Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најмлади пензионери се во Русија, најдолго се работи во Италија, кај нас покусо, ама покус е и животниот век

0
By НОВА ТВ Balaban on May 29, 2022 ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 29, 2022 09:39

Во земјите од регионот најдолг очекуван животен век при раѓање имаат Грците – 81,4 години, потоа следи Хрватска – 77,8, Албанија – 77,4, Црна Гора – 75,9, Србија – 74,5 и Бугарија – 73,6 години.

Возраста на која се заминува во редовна пензија во земјите од Европа е различна и се движи од најмногу 67 до најмалку 56 години. Во одредени земји е иста возраста на која се пензионираат и мажите и жените, а во други, пак, жените одат порано од мажите. Се разликува и барањето за минимален стаж како услов за пензија. Според податоците од пензиските фондови, најдолго се работи во Италија, Грција, Норвешка, каде што границата за редовно пензионирање е 67 години, а најрано во пензија се заминува во Русија.

Во земјите од Балканот, возраста на која може да се оствари пензија е слична и се движи околу 64-65 години. Во Северна Македонија мажите се пензионираат на 64, жените на 62 години, со можност по желба да продолжат да работат до 64, како и мажите.

Но, разлики има и во очекуваниот животен век, кој при раѓање во ЕУ во 2020 година изнесува 80,4 години, што е за 0,9 години пониско споредено со претходната 2019 година. Највисок очекуван животен век на ниво во ЕУ при раѓање имаат жителите на Норвешка – 83,3, Исланд и Швајцарија – по 83,1 години. Италија има очекуван животен век од 82,3 години, додека најмал Бугарија – 73,6 години и Романија – 74,2 години. Кај нас очекуваниот животен век е 74,4 години, покажуваат податоците на Евростат.

Во земјите од регионот најдолг очекуван животен век при раѓање имаат Грците – 81,4 години, потоа следи Хрватска – 77,8, Албанија – 77,4, Црна Гора – 75,9, Србија – 74,5 и Бугарија – 73,6 години.

Животниот век при раѓање во земјава споредно со 2019 година е намален за 2,2 години, кога бил 76,6 години, што е најголемо намалување меѓу сите земји во регионот, додека во Бугарија и Србија е скратен за 1,5 години.

Податоците од пензиските фондови покажуваат дека Италијанците мора да работат најдолго. Условот и за мажите и за жените е 67 години и 20 години работен стаж, за предвремено пензионирање потребно е да имаат 63 години и три децении запишани во работната книшка или 36 години работа на опасни работни места.

Една од можностите за предвремено заминување е да се има 62 години и 38 години работно искуство. Но, тие имаат и доста долг очекуван животен век од 82,3 години.

Мажите и жените во Грција треба да работат до 67 години и да имаат најмалку 15 години стаж, исто како и Норвежаните. Но, во Грција остварувањето на право на пензија е можно и на 62 години и за мажи и за жени, но само доколку имаат над 40 години работен стаж. И во Норвешка старосната граница е 67 години, но може да се оди во пензија и по навршување 62 години ако се има поголем стаж. И Грција, како и Италија, има прилично долг очекуван животен век, кој во 2020 година изнесувал 81,4 години.

Подолго се работи и во Холандија каде условите за пензионирање за мажи и жени се до 66 години и седум месеци. Меѓутоа, на тие во Холандија им требаат само пет години работно искуство или исто толку години престој во оваа земја, a имаат и очекуван животен век над 80 години.

Во Русија во пензија се оди со 61 година и 6 месеци старост и 13 година пензиски стаж за мажи и 56 години и 6 месеци старост и 13 година стаж за жени. Исто така, можно е и предвремено пензионирање доколку имате поголем број години пензиски стаж.

Во земјите во регионот старосната возраст на која може да се оствари пензија се слични и се движат околу 64-65 години. Во Србија, на пример, годинава мажите во пензија ќе можат да одат со 65 годишна возраст и најмалку 15 години стаж, а жените со навршени 63 години и четири месеци, и исто така 15 години работен стаж. Во пензија и едните и другите ќе можат да одат со 45-годишен стаж без разлика на возраста. Очекуваниот животен век во Србија – 74,5 години.

Во земјава условот за остварување на правото на старосна пензија за мажи е кога ќе наполнат 64 години, односно 62 години за жена и најмалку 15 години работен стаж за прв пат е уреден во Законот за пензиското и инвалидското осигурување донесен во 2000 година.

– Во преодниот период од 1 септември 2000 година до 31 декември 2001 година, односно 31 декември 2007 година, старосната граница за стекнување право на старосна пензија за маж и жена постепено се зголемува, велат од МТСП.

Претходно, согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување од крајот на 1993 година, кој е прв  со кој се уредува пензиското и инвалидското осигурување по осамостојување на земјава, условите за стекнување право на старосна пензија биле 63 години за мажи и 60 години за жени со најмалку 20 години стаж. Оние осигуреници кои не наполниле пензиски стаж од 20 години стекнуваат право на старосна пензија кога ќе наполнат 65 години живот (маж), односно 63 години (жена) и најмалку 15 години стаж на осигурување.

Според податоците од МТСП, со законски изменувања и дополнувања од 2001 година се уредува дека осигурениците кои на денот на почетокот на примената на овој закон имале најмалку исполнет пензиски стаж од 35 години (маж), односно 30 години (жена), правото на старосна пензија можат да остварат и со исполнување на 40 години (маж), односно 35 години (жена) пензиски стаж, без оглед на возраста.

(МИА)

 

животен век пензионери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026
ФОКУС
April 29, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

ВЕСТИ April 29, 2026

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале по телефон, соопшти…

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026
ТИКЕР

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.