покажале нерегуларности при увозот на мазут во земјава, но целосниот извештај ќе биде презентиран во вторник. – Како што најавивме, во моментот, заедно со вицепремиерот Николовски ги собираме сите информации за…
Голем број граѓани денеска ги оставија автомобилите и учествуваа на Денот без автомобили, што под мотото „Улици за луѓе“ се одржа на улицата Васко Карангелески во Аеродром. Оваа улица денеска e затворена за автомобилски сообраќај вкупно 12 часа, од 8 до 20 часот на потегот од булеварот Јане Сандански до крстосницата со улицата Владимир Комаров и на неа се одржаа различни културни активности за возрасните, но и за најмладите, а беше подигнат и нов дрворед. Во одбележувањето на овој ден се приклучи и градоначалникот Петре Шилегов, кој на настанот пристигна со велосипед, информираа од Град Скопје. – Денешниов ден го…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес го претстави проектот МКАРТА, наменета за поединци со потекло од Република Северна Македонија, како симболично признание за нивниот несебичен ангажман за промоција на државата надвор од нејзините граници. МКартата претставува признание и потврда за истакнати личности или поединци од земјата кои живеат во странство, а кои со својата работа и професионалност покажале истакнат успех, а со тоа и вистинска промоција на Северна Македонија во странство, нагласи Османи на прес-конференцијата. „Како нивна родна земја сакаме да им изразиме благодарност, би рекол на симболичен начин – да им вратиме, да им ја компензираме нивната улога…
Во авионот на летот од Приштина кон Базел, во саботата попладне, дошло до тепачка меѓу патници. Според медиумите, станува збор за крвава тепачка, која продолжила по слетувањето на аеродромот во Базел. Патниците што се карале среде аеродром, повторно се степале и во авионот. Аеродромската полиција ја потврди веста за тепачката за швајцарскиот дневен весник „Блик“, кој пишуваше од кавгата меѓу двете семејства на паркингот на аеродромот. Според дневникот, двајца мажи биле уапсени поради таа тепачка.
Во главниот град на Франција се одржа пробен концерт на групата Индокин, со цел властите да ја проверат можноста за враќање на „нормалниот живот“, поради подобрувањето на епидемиолошката состојба со коронавирусот. На концертот присуствувале околу 5.000 посетители кои морале да носат маски и да покажат потврда за негативен резултат на тест на коронавирусот, но не биле обврзани да го почитуваат физичкото растојание. Музичкиот настан започнал во 17 часот и завршил во 21 часот, кога во Франција почнува полицискиот час. На концертот можеле да присуствуваат лица на возраст од 18 до 49 години, кои претходно немале здравствени проблеми. На сличен експеримент…
Утрово на Клиниката за кардиохирургија е извршена третата трансплантација на срце во историјата на нашата држава. Операцијата беше извршена врз 39 годишна жена, со вродена срцева маана, кoја подолго време чекаше донор. Станува збор за тешка операција, која трaеше 5 часа, а поради сериозноста на истата, следните 48 часа се критични за пациентката, информира Министерството за здравство. Донираното срце е од починат пациент чие семејство ја покажа својата големина и човечност и одлучи да ги донира срцето и бубрезите за да се спасат три животи. За овој гест на хуманост министерот за здравство д-р Венко Филипче, Министерството за здравство и…
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.755 тестирања, а регистрирани се 23 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 15, Куманово и Прилеп – по 2, Охрид, Струмица, Кичево и Кратово – по 1. Регистрирани се 1.191 оздравени пациент од: Скопје – 475, Куманово – 115, Битола – 103, Охрид – 93, Тетово – 50, Прилеп и Велес – по 40, Кичево – 31, Струга -24, Свети Николе и Ресен – по 19, Гостивар и Штип – по 18, Кавадарци и Гевгелија – по 16, Струмица, Кочани, Радовиш и…
Правилата и протоколите за влез во Грција воведени на 14 мај, кои меѓу другото важат и за македонските државјани, продолжени се до 7 јуни 2021 година, согласно новата министерска одлука објавена во Службен весник, јави дописничката на МИА од Атина. Северна Македонија и понатаму е меѓу земјите за кои постои исклучок од забраната за патување во Грција за државјани на трети земји, а непроменети се и задолжителните потврди за влез, односно или сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест или потврда за прележан Ковид-19, како и пополнет PLF формулар. Паралелно, истите правила и рестрикции што важат и за грчките државјани,…
Жандармеријата е во потрага по вооружено машко лице во Лардин-Сен Лазар, во Дордоња, откако пукал кон полициски службеници, кои интервенирале при семејна расправија, јави дописникот на МИА. – Синоќа имаше семеен спор со човек кој е вооружен, кога дојде полицијата тој отвори оган. Ние сме во процес на идентификување на ова лице кое е вооружено, изјави префектот на Дордоња, Фредерик Перисат. Властите побараа од населението да остане во своите домови додека не заврши операцијата. Притоа, според Перисат, е воспоставен безбедносен коридор.
Синоќа околу 20.15 часот избувна пожар на повеќе бродови во пристаништето Каштел Гомилица кај Сплит во Хрватска. Пожарот избувнал на јахта од 15 метри, по што се проширил на околните бродови и пет јахти биле целосно уништени, јавуваат хрватските медиуми. Локалните пожарникари дежурале на жариштето цела ноќ, а со доаѓањето на утрото, работата сè уште не била завршена затоа што, како што пишува Дневник.хр, пожарот на јахтите не бил целосно изгаснат. „Ќе потрае, бидејќи гореше голема количина материјал. Постојано гасиме, на некои места сè уште тивко гори. Неколку цистерни се активни и сè треба да се затвори до пладне -…