Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Денис Тот – младиот ракометар чиј живот насилно беше прекинат во Скопје, е роден 1994 година во Ѓаково, каде ја започна својата ракометна кариера. Израснал во спортско семејство, татко му Игор е фудбалски тренер кој го води хрватскиот третолигаш ХНК Ѓаково, а брат му Борис е ракометен голман кој моментално настапува во Холандија. Веста дека починал ги шокираше сите во клубот во кој ја започна кариерата, Ѓаково, во местото каде што е роден. „Неверојатно е тешко и неописливо болно да се напише ова. Се збогуваме со нашиот Денис Тот со скршени срца. Младото срце на нашиот Денис, нашиот легендарен ‘Ченга’,…
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 2.046 тестови, а регистрирани се 142 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 79, Битола – 26, Прилеп и Охрид – по 7, Кавадарци, Велес и Кичево – по 4, Куманово – 3, Гостивар и Кочани – по 2, Тетово, Штип, Гевгелија и Свети Николе – по 1. Од вкупниот број на позитивни (142), регистрирани се 28 реинфекции. Регистрирани сe 105 оздравени пациенти од: Скопје – 78, Битола – 10, Кавадарци и Охрид – по 4, Куманово и Гевгелија – по 3, Струмица…
Премиерот Ковачевски во својот апел уште порачува дека правото на штрајк е загарантирано право, но дека социјалниот дијалог е единствениот пат до заеднички решенија, како што беа постигнати и договорите за минималната плата и за пензиите. Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска со порака на социјалните мрежи ги повика наставниците од основните и средните училишта да ги стават интересите на децата на прво место и да се погрижат да не се наруши образовниот процес. Премиерот Ковачевски во својот апел уште порачува дека правото на штрајк е загарантирано право, но дека социјалниот дијалог е единствениот пат до…
Телевизијата Топ чанел објави „изненадувачка вест“ за можноста околу тоа кој би можел да биде следниот албански претседател, а кој има поддршка од меѓународните претставници. – Станува збор за принцот Лека Зогу помладиот, кој оствари средба со американските претставници Филип Рикер и Јури Ким. Соодветно на тоа, името на принцот треба да се земе предвид поради поддршката што ја ужива кај меѓународната заедница. Тука секако и најавената можност дека од меѓународните претставници може да дојде некое име, наведува телевизијата. Медиумот објави дека при престојот во Тирана на 4 јули минатата година, поранешниот заменик-помошник државен секретар на САД, денес амбасадор во…
Секторот за внатрешни работи Штип расчисти случај на фалсификување пари и од слобода ги лиши сопружниците Б.Ф.(38) и С.Ф.(33), двајцата од Штип. Како што информираат од МВР, при преземањето мерки било утврдено дека Б.Ф. испечатил четири банкноти од 1.000 денари од кои три ѝ дал на С.Ф., а четвртата ја фрлил бидејќи била оштетена. Исто така, било утврдено дека С.Ф. една од банкнотите разменила со малолетничка од Штип за две по 500 денари, една дала на лице од Штип за да подмири долг кон него, а последната, откако слушнала дека делото е пријавено, ја скинала и фрлила. Банкнотите биле пронајдени…
Вонредниот надзор утре ќе продолжи во Институтот за судска медицина. На барање на министерот за здравство, Беким Сали, во тек е вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Итна медицинска помош, во Ургентниот центар и во КАРИЛ , изјави за НоваТВ, д-р Ирина Бухова Сотирова, директорка на ДСЗИ. Вонредниот надзор, кој го иницираше синоќа министерот Сали, по смртта на ракометарот на РК Бутел Денис Тот, утре ќе продолжи во Институтот за судска медицина. – По завршувањето на истиот, за констатираната состојба ќе биде известен министерот, додаде д-р Бухова Сотирова. Од ТОАРИЛУЦ КАРИЛ денеска испратија соопштение во врска со…
И покрај критичноста на ситуацијата, веднаш е направена компјутерска томографија на целото тело. При самиот прием на пациентот, повикани се сите екипи, од Неврохирургија, од Абдоменална хиругија, Торакална и од Трауматологија за да се изјаснат по однос на наодот од компјутерската томографија, нагласуваат од КАРИЛ Клиниката за ТОАРИЛУЦ-КАРИЛ денеска ги осуди, како што нагласува, сите шпекулации во јавноста во изминатиот ден поврзани со транспарентноста за трагичната смрт на младиот ракометар. Од Клиниката соопштија: – Остро ги осудуваме сите шпекулации во однос на транспареноста на овој трагичен настан. Од самиот прием ја истакнавме тежината на состојбата во која пациентот е примен…
Како што соопшти МВР, возилото „Шкода Суперб“ во која се наоѓал Љајиќ од засега непознати причини излетало од патот и се превртело, а во оваа сообраќајна несреќа од здобиените повреди на самото место почина неговиот возач. Лидерот на Социјалдемократската партија на Србија и поранешен вицепремиер на српската влада, Расим Љајиќ, денеска околу девет часот доживеа тешка сообраќајна несреќа на автопатот Белград-Ниш, кај Ражањ, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопшти МВР, возилото „Шкода Суперб“ во која се наоѓал Љајиќ од засега непознати причини излетало од патот и се превртело, а во оваа сообраќајна несреќа од здобиените повреди на…
Немаме никаква одговорност ако дојдат ученици или дечиња во градинките. Ние ќе бидеме во посебни простории. Може директорите да ангажираат лица од установите кои не се наши членови, лица кои се со договори и се плашат да не останат без работа па не штрајкуваат, но тоа се, да речеме максимум 10 од 100, или некаде пет или 15 лица, да не генерализираме, рече Неделков. Апелирам до Владата што побрзо да нé повика на преговори, што побрзо да сфати дека со ваков однос кон синдикатот на овие вработени во државата коишто имаат општествено значење и што се многу важни за нормалниот…
Владата ќе остане посветена на изнаоѓање решенија за сите прашања што ги отворија синдикатите, истакнува во интервју за МИА, претседателот на Владата Димитар Ковачевски. „Синдикатите бараат уште повеќе зголемување на платите. Ние нормално дека разговараме со нив, сите одлуки досега беа носени низ социјалниот дијалог со синдикатите. Меѓутоа треба да ги имаме предвид сите аспекти на економијата, а ние сме во секојдневна комуникација и неделна координација со Народната банка, бидејќи не смееме да дозволиме одредени мерки коишто би се носеле од фискалната политика да влијаат негативно на монетарната политика и да ја подгреваат инфлацијата“, нагласува премиерот Ковачевски. Се работи за…
Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков денеска одржува прес – конференција на која ќе бидат презентирани потребните информации непосредно пред најавениот штрајк во детските градинки, основните и средните училишта.
Министерството за образование и наука соопшти дека и од понеделник, за кога е најавен штрајкот од страна на раководството на Синдикатот за образование, наука и култура – СОНК, основните и средните училишта ќе продолжат да работат, односно ќе примаат ученици и ќе организираат воспитно – образовен процес. Правната регулатива во оваа област ги штити интересите и на учениците. Согласно законите за основно и средно образование, воспитно-образовната работа мора да се реализира во текот на целата наставна година. Прекин не смее да има, освен во услови на вонредни околности како постоење на кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или…