Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица од: Штип (1), Кичево (1) и Гевгелија (1), на возраст од 73 години до 81 години. Пријавените лица се починати во период од 01.04.2022 до 02.04.2022 гоидна. Од пријавените лица 2 се починати во домашни услови, а едно лице е починато во болнички услови. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 2.669 тестови, а регистрирани се 149 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 77, Битола – 16, Прилеп и Кавадарци – по…
Во врска со случајот за починатиот Д.Т. (28) по обезбедените снимки и дополнителни мерки и активности од страна на СВР Скопје утврдени се следните факти: На ден 07.04.2022 година, околу 03:30 часот, пред ноќен клуб лоциран во Градскиот парк, дошло до вербална расправија помеѓу лицето Д.Т. (28) од Р.Хрватска, со привремен престој во РСМ и лицата А.Ѓ. (28), К.Л.(19) и А.К.(22) сите од Скопје при што тројцата го нападнале и му нанеле удари по главата на Д.Т. од кои тој паднал со глава наназад на асфалтот и изгубил свест.Од страна на Итна медицинска помош лицето било пренесено во Ургентен центар…
Според информациите од лекарите што го примиле сега починатиот, лицето имало престанок на работата на срцето, масивен оток на мозокот, пресечен јазик и висока телесна температура. По приемот бил ставен на апарати за дишење и бил во животно загрозувачка состојба, а наредниот ден и покрај обидите за реанимација починал. По добиеното известување од Министерството за внатрешни работи за случен кривично правен настан со смртни последици, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје, со цел да се испитаат сите околности во насока на расчистување на настанот издаде низа наредби и тоа: Наредба за обдукција на телото на починатиот, наредба за…
Со богата програма за дечињата од градинките и учениците од основните училишта од општината, денеска во паркот „Авион“ , под мотото „Спортуваме за Аеродром“ се одбележа 17-от роденден на Општина Аеродром. На настанот, на кој присуствуваа градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, покрај богатата музичка и забавна програма, најмладите имаа можност на десеттина различни полигони низ непосредна игра и активности имаа прилика да се запознаат со голем број спортови како што се фудбал, кошарка, бадминтон, одбојка, гимнастика, хокеј на трева и многу други. Пред присутните дел од своите вештини им ги презентираа и извидници…
За време на работната посета на Грција по повод учеството на Економскиот форум Делфи, претседателот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски оствари билатерална средба со грчкиот колега Киријакос Мицотакис. На средбата, на која присуствуваа и заменик-претседателот во Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и директорката на УЈП Сања Лукаревска, премиерите на двете земји разговараа за посветеноста, за целосна и непречена имплементација на обврските на двете страни утврдени во Договорот од Преспа. Ковачевски на средбата со Мицотакис нагласи дека со воспоставеното партнерство засновано на доверба и пријателство односите меѓу двете земји се трансформираа…
„Зелената агенда е во фокусот на работата на Владата. Тоа се покажува дека е значајно особено во услови на енергетска криза и обезбедување енергенси од сопствени извори. На тој пат во проширување на капацитетите за производство на електрична енергија е значајна поддршката од меѓународните финансиски институции, а особено од ЕБОР, истакна министерот Бесими Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е најактивна меѓународна финансиска институција во земјава. Во изминатите 30 години РС Македонија има континуирана поддршка во реализација на своите приоритети, а таа поддршкa продолжува и понатаму. Потврда за успешната и долгорочна соработка беше искажана денеска на средба на министерот…
Ставот на Бугарија за евроинтеграцијата на Република Северна Македонија се базира на резултати, а не на рокови и услови наметнати од странство. Секое отстапување на Владата од бугарскиот национален интерес ќе предизвика нова владина криза, нагласи Радев при промоцијата на иницијативата „Да засадиме дрво, да ја оживееме бугарската шума“ Очекувам бугарската Влада строго да се придржува до Декларацијата на Националното собрание на Бугарија, консензусот постигнат на Консултативниот совет за национална безбедност и на волјата на Бугарите за решавање на отворените прашања со Скопје пред почетокот на преговорите за членство на Република Македонија во Европската унија, изјави денеска бугарскиот претседателот, Румен…
Можам да ви кажам дека обдукцијата е во тек. Сите информации од обдукцијата ќе му бидат пренесени на надлежниот Обвинител, вели Станков Во тек е обдукцијата на телото на младиот ракометар на РК Бутел, Денис Тот, пренесе телевизија Сител. Директорот на Институтот за судска медицина, д-р Александар Станков, вели дека наодите ќе бидат предадени на Јавното обвинителство. – Можам да ви кажам дека обдукцијата е во тек. Сите информации од обдукцијата ќе му бидат пренесени на надлежниот Обвинител, вели Станков за Сител. Како што вчера објавивме, лекарска екипа на Службата за итна медицинска помош во Скопје го пронашла ракометарот Денис…
Ни ветија по 400 денари од заклано јагне, ама кога ќе ги дадат парите?! Многу ни е битно што побрзо да ни ги дадат. Но, и други субвенции ни требаат, трошоците се големи. Јагнињата уште не ми се продадени. Чекам прифатлива цена. Ќе почекам уште неколку дена и ќе мора да ги дадам. Храната за нив е многу скапа. Јас чувам овци уште од дете, ама полека се намалува бројот, вели Мицески. Македонското јагне се бара на странските пазари, но понудата е сѐ помала. Побарувањата се уште поголеми, но се јавува недостиг од јагнешко месо, констатираат од кланичката индустрија. Според…
Во периодот од 23.00 часот на 08.04.2022 до 03.30 часот на 09.04.2022 полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршиле контроли во повеќе угостителски објекти и прегледи на повеќе лица и патнички возила. Притоа, кај 7 лица од Скопје биле пронајдени марихуана и кокаин. Кај В.З.(34) била пронајдена бела прашкаста материја, кај Б.Ј.(28) била пронајдена бела прашкаста материја, кај М.З.(37) била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана, кај А.Б.(25) била пронајдена марихуана, кај Н.Ќ.(23) марихуана, кај М.П.(42) кокаин и кај Т.Д.(20) била пронајдена марихуана. Лицата биле лишени од слобода и…
Нашите земји ќе продолжат да се соочуваат со закани и предизвици и од државните и од недржавните актери кои користат хибридни закани кои ги таргетираат нашите политички институции, нашето јавно мислење, но пред се безбедноста на нашите граѓани. Со ваков еден поглед кон иднината, повеќе од потребно е прво да се започне со деконструкција на концептот за да се разберат неговите методи и влијанија и да се изградат соодветни размислувања и решенија, истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска на Регионалната школа за безбедност 2022, насловена „Хибридните закани и надворешни актери во време на воена агресија во Европа – импликации врз…
Пролетва во Зоолошката градина во Скопје се случува вистински „бејби бум“, каде се родија три лавчиња, мала лама, бебиња кенгури, лемури, берберска овца и камила. Зоолошката градина стана главна вест во најпознатите светски медиуми поради последните случувања изминатиов период, каде се родија повеќе животни. Фотографиите од малите лавчиња и бебето белорак гибон се најдоа како вест на денот, фото на неделата и фото избор на денот во престижни медиуми и новинарски агенции како Гардијан (The Guardian), Ројтерс (Reuters), Јаху (Yahoo), како и американските медиуми ЦНН (CNN) и АБЦ Њуз (ABC News), информираа деенска од Град Скопје. Фотографиите од Скопје ЗОО…