Author: НОВА ТВ Balaban

Во аптеките во Хрватска од денеска се достапни тестови за само-тестирање на коронавирус. Вчера во таа земја пристигнаа 10 илјади тестови, а уште 20.000 ќе пристигнат денеска. Јаков Радошевиќ, член на Управниот одбор на веледрогеријата Медика, рече дека тестот ќе чини од 75 до 85 куни (10 до 11 евра), нагласувајќи дека ова се првите тестови пријавени и одобрени од Хрватската агенција за лекови и медицински производи. Тој очекува до крајот на неделава сите заинтересирани аптеки и продавници да им понудат на граѓаните ваков тест. „Тестот регистрира квалитативно присуство на антигенот. Овој тест се користи на површината на носот, носниот…

Read More

Дигиталните учебници или воопшто дигиталната ИТ технологија нема постојано да се користи во наставата, туку само тогаш кога одредена тема тоа ќе го наложи. Така што, погрешна е перцепцијата дека се дигитализира наставата и  децата во училница ќе учат од компјутер, а потоа и дома ќе мора да го читаат учебникот, повторно на дигитален уред, вели во интервјуто за НоваТВ министерката за образование и наука, Мила Царовска. Од една од „најжешките“ министерски фотелји во Владата, Царовска објаснува кои ученици ќе учат од печатени учебници, а во кои одделенија прва опција ќе бидат дигиталните и напоменува дека постои можност и за…

Read More

Пред Министерството за образование и наука се одржа протестот на родителите од Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“.  Тие се против предлог зконот за дигитализација на учебниците, а  во моментов учесниците на протестниот марш се пред Собранието. Освен во Скопје, протести беа најавени во уште 20 градови во земјава. Преку транспаренти учесниците на протестниот марш порачуваат дека и натаму се на барањето за референдум, а дека нивните деца ќе ја бојкотираат наставата доколку барањата не бидат прифатени. Родителите велат дека се за дигитализација на учебниците, но не на начин како што најавува МОН. – Ова го правиме за…

Read More

Денеска започна вакцинација на лицата со ретки болести заведени во Националниот регистар за ретки болести. Се вакцинираат и родителите и старатели на малолетните лица од овој регистар кој има околу 60  различни дијанози на ретки болести, информираат од Министерството за здравство. Освен овие лица ќе се вакцинираат и пациентите со Цистична Фиброза. Во оваа категорија ќе се вакцинираат и родителите и старателите на малолетните лица со Цистична Фиброза. Вакцинацијата ќе се изведува во наредните неколку дена на вакциналните пунктови во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје. Неделава завршува и вакцинацијата на околу 2000 пациентите кои се на дијализа, чекаат орган…

Read More

Мнозинството српски медиуми денеска како главна вест ја соопштија одлуката на македонската влада за ослободувањето од плаќање патарина на коридорот 10 од 15 јуни до 15 август. „Политика” излезе со текст за „своевиден медицински туризам” на српските државјани, со вадењето ПЦР тестови во Северна Македонија за одмор во Грција, јави дописникот на МИА од Белград. – Овие денови социјалните мрежи се преполни со огласи за сместување и поевтино тестирање во Северна Македонија, каде веќе се има сериозно развиено медицинскиот туризам, а акредитираните лаборатории се натпреваруваат која ќе понуди поповолна цена за ПЦР и останатите тестови, пишува „Политика”. Цената на ПЦР…

Read More

Репрезентативецот Енис Барди доби позитивен тест на Ковид-19 и се наоѓа во изолација во тимската база на македонската репрезентација. Нашиот репрезентативец е без симптоми и во добра здравствена состојба, пренесува порталот Гол. мк. Фудбалерот на шпански Леванте при доаѓање на собирот на репрезентацијата ги почитуваше мерките и здравствените протоколи за заштита од Ковид-19, како и сите останати фудбалери и членови на репрезентацијата и немаше контакт со тимските колеги и лицата од стручниот штаб. „Енис Барди е без симптоми и се чувствува добро. Ние како лекарски тим постојано ја следиме неговата здравствена состојба. Пред извесно време имал контакт со дел од играчите на…

Read More

Претседателите на Северна Македонија и Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев пред заминувањето во Рим каде ќе оддадат почит на светитите браќа Кирил и Митодиј имаа куса средба со медиумите на скопскиот аеродром.Порачаа дека ова патување ќе биде добра можност за обновување на дијалогот меѓу двете земји. „Оперативно разговорите помеѓу двете наши земји ги водат владите, така ќе биде и понматаму, ние сме тука ако можеме да ја релаксираме атмосферата и да говориме за проблемот кој постои последнава година на еден поинаков јазик. Мислам дека е потребно да направиме обнова на довербата и како пријатели да разговараме и за најтешките…

Read More

Учениците од прво до четврто одделение на територијата на  Белград на 1 септември ќе добијат таблети, од кои ќе можат да учат во новата учебна година, најави заменик градоначалникот на тој град, Горан Весиќ. Тој прецизираше дека Градот ќе купи 67.592 таблети на 1 септември и дека сите ќе имаат картичка со бесплатен Wi-Fi. Со тоа, според днего, секој ученик ќе има бесплатен интернет дома, без оглед дали неговите родители имаат интернет во станот или не Таблетите ќе се дистрибуираат низ училиштата, родителите ќе ги задолжат. – Ќе објавиме конкурс за набавка на дигитални учебници во средината на јуни, изјави…

Read More

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинителен акт против жител на Добридол кој се гони за кривично дело „приредување игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“ од член 156 став 3 од Законот за игри на среќа и забавните игри. Како што информира ОЈО, обвинетиот 33-годишник, во деловен објект лоциран во семејната куќа во сопственост на неговиот татко во Добридол, организирал и приредувал игри на среќа КЕНО без соодветна документација – лиценца односно дозвола од надлежен орган. -При контрола на 25 февруари, полициски службеници му ја пронашле и времено му ја одзеле инсталираната опрема за приредување на игрите…

Read More

Италијанската полиција уапси три лица под сомнение дека се виновни за уривање на жичарницата во близина на езерото Маџоре. Во несреќата во неделата загинаа 14 лица, а единствениот преживеан е петгодишно момче, кое е во болница и се уште е во животна опасност. Истрагата покажа дека кабината била неисправна на почетокот на мај и дека директорите се јавиле во компанијата што требало да го поправи дефектот на безбедносната сопирачка. Дефектот, сепак, не бил отстранет, а кабината е оставена да функционира со надеж дека главниот, потпорен кабел нема да пукне и дека нема да има потреба од безбедносна сопирачка. По 12-часовно…

Read More

Три песни од покојниот српски кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ ќе бидат вклучени во учебниците на српски јазик за основните училишта во Србија, јавуваат српските медиуми. – Тој е важен бидејќи е разновиден, а тоа е она со коешто се одликува нашиот драг Ѓоле. Тука ја имаме „Девојку са чардаш ногама“ – весела, оптимистична песна, потоа – „Д-мол“ – тажна љубовна песна, а за осмоодделенците – „Дрвена песна“ за еден момчешки сон, објасни професорката Ивана Лучиќ од едно основно училиште во Нови Сад. Според неа, тие не се многу лесни за разбирање и не се едноставни. – Оттаму, тие песни се прекрасна…

Read More

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 422.503 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 224.336 граѓани, информираат денеска од Министерството за здравство. Прва доза вакцина вчера примиле 2.958 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 6.940 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 267.167 дози вакцини, а ревакцинирани се 42.831 граѓани. Со последните бројки 46 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 39 % од населението над 65…

Read More