Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Во првиот квартал од годинава умреле 7 427 лица, а од нив 12 се умрени доенчиња, што претставува зголемување од 7.2 % во однос истото тримесечје од 2021. Во првото тримесечје од 2022 година, во земјава се евидентирани 4 009 живородени деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е зголемен за 2.9 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во првиот квартал од годинава умреле 7 427 лица, а од нив 12 се умрени доенчиња, што претставува зголемување од 7.2 % во однос истото тримесечје од 2021. Природниот прираст е -3 418, што значи…
И во скопската котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено и во форма на краткотрајно невреме. Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер со брзина над 70 километри на час и појава на град, информираат од УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степени. УВ индексот ќе изнесува 7. Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно…
Премиерот Димитар Ковачевски денеска го посети манастирот Св. Јован Бигорски, каде што беше пречекан од игуменот на манастирот, Епископ Антаниски г. Партениј и запознаен со историјата и мисијата на манастирот Св. Јован Бигорски, како еден од најзначајните монашки и духовни центри во историјата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Во посетата на манастирскиот комплекс, Ковачевски беше придружуван и од министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, министерот за локална самоуправа, Горан Милевски и заменик-министерот за транспорт и врски Беким Реџепи. За време на разгледувањето на манастирските содржини, Ковачевски, се вели во соопштението, истакнал дека сега со историската одлука за…
Не е можно масовно ширење на болеста, едноставно заради тоа што пренесувањето на вирусот од човек на човек бара долготраен близок меѓусебен контакт. Од друга страна, симптомите на болеста се јасно видливи и препознатливи (карактеристичен осип, отечени лимфни јазли) и секој појавен случај лесно би се идентификувал и изолирал, нагласува проф. д-р Даниловски. Простор за загриженост нема! Точно е дека заразените со мајмунски сипаници немале патувано во земјите на Западна и Централна Африка. Но, точно е и дека речиси сите заболени се од категоријата „мажи кои имаат секс со мажи“. Понатаму, еден експерт на СЗО изјави „дека водечката теорија што…
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на посетата на Украина ја отвори Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев, која беше привремено затворена заради безбедносни причини, по руската инвазија врз Украина. Со свечено подигнување на знамето од страна на министерот, Амбасадата отпочна со извршување на своите редовни активности. „Ова не е само симболична порака, туку суштински израз на пријателство и солидарност кон украинскиот народ и држава“, изјави Османи. Министерот на средбата со неговиот хомолог, Дмитро Кулеба, информираше и за одлуката на Владата која беше донесена во пресрет на посетата, со која се обезбедува итна финансиска помош за Украина…
Европската унија одлучи да купи вакцини и антивирусни таблети за борба против мајмунски сипаници, вирус кој е ендемичен во Африка и вообичаено редок на други места, изјави денеска координаторот за вакцини во Шведска, Ричард Бергстром. „По неколку состаноци, беше одлучено да ги купиме вакцината и антивирусни табети“, изјави координаторот. Како што е најавено, ЕУ ќе купува вакцини „Имванек“ од Баваријан Нордик и антивирусни таблети „Тековиримат“ од Сига Технолоџис. Бергстром изјави дека ЕУ се уште нема потпишано договор со ниту една компанија. „Но, ќе го направиме тоа наскоро.Треба да имаме готов договор за една недела, а можеби и ограничени испораки во…
Создавањето на градоносните облаци обично е на височина од 3.000 до 5.000 метри, а пилотите избираат дали облакот ќе го засејат одоздола, бочно или одозгора и колку ке се доближат до него, бидејќи се работи за кумулонимбус или облак кој во себе содржи голема енергија, додава Тодоровски. Под влијание на влажна и нестабилна маса денеска попладне и за време на викендот времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. В недела дневната температура ќе се намали за…
Хрватска на 11 април информираше за протерани 18 руски дипломати и шест членови на административно-техничкиот персонал од Амбасадата во Загреб. Од Русија ќе бидат протерани петмина дипломати од хрватската Амбасада во Москва, како одговор на протерувањето руски дипломати од Загреб, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи. Хрватска на 11 април информираше за протерани 18 руски дипломати и шест членови на административно-техничкиот персонал од Амбасадата во Загреб. Ден подоцна, Руската Федерација изрази силен протест до хрватските власти и се закани со соодветен одговор.
Две лица се убиени, а според првичните информации, станува збор за момче кое си ги убило братот близнак и таткото, кој е познат адвокат во Северна Митровица. Злосторството се случило околу шест часот изутрина на улицата „Крал Петар“ во Северна Митровица, а му претходела кавга. Портпаролот на косовската полиција, Бранислав Радовиќ, потврди дека во инцидентот учествувале двајцата браќа близнаци родени во 1993 година и нивниот татко.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. В недела дневната температура ќе се намали за неколку степени. Времето претпладне ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец, а попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени. УВ индексот ќе биде 8. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност.…
Глобата за ваквиот вид прекршок за правните лица се движи од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност (член 8 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир ) и од 200 до 500 евра за нивните одговорни лица. Секторот за внатрешни работи Тетово денеска повторно апелираше до сопствениците на кафулиња, дискотеки и други угостителски објекти да внимаваат на јачината на музиката што ја пуштаат во нивните локали или ја свират музичките групи. – Глобата за ваквиот вид прекршок за правните лица се движи од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ( член 8 од Законот за прекршоци…
Вирусот на мајмунски сипаници може да се пренесе од едно на друго лице преку близок контакт со оштетена кожа, слузокожа, телесни течности, респираторни капки и контаминирани материјали, како што е постелнината. Лицата помлади од 40-50 години (во зависност од земјата) може да бидат поподложни на мајмунски сипаници, се наведува на веб страницата на Институтот за јавно здравје . В понеделник темата за мајмунски сипаници ќе биде на дневен ред и на состанокот на Комитетот за имунизација на населението, а според информациите, прашањето за имунизација против ова заразно заболување ќе биде поставено како една од точките за кои ќе заседава Комитетот.…