Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Политика: Српските државјани прво на ПЦР тест во С. Македонија, па на плажа во Грција

0
By НОВА ТВ Balaban on May 26, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 26, 2021 15:03

Мнозинството српски медиуми денеска како главна вест ја соопштија одлуката на македонската влада за ослободувањето од плаќање патарина на коридорот 10 од 15 јуни до 15 август. „Политика” излезе со текст за „своевиден медицински туризам” на српските државјани, со вадењето ПЦР тестови во Северна Македонија за одмор во Грција, јави дописникот на МИА од Белград.

– Овие денови социјалните мрежи се преполни со огласи за сместување и поевтино тестирање во Северна Македонија, каде веќе се има сериозно развиено медицинскиот туризам, а акредитираните лаборатории се натпреваруваат која ќе понуди поповолна цена за ПЦР и останатите тестови, пишува „Политика”.

Цената на ПЦР тестот во Србија е 76 евра, во С Македонија тој за едно лице чини 35 евра, за две со попуст изнесува 30 евра, а постои и услуга ВИП тест кој чини 70 евра со добивање резултат за помалку од еден час, наведува „Политика”, додавајќи дека брзиот антигенски тест чини 16, а за антитела 20 евра по лице.

-Туристите од Србија кои деновиве патуваа за Грција кажуваат дека многумина отседнуваат една ноќ во Македонија за да ја соберат потребната документација, а на интернет се наоѓаат и огласи на хотели кои нудат тестирање без одење во лабораторија. Еден од нив од Гевгелија нуди услуга ноќевање и тестирање за 40 евра, пишува „Политика”.

Во РСМ постои можност и за бесплатен тест за сите патници што патуваат во странство поради лекување и други медицински потреби, наведува весникот.

Во текстовите поврзани со Северна Македонија е и изјавата на министерката за трговија, туризам и телекомуникации, Татјана Матиќ, дека од 1 јули цените на телефонирањето без плаќање на роаминг ќе важат исто во Србија Црна Гора, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Албанија, како и дека на 1 јули за граѓаните на Србија се укинува плаќањето на роаминг во Грција.

ПЦР тест српски државјани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.