Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Загрижени сме поради информациите дека групи на пратеници и министерот за економија Бектеши, изготвувале предлог текстови на Законот за работните односи и Законот за трговија со кои планираат да се уназадуваат и кратат работнички права во поглед да се озаконуваат незаконитостите, наспроти очекувањата на работниците и ССМ за доследно да се почитуваат Законот за трговија и Законот за работните односи во делот на зако¬нските измени за недела – неработен ден односно ден за неделен одмор и да не се озаконуваат незаконитостите. Најавените предлог Закони со самото тоа што веќе се доставени до Собранието тоа е сторено без социјален дијалог и…
Тоа беше неверојатна сезона, не постои начин да се опише. Јас сум секогаш оптимист, но не ни сонував дека во една сезона ќе ги освојам шпанскиот Суперкуп, Ла Лига и Лигата на шампионите, изјави Анчелоти на официјалната веб-страница на УЕФА. Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го коментираше настапот на тимот оваа сезона по победата во финалето од Лигата на шампионите над Ливерпул (1:0). -Тоа беше неверојатна сезона, не постои начин да се опише. Јас сум секогаш оптимист, но не ни сонував дека во една сезона ќе ги освојам шпанскиот Суперкуп, Ла Лига и Лигата на шампионите, изјави Анчелоти на…
Целото жири беше крајно шокирано од овој филм, призна претседателот на жирито, Винсент Линдон. Со Винсент Линдон, претседател на жирито, ги немавме лапсусите на минатогодишниот претседател Спајк Ли. Американскиот режисер на почетокот на преносот во живо го откри името на добитникот на Златната палма за 2021 година, откако погрешно разбрал прашање од донаќинката на церемониите! Годинава моравме да ги почекаме последните моменти од трезвената гала за да откриеме дека Швеѓанецот Рубен Остлунд ја освои својата втора Златна палма пет години по „Скверот“ овој пат за Triangle of sadness во слободен превод „Без филтер или „Триаголник на тагата“, сатира за супербогатите и…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре и задутре ќе престојува во работна посета на Јапонија, на покана на јапонскиот министер за надворешни работи, Јошимаса Хајаши. Покрај средбата со Хајаши, шефот на дипломатјата ќе биде примен од престолонаследникот на Јапонија, принцот Акишино, а ќе има и одвоени средби со спикерите на Домот на претставници и Домот на советници при Парламентот на Јапонија, Хиројуки Хосода и Акико Санто. Министерството за надворешни работи информира дека Османи ќе организира бизнис-форум со Јапoнската организација за надворешна трговија (JETRO), на кој ќе ги презентира поволностите за инвестирање во Северна Македонија пред истакнати јапонски компании како „Хонда”, „Митсубиши”,…
Европската унија треба да предложи одложување на ограничувањата за увозот на руска нафта од клучниот нафтовод во обид да ги задоволи унгарските приговори и да постигне договор за блокираниот пакет санкции, шести на блокот, кој би ја таргетирал Москва за нејзината војна во Украина. Се очекува да се достави ревидиран предлог со кој привремено ќе се поштедат испораките на нафта преку гигантскиот нафтовод Дружба од поширока забрана за испорака, јави Блумберг цитирајќи извори во ЕУ блиски до тоа прашње. Со предлогот првично ќе се укинат само испораките преку море, а подоцна ќе се прошири на испораките од Дружба откако ќе…
На мерна станица Ѓуриште е измерено најголемо количество дожд, 54 литри на квадратен метар во изминатите 24 часа, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во иминатото деноноќие, според мерењата во 8 часот, 21 литар на квадратен метар наврнат воден талог имало во Крива Паланка, 17 во Тетово, осум во Пожаране, седум во Битола и Виница, пет литри во Прилеп и Крушево, четири во Штип, три литри на мерна станица Скопје – Зајчев Рид и Охрид, два во Демир Капија и Берово и еден литар во Струмица и Маврово. -Во првиот дел од ноќта беше нестабилно со грмежи и појава на пороен…
Во земјите од регионот најдолг очекуван животен век при раѓање имаат Грците – 81,4 години, потоа следи Хрватска – 77,8, Албанија – 77,4, Црна Гора – 75,9, Србија – 74,5 и Бугарија – 73,6 години. Возраста на која се заминува во редовна пензија во земјите од Европа е различна и се движи од најмногу 67 до најмалку 56 години. Во одредени земји е иста возраста на која се пензионираат и мажите и жените, а во други, пак, жените одат порано од мажите. Се разликува и барањето за минимален стаж како услов за пензија. Според податоците од пензиските фондови, најдолго се…
Малиот авион летал од туристичкиот град Похара, на околу 200 километри северозападно од главниот град Катманду, до Џомсам, на околу 80 километри северозападно. Авион на приватна компанија со 22 лица исчезна денеска во Непал, соопштија претставници на авиокомпанијата и владата. Малиот авион летал од туристичкиот град Похара, на околу 200 километри северозападно од главниот град Катманду, до Џомсам, на околу 80 километри северозападно. Официјален претставник на авиокомпанијата рече дека четворица патници се од Индија и дека има уште двајца странци чија националност се уште не е позната.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Од претпладне ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер со услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 24 степени. Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени. УВ ќе биде 6. Од УХМР информираат дека наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време…
Реал Мадрид вечерва во Париз ја освои 14-тата титула европски шампион. Победата против Ливерпул (0:1) ја донесе Бразилецот Винисиус Жуниор со голот во 58-та минута. Иако Ливерпул имаше повеќе шанси на натпреварот, херој на кралскиот клуб во финалето од Лигата на шампионите беше голманот Тибо Куртоа, кој не дозволи да биде совладан.
Силно невреме попладнево зафати делови од Македонија, а наместа имаше и обилни врнежи од град. И Охрид, според снимките објавени на социјалните мрежи, го погодиле и врнежи од град, за кои жителите изјавиле дека биле со големина на тениско топче, a езерото „побелело“. По најавите од УХМР за невреме викендов, и ЦУК попладнево апелираше граѓаните во земјава од попладнево да избегнуваат локално двжење во и покрај суводолици и други стари корита – водотеци, како и во долови по коишто се слевале порано порои од обилни дождови. Град во езеро е скрос ново искуство. pic.twitter.com/BgNsbGpiOf — BB (@BeelyanaS) May 28, 2022…
Министерството за здравство на Малта денеска соопшти дека во таа земја е забележан првиот случај на мајмунски сипаници. Маж на возраст од 38 години, кој неодамна престојувал во една од земјите погодени од епидемијата на мајмунски сипаници, е во домашна изолација со благи симптоми. Малтешките здравствени власти ги повикуваат граѓаните да одржуваат добра хигиена. Оваа недела, министерот за здравство на Малта, Крис Ферн, рече дека тие сипаници не се „уште еден ковид“ и истакна дека властите се добро подготвени да се справат во случај на избувнување епидемија.