Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Монструозно убиство се случи синоќа во Зрењанин, 46-годишна жена, со нож го избодeла нејзиниот сопруг С.П. (42), а потоа го исекла со моторна пила. Таа прво го заспала, го заклала со нож, а потоа го исекла со моторна пила по нозете. Тоа се случило додека нејзината ќерка била во куќата, јавуваат српските медиуми. Убиениот пред неколку години бил во затвор поради семејно насилство. На Т.П. ѝ е одредена мерка притвор до 48 часа и таа, по поднесена кривична пријава, ќе биде спроведена во Вишото јавно обвинителство во Зрењанин.
Министерот за одбрана на Србија, Небојша Стефановиќ, денеска изјави дека во следните две недели ресорното министерство ќе му предложи на претседателот Александар Вучиќ модели за задолжителен воен рок, по што ќе следи подолга јавна расправа по која ќе се донесе одлука дали ќе биде задолжителна воената служба. Како што соопшти Министерството за одбрана, Стефановиќ рече дека темата за задолжителен воен рок веќе извесно време се разговара со експерти – како во Министерството за одбрана и во армијата, така и со оние кои се заинтересирани да се вклучат во тој процес. „Сакаме кога ќе му дадеме предлог на претседателот Вучиќ и…
Проф. д-р Ана Данева Маркова, гинеколог и претседател на Комитетот за безбедно мајчинство изјави дека во ковид-пандемијата двојно се намалил бројот на прегледи кај трудниците, иако тие се многу важни за рано откривање на компликациите кои можат да се јават понатаму во бременоста. Дури 40 отсто од жените во земјава не избрале матичен гинеколог, а кај повеќе од 10 жени од 1.300 прегледани во мобилната гинеколошка амбуланта од декември 2021 година до мај се откриени преканцерозни промени на матката. Најмладата малолетничка која ја прекинала бременоста на Клиниката за гинекологија има само 13 години, a вo 2020 година имало 18 девојчиња…
Еден од најбогатите луѓе на светот Бил Гејтс е позитивен на коронавирусот. Не е јасно дали Гејтс, кој досега донираше милиони долари за борба против пандемијата, првпат е позитивен на ковид-19. Гејтс на Твитер објави дека се изолирал со благи симптоми и оти примил и засилувачка доза од вакцината. Ко-основачот на Мајкрософт и мултимилијардер минатата недела објави книга со наслов „Како да се спречи следната пандемија“ во која објасни како земјите можат да направат координирани напори за спречување на пандемии и „елиминирање на сите респираторни заболувања“. I’ve tested positive for COVID. I’m experiencing mild symptoms and am following the experts’…
На Институтот за патофизилогија и нуклеарна медицина во Скопје денеска беше отворена мијаваки шума, прва од таков вид, донација на невладината организација „Зелена планета за сите“. Станува збор за урбани шуми кои даваат три пати повеќе зеленило од вообичаените насади. – Денеска Скопје ја добива првата мала урбана шума на Балканот. Секако бладарение на методот воведен од јапонскиот ботаничар Акира Мијаваки кој се базира на ремедијација на просторот со автокхтони сорти на дрва и грмушки, а продобивките се признати и потврдени и од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации. Покажуваме дека ги препознаваме и ги следиме добрите светски…
Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторило кривичните дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 и Неизвршување судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик. На 12 април, осомничениот, пред месарница на улицата „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес ја загрозил сигурноста на сопственикот на месарницата и уште две присутни лица, навредувајќи ги и заканувајќи им се дека ќе ги убие. Откако во постапка му биле определени мерки на претпазливост, меѓу кои и забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште и забрана за…
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.652 тестови, а регистрирани се 115 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 59, Битола – 14, Прилеп – 7, Кавадарци и Охрид – по 5, Гевгелија – 4, Гостивар, Штип и Ресен – по 3, Куманово, Струмица и Неготино – по 2, Тетово, Велес, Кочани, Струга, Крива Паланка и Делчево – по 1. Од вкупниот број на позитивни (115), регистрирани се 23 реинфекции. Регистрирани сe 99 оздравени пациенти од: Скопје – 47, Битола – 20, Тетово и Берово по 4, Гевгелија, Гостивар,…
Цениме дека сите овие обиди наликуваат на намерна саботажа на работата и функционирањето на самата Зоолошка градина, треба да се прашаме на кого му пречи успешноста на Зоолошката градина. Остро ги осудуваме сите овие обиди да се наштети на нашата работа, но и на безбедноста на животните, се надеваме дека службите од Министерството за внатрешни работи ќе работат интензивно на откривање на сторителите, со цел да се спречат и понатамошни вакви обиди, изјави директорот Стаменов. Директорот на ЈУ Зоолошка Градина Скопје, Кристијан Стаменов, денеска ја извести јавноста за, како што рече, неколку немили настани кои во изминатиов период се случуваа во…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска оствари средба со Архиепископот Охридски и Македонски и поглавар Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан. На средбата премиерот Ковачевски му честиташе за радосната вест за одлуката на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија со која Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се прима во евхаристичко заедништво со останатите православни цркви. Премиерот Ковачевски на средбата истакна дека станува збор за историска одлука и долгоочекувано вековно признание за постоењето на Македонската Православна Црква, наследничка на древната Охридска Архиепископија. Со оваа одлука на Вселенската Патријаршија, беше потенцирано на средбата, архијереите на МПЦ-ОА,…
Во таа смисла Управата за извршување на санкции ги носи соодветните одлуки кои што ги добива како резултат на координирана соработка со други институции, рече Тупачевски и потврди дека официјално е поднесено барање од косовските власти за екстрадиција на дел од осудениците. Доколку се утврди дека осудени лица за настаните во Диво Насеље, кои штрајкуваат со глад не ги добиваат правата што им следуваат со закон, ќе биде соодветно реагирано, изјави денеска министерот за правда Никола Тупанчевски. Коментирајќи го овој случај, министерот Тупанчевски нагласи дека тие внимателно ги разгледуваат нивните барања. – Директорот вторпат стапи во контакт со осудените лица…
Почнувајќи од оваа и од идната недела започнува процесот на донесување нов Изборен законик, најави министерот за правда, Никола Тупанчевски, на денешната прес конференција. Тој појасни дека тоа значи дека ова е консеквенца на тоа што се случуваше во 2015 година, кога беше формирана меѓуресорска работна група која во 2016 година започна со активностите, а последните беа во април 2021 година. – Идејата е од Министерството за правда иницијално да тргне процесот за подготовка на нов Изборен законик, кој би значел вградување на сите препораки од меѓународниот фактор, пред се од ОДИХР/ОБСЕ, меѓутоа и забелешките од другите засегнати страни, посочи…
„Вселенска патријаршија: Охридската црква на Северна Македонија станува канонска“, „Вселенската патријаршија ја призна шизматичката црква на Скопје, „Вселенската патријаршија ја призна црквата на Северна Македонија како Охридска црква“, „Вселенската патријаршија ја прими скопската архиепископија во црковно општење“ се дел од насловите во грчките медиуми за вчерашната одлука за признавање на Охридската Архиепископија за канонска, јави дописничката на МИА од Атина. Медиумите во Грција детално ги пренесуваат и соопштението од Вселенската патријаршија, но и реакции од кај нас. Црковниот портал „Ортодоксија инфо“ во текстот под наслов „Шах- матот“ на вселенскиот патријарх што го збриша планот на руско- српската оска за нова…