Author: НОВА ТВ Balaban

Во 2022 ќе имаме и повеќе чартери. Од средината на мај од Холандија, во јуни од Полска, кон крајот на мај стартува новата линија Тел Авив – Скопје, во почетокот на јуни и новата линија Измир – Скопје, а се очекува и уште една нова линија, а тоа е Марибор – Скопје, истакна Јаневски.   Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски годинава очекува 2,5 милиони ноќевања и над 400 милиони долари директен прилив од секторот во домашната економија. Како што соопшти денеска на прес-конференција, туристичкиот сектор забрзано закрепнува, а за тоа најмногу придонеле традиционалните и…

Read More

Вршел откуп на старо железо, метални производи и слични предмети на импровизирано откупно место – отпад за откуп на секундарни суровини, без означена фирма. СВР Скопје – Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Е.М.(26) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад”, предвидено и казниво по чл.230 ст.3 од Кривичниот законик. Пријавениот, во текот на 2022 година во Скопје, на подрачјето на Општина Гази Баба, вршел откуп на старо железо, метални производи и слични предмети на импровизирано откупно место – отпад за откуп на секундарни суровини,…

Read More

На подрачјето на Гази Баба денеска во 00.20 часот од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода Б.Т.(47) од Скопје. Тој се барал со потерница од Основното јавно обвинителство Скопје за истрага со мерка притвор за сторено кривично дело по чл.279 од Кривичниот законик. Од МВР информираа дека Б.Т. е приведен во полициска станица, по што ќе биде спроведен за издржување на мерката притвор.

Read More

Министерството за внатрешни работи вчера (13.04.2022) спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 194 возачи. Од нив 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 94 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 100 надвор од населено место. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила…

Read More

Меѓу позначајните измени е и зголемување на износот на глоба за раководителот на субјектот на финансиска инспекција, како и воведување нови прекршочни одредби за сторени прекршоци со незаконско користење на средствата на ЕУ фондовите и прекршоци сторени од физичко лице и одговорно лице во правно лице со оневозможување на спроведување на финансиската инспекција или непостапување по барањата на финансиската инспекција. Министерството за финансии преку финансиската инспекција во јавниот сектор поефикасно и поефективно ќе ја врши контролата на користењето на јавните финансиски средства кај субјектите од јавниот сектор и користењето на финасиските средства од ЕУ фондовите. Тоа го предвидува новото законско…

Read More

Комисијата за заразни болести денеска препорача да се укине задолжителното поседување сертификат за вакцинација или прележаност на КОВИД-19 за влез во земјава. Овие потврди ќе останат да важат за влез во угостителски објекти. За оваа обврска при влез во ресторани и барови не е препорачано да биде укината зашто Комисијата смета дека не е добро да се укине сè одеднаш  туку постепено. – Постепеното укинување на мерките дава резултат и тоа се гледа по секојдневниот пад на бројките, изјави портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ. Новиот предлогот за влез во земјава без сертификат за вакцинација или прележаност…

Read More

Пет години по големиот повратнички концерт во „Метрополис арена“, култната македонска поп-рок група „Меморија“ на 11 јуни ќе одржи концерт под отворено небо на стадионот на Армијата во Градскиот парк во Скопје. На денешната прес-конференција во градската кафеана „Пелистер“, членовите од бендот споделија дека концертот е замислен како своевидна „концертна матурска рокенрол забава на генерациите“. Петар Георгиевски истакна дека со истиот жар, со засилен состав, продолжуваат понатаму. – Пробите ни одат феноменално, рече Георгиевски. Останатите членови дополнија дека „Меморија“ е бенд кој е составен од пријатели и се надеваат дека ќе „скршат нога“ да наполнат наш стадион со наша музика.…

Read More

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 18 април 2022 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, според Грегоријанскиот календар е неработен ден за верниците од католичката вероисповед во Република Северна Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на верниците од католичка вероисповед им го честита празникот Велигден.

Read More

СОНК ја поздравува заложбата на министерот за образование и наука за изнаоѓање  средства за задоволување на барањата на вработените во дејноста образование, соопшти Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, по изјавата на министерот Јетон Шаќири дека МОН е подготвен да пренамени дел од својот буџет за да се доближи до процентот на покачување на платите што го бара Синдикатот. – Ова нека биде добар пример и поттик за Министерството за труд и социјална политика во правец на надминување на моменталната ситуација, објави СОНК и неговиот лидер Јаким Неделков на Фејсбук. Министерот за образование и наука изјави дека е подготвен…

Read More

Незнам, прво да ја имаме понудата за зголемување на платите пред нас, однапред не може да кажеме на што ќе се согласиме. Треба прво членството да го прашаме, изјави Неделков за НоваТВ. На третиот ден на штрајкот на вработените во образованието, претставниците на СОНК денеска во 15 часот ќе имаат средба во Министерството за  образование и наука, со министерот Јетон Шаќири, дознава НоваТВ. – Само што ми јавија дека во 15 часот е закажана средбата на СОНК со министерот Шаќири, ни изјави синдикалниот лидер, Јаким Неделков. Тој не открива за кое покачување на платите ќе се согласи и на Владата…

Read More

Овозможува брзо скенирање не само на белите дробови туку и на целото тело, околу 15 секунди, и дава висококвалитетна слика којашто ни овозможува дијагностика и на интерспецијалните и други болести коишто досега беа недостапни за дијагноза, изјави денеска медицинскиот директор на  Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија, Дејан Докиќ. На Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија во Скопје денеска е отворен компјутерски центар, односно оддел за компјутеризирана томографија. – Со овој нов апарат Филипс Инсајзив којшто има висококвалитетна рентгенска цевка што работи со ниска енергетска моќ се овозможува јонизирачкото зрачење на самите пациенти и на персоналот да се намали за…

Read More

По комплетирање на сите документи, ќе се формира комисија ако има потреба и ако има сомнеж за некој детаљ, па потоа ќе дадам дефинитивна изјава, истакна денеска министерот Сали.   Извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за случајот со хрватскиот ракометар Денис Тот е доставен во мојата канцеларија, сега чекаме извештај од судска медицина. По комплетирање на сите документи,  ќе се формира комисија ако има потреба и ако има сомнеж за некој детаљ, па потоа ќе дадам дефинитивна изјава, истакна денеска министерот за здравство Беким Сали. Тој вели оти „сликата сѐ уште не е комплетирана“, па поради тоа не може…

Read More