Author: НОВА ТВ Balaban

Вакцините со изминат рок се горат во инсценератор, а на 4 март годинава уништени се наеднаш 67.687 дози вакцини против ковид-19, или 320 килограми вакцини, велат во „Дрисла“  Кога ги немаше вакцините против ковид-19, едвај чекавме да стасаат и да се заштитиме, но сега голем дел од нив почнаа да завршуваат на депонијата „Дрисла“ бидејќи им изминува рокот на употреба. Од Министерството за здравство велат дека во постапка за уништување се 267 илјади дози вакцини, а на располагање се уште половина милион дози со рок на важност до 31 јули годинава. Во Дрисла на почетокот на март се уништени 67.687…

Read More

Работодавачите  кои веќе ја  исплатиле мартовската плата, а не побарале финансиска помош, истото може да го сторат со поднесување на исправка со внес на шифра 103, само за вработените лица за кои бараат обезбедување на финансиска помош, појаснуваат од Управата за јавни приходи Од денеска може да се аплицира за добивање финансиска помош за исплата на минималната плата. На веб-страната на Управата за јавни приходи, веќе е поставен софтвер преку кој може да се поднесе барање за финансиската помош за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата. – Работодавачите кои сакаат да користат ваква државна помош, при поднесување…

Read More

Како залог, пријавените им ги земале платежните банкарски картички со пин кодовите и континуирано по секоја пристигната месечна социјална помош на сметките на оштетените, пријавените од банкомат подигале пари сѐ до целосно враќање на заемот СВР Штип поднесе кривична пријава против С.Ј.(45) и Е.Ј.(40), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. Во текот на 2020 и 2021 година, пријавените на 19 социјално загрозени лица од Штип, приматели на парична помош и други социјални додатоци, им давале пари на заем, а за услугата им наплаќале камата од најмалку 50 % од дадениот заем. Како залог,…

Read More

Поради најава за слични временски услови, во Бугарија денеска е прогласен и портокалов метео-аларм  Претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во западните делови. Поради адвекција на прашина од Сахара ќе има услови дождот да биде обоен. Ќе дува засилен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од јужен правец, наместа со брзина и над 60 км/час.  Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 19 степени,  прогнозираат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен јужен ветер.…

Read More

Денеска (31.03.2022) од страна на СВР Штип до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција ќе биде поднесена кривична пријава против 4 лица (3 косовски и 1 наш државјанин), од кои тројцата се веќе приведени, а за едно лице, кое со товарно возило требало да ја преземе дрогата од Штип и да ја пренесе до Република Турција се преземаат мерки за негово пронаоѓање На 30.03.2022 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, по претходна меѓународна меѓуинституционална размена на информации, а во соработка со Одделот за специјални полициски операции – Специјална антитерористичка…

Read More

Пожарот е настанат од запалено ѓубре во близина на објектот коешто, поради брзината на ветерот, се проширил и на магацинот во кој се складирани пластика и детски играчки Пожар во магацин со детски играчки во близина на штипската приградска населба Три Чешми бил пријавен денеска околу пладне во противпожарната  служба. Гаснењето на огнената стихија го отежнува силниот ветер, а пожарот започнал од запалено ѓубре надвор. На терен се четири пожарникарски возила од ТППЕ Штип со 15 пожарникари, а помош е побарана од Свети Николе и Кочани. – Пожарот тешко се гасне поради силниот ветер, но пожарникарите очекуваат дека побрзо ќе…

Read More

За извршување на електронските плаќања, висок годишен раст од 26% се забележува кај употребата на мобилните апликации од страна на граѓаните, што повторно укажува на натамошно менување на платежните навики во прилог на користењето на поудобните дигитални канали за плаќање Дигиталната револуција во плаќањата, којашто како тренд започна поодамна кај нас, а се засили во периодот на пандемијата на ковид-19, несомнено ги менува платежните навики и влијае врз културата на плаќањата. Имено, граѓаните, и во последниот квартал од 2021 година ги користеа придобивките и удобноста коишто ги нудат дигиталните канали на плаќањата, како и воспоставената инфраструктура за извршување на плаќањата,…

Read More

Трите кредитни линии се дел од пакетот мерки на Владата кој  се конципирани во три насоки: да влијаат на цените на прехранбените производи, да влијаат на цените на енергeнсите и поддршка на ликвидноста на стопанството. Бескаматни и поволни кредитни линии се ставаат на располагање на компаниите, за да се поддржат во време на енергетска криза, како дел од последниот пакет мерки што го усвои Владата. Кредитните линии се воспоставуваат преку Развојната банка на Северна Македонија, за што Владата завчера на седница усвои информација и го задолжи министерот за финансии да ги потпише договорите со РБСМ за нивно администрирање. Станува збор…

Read More

Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во четвртото тримесечје од 2021 година  Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција. На крајот на четвртиот квартал од 2021 година: Бруто надворешниот долг изнесува 9.547 милиони евра (или 81,4% од проценетиот БДП) и бележи квартално намалување од 323 милиони евра (или за 3,3%), информираат од Народната банка на Р.С. Македонија. Бруто надворешните побарувања изнесуваат 5.909 милиони евра (или 50,4% од проценетиот БДП) и остварија квартално намалување од 622 милиона евра (или за 9,5%). Нето надворешниот долг изнесува 3.638 милиони евра (или 31%…

Read More

Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во февруари 2022 година. Таа се сведе на ниво од 4,33%. Просечната каматна стапка на вкупните депозити се задржа на истото ниво како и претходниот месец и изнесува 0,71%. Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска: https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9AS/2022/Soopstenie_za_pecat_kamatni_stapki_2022_fevruari_mk.pdf

Read More

Спротивно на Договорот, здравствената помош ја укажувала без да изврши непосреден физикален преглед на детето, ординирала терапија и неговата состојба ја следела со телефонски известувања, не дала инфузија, па поради тоа дошло до влошување на здравствената состојба на детето, настанала дехидрираност на неговиот организам и на 05.10.2020 година настапила смрт Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетата, како лекар-специјалист по општа медицина, била…

Read More

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против В.Р. (58) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама” по член 247 став 3 во врска со став 7 од Кривичниот законик. Во текот на јули 2019 година пријавениот се обидел да ги доведе во заблуда одговорните лица во осигурителна компанија во Скопје. Во својство на осигуреник/договарач на полиса за каско осигурување на неговото патничко возило „Ауди А4“, соопштија денеска од МВР, поднел барање за надомест на штета од наводна сообраќајна несреќа со возилото, која, според неговото тврдење, се случила на територијата…

Read More