Author: НОВА ТВ Balaban

Во Полска се организира лотарија со добивка до еден милион злоти (274.000 американски долари) за да ги охрабри луѓето да се вакцинираат против Ковид-19, изјави синоќа министерот за имунизација Михал Дворчик, јави ДПА. Според него, речиси 69 проценти од полските граѓани се изјасниле дека сакаат да се вакцинираат, но најголемиот проблем е да се осигура дека ќе го сторат тоа. Дворчик потсети дека истакнати спортисти и актери биле вклучени во кампањата за вакцинација. – Освен овие традиционални форми, ние го даваме овој дополнителен предлог, истакна Дворчик. Предвидени се награди и за првите петстотини општини од 100.000 злоти (27.397 долари), кои…

Read More

Наспроти сите можни флоскули со кои не бомбардираат политичарите за тоа колку сме посветени едни на други , ноторен факт е дека бугарско македонските односи се лоши до степен во кој апсолутно се дисквалификува од можноста да го добијат атрибутот добрососедски во контекст на европскиот дух на разбирањето на тој поим. И тука нема нема ништо чудно ако се земе во предвид фактот дека тонот на  актуелната комуникација меѓу двете општества го неметнуваат  воглавно ликови како Каракачанов или Миленко и бот армијата на еден жител на Будимпешта. И да нема недоразбирања споменатите погоре едноставно си најдоа празно игралиште за нивната…

Read More

В понеделник, на 31 мај 2021 година, истекува законскиот рок за потврда или корекција на Годишните даночни  пријави (ГДП) за доходот што граѓаните го оствариле во текот на 2020 година,  информира  Управата за јавни приходи. Заклучно со овој рок, даночните обврзници кои се регистрирани на системот е-Персонален данок преку своите кориснички профили имаат можност да го менуваат статусот на пријавата – да ја потврдат или да ја коригираат. – По истекот на законскиот рок, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на ГДП – потврдена или коригирана. На 1 јуни 2021 година службено ќе бидат…

Read More

Од утре започнува исплата на мајските пензии за оние граѓани кои не користат платежни картички. Пензиите и овојпат ќе се делат според висината на пензијата, односно во четири групи. За пензии до 11.000 денари, исплатата ќе се изврши утре (среда), за пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата ќе се изврши на 27.05.2021 година (четврток), за пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата ќе се изврши на 28.05.2021 година (петок) и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31.05.2021 година (понеделник). Пензионерите кои користат платежни картички, независно од висината на пензијата, со истата…

Read More

Малолетник од Скопје, кој управувал електричен тротинет „хамачи“ е тешко повреден во сообраќајќа што се случила вчера во скопската населба Пинтија. Како што соопшти денеска МВР, сообраќајката се случила синоќа, околу 18:30 часот на крстосница од улицата „Саса“ и улицата „Јабланица“ во населба Пинтија, меѓу патничко моторно возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(47) од Скопје и малолетникот. По незгодата, малолетникот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Read More

Турското Министерство за здравство е подготвено да администрира повеќе од еден милион дози вакцини против Ковид-19 дневно, јави Си-Ен-Ен-Турк. Вакцините можат да се даваат во 1.500 јавни и приватни болници, како и во многу мали клиники. Досега, повеќе од 28 милиони луѓе се вакцинирани во Турција. Кампањата за вакцинација почна во јануари. Во земјата се вакцинира со Синовак и Фајзер/Бионтек. Наскоро се очекуваат и испораки на руската вакцина Спутник В. Вкупниот број на вакцинирани во земјата се очекува да достигне 50 милиони во јуни, а кампањата ќе продолжи во јули и август. Според Си-Ен-Ен-Турк, 85 проценти од Турците постари од…

Read More

Малта обелодени дека е првата земја од Европската Унија која постигнала колективен имунитет против ковид-19, откако 70 отсто од возрасното население примило барем една доза од вакцината, јави Ројтерс. „Постигнувањето на колективен имунитет е од огромна важност за локалната економија, особено туризмот“, изјави министерот за туризам Клејтон Бартоло. Во изминатата недела, во земјата беа регистрирани само три нови случаи на коронавирус на ден, а стапката на позитивни тестови падна на 0,2 отсто. „На секои пет секунди во земјата се дава една вакцина. 42 отсто од возрасното население е целосно вакцинирано“, изјави министерот за здравство, Крис Фирн. Вакцинирањето е достапно за…

Read More

Дваесет и тригодишниот масер од Батајница кај Белград, кој со години држел „елитна“ ординација за пластична хирургија во српскиот главен град, е уапсен по неколкунеделна полициска потрага, откако десетици жени се пожалија на здравствени проблеми како последица на неговите неуспешни и нестручно изведени операции. На Сава Кнежевиќ и неговата мајка Даниела (49), цвеќарка по професија, која му помагала, ќе им се суди за надрилекарство. На двајцата им е одреден 48-часовен притвор, јавуваат српските медиуми. Кнежевиќ пет години „оперирал“ и вршел естетски зафати како инјектирање ботокс и липосукции, иако не бил квалификуван за нив, а клиенти во неговата „дива“ ординација, во…

Read More

Со задоволство информирам дека постигнавме договор со приватните специјализанти. Платено здравствено осигурување и платени дежурства ќе добијат приватни специјализанти кои немаат други приходи, освен надоместокот кој го земаат за работење во клиниките на Клиничкиот центар „Мајка Тереза” и другите ЈЗУ каде се обавува специјализацијата. Денеска остварив средба со нивните претставници и директорите на ФЗО на РСМ и договоривме дека почнувајќи од јуни, а со исплата во јули, приватните специјализанти ќе добијат надомест за здравствено осигурување, откако претходно ќе пополнат изјава во ФЗО на РСМ дека немаат други приходи освен надоместокот кој го добиваат од државата. Дополнително, ќе им се исплаќаат…

Read More

Засилен е интересот за вакцинација во трите Поликлиники во Скопје. Стотици повозрасни граѓани сами или со придружба од рано наутро чекаат пред портите на вакциналните пунктови. Уште од рани зори, 6.30 наутро, првите пациенти се редат пред влезот на Поликлиниката Јане Сандански, раскажува за НоваТВ  раководителот на Поликлиниката, Боре Радевски. Дневно само на овој вакцинален пункт се имунизираат над 730 граѓани, најголем дел од нив во старосната група над 70 години. “Секојдневно се случува на пунктот да дојдат повозрасни граѓани кои го пропуштиле својот термин од пред неколку дена. Нив не ги враќаме. Има и пациенти кои на закажаниот термин…

Read More

Шатл-мисијата на шефот на португалската дипломатија Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји подзастана уште на првата станица. Обидот на двајцата европски дипломати да ја убедат Бугарија да попушти и да ја отстрани блокадата за почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ доживува неуспех, доколку се суди според официјалните ставови на Софија, пренесува Дојче Веле. На заедничката прес-конференција, бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев порача дека „не може да се очекува промена во националната позиција“ на неговата земја. На двајцата ЕУ дипломати попладнево им претстои и посета на Скопје, но засега, сигналите се дека тешко ќе се изнајде…

Read More

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 206.013 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9.561 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 11.646 граѓани, соопшти Министерството за здравство. Во државата вкупно се аплицирани 244.518 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.505 граѓани. Со последните бројки, како што посочуваат од Министерството,  44,7 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 37 отсто од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина. – Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица…

Read More