Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Трагични вести пристигнаа од Охрид, откако утрово во Охридското езеро е пронајдено безживотното тело на голманот Никола Даниловски, објави охридската полиција, јавува Гол.мк. 24-годишникот бил член на ракометниот клуб Охрид, а според информациите од охридската полиција, телото било пронајдено кај местото Лагадин. Немало траги од насилство, па засега не се познати причините за смртта. Даниловски исчезнал синоќа. Тој не присуствувал на тренингот на Охрид и бил недостапен на телефон, а доцна во ноќта полицијата почнала потрага по него. За жал, утрово е потврдено дека пронајденото тело во езерото е на младото момче. Младиот голман потекнуваше од школата на Металург, ги бранеше боите…
Во последните 24 часа се направени 3.777 тестирања, а регистрирани се 33 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 13, Куманово – 4, Тетово, Охрид и Кичево – по 3, Прилеп и Радовиш – по 2, Битола, Штип и Дебар – по 1, информираат денеска од Министерството за здравство , согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Регистрирани се 92 оздравени пациент од: Охрид – 41, Скопје – 15, Струга – 13, Куманово – 6, Битола – 5, Гостивар – 3, Кочани – 2, Тетово, Кичево, Неготино, Свети Николе, Радовиш, Виница, Кратово – по 1. Пријавени се вкупно 11 починати…
Министерството за здравство ја информира јавноста дека од денеска заклучно со 6 јуни 2021 година во функција е веб страницата https://vakcinacija.mk/revaccination која е за регистрација само на оние граѓани кои се вакцинирале во странство и сакаат да се ревакцинираат во земјава. Преку регистрацијата на граѓаните ќе може да добиеме детален увид за колкава бројка станува збор, со кои вакцини се вакцинирани и кога треба да се ревакцинираат. Страната за регистрација за ревакцинација ќе биде отворена една недела, по што ќе биде затворена регистрацијата. На овој начин ќе ги прецизираме количните и типот на вакцини кои ќе ни бидат потребни. Најголем предизвик за…
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден санкционира 504 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената. Од нив, 45 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Како што информира МВР, најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Куманово -78, а потоа на територија на СВР Штип-75. Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат засилените акциски контроли и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како…
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 429.464 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 233.844 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.411 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.592 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 304.904 дози вакцини, а ревакцинирани се 71.060 граѓани. Со последните бројки 47 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 34…
Владата на Република Македонија на денешната редовна 74-та седница, одржана преку видеоконференциска интернет врска, а врз основа на известувањето за спроведените активности поднесено од Министерството за транспорт и врски донесе Одлука за повлекување на Законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, кој е во собраниска процедура. Во соопштението од Владата се вели: „Во известувањето кое го прифати Владата, беше изнесено дека во изминатиот период ресорното министерство (МТВ) организираше работни средби со претставници на комори и асоцијации од областа на градежништвото, урбанизмот, претставници на граѓанскиот сектор и учествуваше во јавни дебати организирани од страна на останати субјекти, на кои…
Скопје доби нова туристичка атракција, Дино паркот лоциран веднаш до скопската зоолошка градина е официјално отворен за посетители. За сите оние кои сакаат да се впуштат во нови и возбудливи авантури, да дознаат нешто повеќе за неверојатниот свет на диносаурусите и имаат желба да видат како изгледале Тираносаурус, Стегосаурус и Алосаурус во природна големина, од денеска ќе имаат прилика тоа да го искусат и доживеат, информираа денеска од Град Скопје. Премиерот Зоран Заев и останати членови на Владата синоќа присуствуваа на отворањето на Дино паркот во скопската зоолошка градина на покана на градоначалникот Петре Шилегов. – Дино паркот се простира на…
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска официјално ги претстави во јавноста новите дресови со кои националниот состав ќе настапи на претстојното Европско првенство. Германскиот производител на спортска опрема „Јако“, кој традиционално ги „облекува“ македонските фудбалери, изработи три комплети дресови, кои се во бордо, бело-жолта и црно-портокалова комбинација. На предната страна на дресовите, изработени од рециклирани материјали, е исцртан лик на балканскиот рис. Македонските фудбалери својот прв натпревар на Европското првенство го играат на 13 јуни во Букурешт против Австрија, по што следат пресметките со Украина и Холандија.
Пред околу еден час избувнал пожар на Клиниката за радиологија, а, за среќа вработените и пациентите од оваа установа биле навреме евакуирани, јавија неколку медиуми. Пожарот е ставен под контрола, а истрагата треба да покаже како се случил. Првичните информации велат дека станува збор, најверојатно, за неисправна инсталација. Во гаснењето на пожарот на клиниката учествувале четири противпожарни возила. Во пожарот, за среќа, нема повредени, а била предизвикана само материјална штета.
Втора доза на „Астра Зенека“ во земјава ќе можат да примат постарите од 60 години, а за таа цел ќе биде отворен и сајт за ревакцинација, потврди денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Тој додаде дека неговиот српски колега, Златибор Лончар, го информирал дека нема да може да се испорачаат вакцините „Астра Зенека“ за ревакцинација на македонските граѓани кои ја примија првата доза во Србија. Сајтот на кој овие граѓани ќе треба да се пријават за да ја примат втората доза кај нас е „ ревакцинација.мк“ Но, како што најави Филипче, сите сертификати од вакцинација од Србија се валидни и…
Конечно дојде и денот кој сите го очекувавме! Утре (сабота) се отвора Дино Парк Скопје Вратите на Дино Парк ќе бидат отворени за посетители од 9:00- 21:00, а цената за влез е 50 денари. Ве очекуваме во најзелениот тематски парк, каде што се засадени 430 високостеблести и нискостеблести растенија и каде што има вкупно 41 диносаурус, од кои дел се мултимедијални- се движат и испуштаат звуци. информираа денеска преку Фејсбук од скопската Зоолошка градина. Праисториските диносауруси од јура и креда периодот се омилени кај најмладата популација и со пуштањето во употреба на оваа едукативна и забавна атракција- проект кој е…
Во последните 24 часа се направени 2.955 тестирања, а регистрирани се 50 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 27, Куманово – 5, Прилеп – 4, Гостивар – 3, Тетово, Велес, Штип и Кичево – по 2, Струмица, Гевгелија и Виница – по 1, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Регистриран е 81 оздравен пациент од: Скопје – 34, Прилеп – 9, Струмица – 7, Куманово – 6, Штип, Кочани и Крушево – по 4, Радовиш и Пробиштип – по 3, Велес и Кичево – по 2, Свети Николе, Делчево и Виница – по 1.…