Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска: Ниту една стратегија за хибридни закани не може да биде имплементирана, ако во неа не учествуваат сите актери во државата

0
By НОВА ТВ Balaban on April 9, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 9, 2022 13:10

Нашите земји ќе продолжат да се соочуваат со закани и предизвици и од државните и од недржавните актери кои користат хибридни закани кои ги таргетираат нашите политички институции, нашето јавно мислење, но пред се безбедноста на нашите граѓани. Со ваков еден поглед кон иднината, повеќе од потребно е прво да се започне со деконструкција на концептот за да се разберат неговите методи и влијанија и да се изградат соодветни размислувања и решенија, истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска на Регионалната школа за безбедност 2022, насловена „Хибридните закани и надворешни актери во време на воена агресија во Европа – импликации врз регионалната безбедност“, во организација на Универзитетот „Св.Климент Охридски”, Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Вилфред Мартенс Центарот за европски студии од Брисел.

Современата безбедносна слика, посочи Петровска, се карактеризира со комплексни закани кои во суштина се изменети од периодот од пред две децении.

– И од таа причина нужно е потребно разбирањето и визијата за одбраната на општеството преку препознавање на современиот спектар на закани да биде се поприсутен и посеопфатен. Заканите доаѓаат од државни и од недржавни актери кои се повеќе користат механизми на мека моќ, тоа значи дека не се воени дејствија, меѓутоа се политички, еконмски, информациски методи на дејствување и кои имаат една единствена цел а тоа е да ги ослабнат институциите, економиите но и општествата во целина и со тоа да предизвикат загрозување на безбедноста. Земајќи го во предвид тоа дека современите закани имаат комплексна содржина, се наметнува и потребата од тоа како ќе одговориме на тие закани, рече Петровска, посочувајќи дека Република Северна Македонија неодамна ја има донесено стратегијата за хибридно дејствување и во одредена мера е започната со нејзината имплементација.

Според министерката Петровска, цели на хибридните закани се да ја загрозат довербата во демократијата, ги слабеат институциите на земјата, креираат внатрешни конфликти и тензии и можат да создадат проблеми помеѓу соседите во некој регион и да ја слабеат довербата во евро-атланските вредности што ги застапуваат НАТО и Европската Унија.

– Хибридните закани се најсериозниот предизвик на современото живеењево кое живееме. Тие се асиметрични, неконвенционални и немаат одредена територија и стриктна област во која дејствуваат. Можат да бидат применливи за повеќе видови на напади, од нарушување на безбедноста на институциите, но и бизнис секторот до ослабување на одбранбените системи на државата, а се разбира и граѓаните не остануваат нетаргетирани или нападнати од ваквиот тип на закани. Дезинформациите не се новина, тие се составен дел на хибридните закани, меѓутоа како ново орудие на хибридното дејствување се сметаат за сериозна закана за демократијата и за стабилноста на таа земја. Дезинформациите не се право на говор. Тоа се однапред добро осмислени неточни информации кои што имаат за цел да создадат во најмала рака конфузија во општеството, рече Петровска.

Посочи дека секогаш кога сакате да спроведете некоја реформа или стратегија или сакате да имате успех во дејствувањето, треба да преземете и да спроведете сеопфатен процес, бидејќи, како што појасни, ниту една стратегија, особено стратегија за хибридни закани не може да биде целосно имплементирана ако во неа не учествуваат сите актери во државата.

– Наша цел како претставници на институции, актери во општеството е да создадеме заедничка цел за приордата на хибридните закани, да ја пробудиме свесноста за нивното постоење, да ги мапираме обврските и на носителите и на сите учесници, да ги идентификуваме начините на дејствување, како и да креираме ресурси за градење на национална отпорност со ангажирање на целокупното општество, додаде министерката Петровска.

Тридневната Регионална школа нуди размена, соработка и зајакнување на довербата меѓу студентите, професорите и практичарите од земјите од регионот, а воедно ги испитува тесните грла за соработка и координација во борбата против хибридни закани. Школата, меѓу другото има цел да се дефинираат можните решенија и политики, како и потенцијалните оперативни мерки за надминување на предизвиците и подобрување на соработката во справувањето со хибридни закани.

 

Регионалната школа за безбедност 2022 Славјанка Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 1, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

ВЕСТИ June 1, 2026

Преговарачкиот тим на Иран ја суспендира размената на пораки со САД преку посредници поради израелските…

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан

May 31, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

May 28, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.